Ристо Џинев - Кандидат за Градоначалник на општина Дојран

  • Home
  • Macedonia
  • Dojran
  • Ристо Џинев - Кандидат за Градоначалник на општина Дојран

Ристо Џинев - Кандидат за Градоначалник на општина Дојран Роденден 02.01.1985 година. Дипломиран шумарски инженер. Претседател на Совет на О.Дојран 2017-2021.

23/10/2025

Честит 23 Октомври – денот на македонската револуционерна борба! 🇲🇰

Денес се потсетуваме на храброста и визијата на нашите предци кои ја започнаа борбата за слободна Македонија.
Нивниот сон е наша обврска - да ја чуваме и градиме нашата татковина со љубов, чесност и единство.

Да бидеме достојни наследници на нивната борба! 🍀

17/10/2025

Ако дозволиме аматери да го водат Дојран, тогаш ќе треба да се подготвуваме и ние за на Марс!
Да не дозволиме оние кои го крадат Дојранското езеро сега да го спасуваат.
Не може причината на проблемот да биде и решение!

Избираме одговорно 5️⃣
Продолжуваме да го градиме нашиот дом!

16/10/2025

Дали некој има намера Дојран и езерото да ја доживеат судбината на Преспа?
Без вода во езерото може сите да се иселиме од ова Божјо катче.
Јас тоа нема да го дозволам!

За чист, жив и силен Дојран – изборот е наш!
Гласаме за еколошки и одговорен Дојран! 5️⃣

Почитувани сограѓани, Во прилог е Програмата и приоритетите за развој на општина Дојран.Се бориме за нашиот дом!Се борим...
13/10/2025

Почитувани сограѓани,

Во прилог е Програмата и приоритетите за развој на општина Дојран.

Се бориме за нашиот дом!
Се бориме за Дојран!

СДСМ, Избори, Локални избори, СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ, за нашиот дом

Денес присуствувавме на хуманитарниот концерт на добрината во организација на фондацијата Елеуса – настан кој ја обедину...
12/10/2025

Денес присуствувавме на хуманитарниот концерт на добрината во организација на фондацијата Елеуса – настан кој ја обединува хуманоста и заедништвото. ❤️

По концертот продолживме во Стар Дојран помеѓу граѓаните и разговаравме за нашите заеднички идеи, грижи и визии за подобар Дојран.

Се бориме за нашиот дом.
Се бориме за човечност, солидарност и напредок.

Денес се сеќаваме на храбрите жени и мажи кои го започнаа организираниот отпор против фашизмот и ја поставија основата н...
11/10/2025

Денес се сеќаваме на храбрите жени и мажи кои го започнаа организираниот отпор против фашизмот и ја поставија основата на македонската борба за слобода.

Нека нивната борба ни е потсетник дека слободата не се подарува – таа се изборува и се чува со одговорност и почит.

📖 Честит 11 Октомври – денот на народното востание!

🔴 ФУРКА ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД!Во изминатите мандати, СДСМ покажа дека знае како се работи за Фурка!✅ Завршени проекти.✅ Подо...
10/10/2025

🔴 ФУРКА ПРОДОЛЖУВА НАПРЕД!

Во изминатите мандати, СДСМ покажа дека знае како се работи за Фурка!
✅ Завршени проекти.
✅ Подобра инфраструктура.
✅ Поддршка за сите генерации.

Но тука не застануваме – вистинската работа продолжува!
Со доверба, заедништво и план за секој жител, продолжуваме да градиме Фурка каква што заслужуваме.

✅ Да гласаме за сигурно.
✅ Да гласаме за тие што веќе работат за нас.
5️⃣ Да гласаме за нашиот дом, нашата иднина!

09/10/2025

🟥 СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ! 5️⃣

Со љубов кон нашиот град и луѓето што живеат тука, инвестираме во подобра иднина за сите!

🏟️ Реконструкција на градскиот стадион:
✅ Нова модерна трибина
✅ Настрешница за удобност и заштита
✅ Нови, функционални соблекувални
✅ Мини теретана за спортисти и рекреативци

👵👩 Простории за пензионери и жени:
Место за дружење, активности, поддршка и нови можности.

Се бориме за нашиот дом - Дојран.

Нашиот глас, нашата моќ,Во Црничани – народот води! 5️⃣Се бориме за дом, не за фотелја.
08/10/2025

Нашиот глас, нашата моќ,
Во Црничани – народот води! 5️⃣
Се бориме за дом, не за фотелја.

08/10/2025

Изберете сигурност, искуство и визија!

✅ Ова е време за продолжување

Инфраструктурата напредува, туризмот добива нова димензија.

Оживување на летната сцена во Стар Дојран!

Продолжуваме да го градиме нашиот дом со сигурен план за иднината 5️⃣

Address

Dojran

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ристо Џинев - Кандидат за Градоначалник на општина Дојран posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share