Luna Tobacco

Luna Tobacco Tobacco shop Play Bar не одговара за евентуални повреди поради неправилна употреба на опремата како и повреди кои може да си ги нанесат самите деца.

Поминете незаборавни моменти во центарот за забава Play Bar и дозволете да ја организираме Вашата роденденска прослава за паметење!
Ви нудиме:
- 170 m2 внатрешен простор
- надворешен летен дел кој дава целосна прегледност на внатрешниот дел за игра за децата
- капацитет за 50 возрасни лица и 30 деца
- комплетен прибор за храна и торта
- простор за игра на деца од 100м2 кој е целосно обложен со з

аштитен сунгер и располага со:
*голема трамболина со дијаметар од 3м
*качувалка за деца на три нивоа со тобоган за спуштање
*џампер со лизгалка, тунел, трамболина и кош
*базен со 1000 топчиња
*палма рингишпил со електричен мотор со менување на брзини и капацитет од 8 деца!
*клацкалки, колички, топки, коцки, кош, диско топка и голем број други играчки и опрема.
- простор од 700 м2, кој нуди комоција и уживање и за ворзасните. Располагаме со пријатен амбиент во кој ќе уживате исто како и вашите деца, а и ќе се забавувате играјќи билијард или фудбалче.
- за поголемите деца од 12-18 години, нудиме простор од 70м2 со високи маси, шанк светлосни ефекти и озвучување, целосно одделен од делот за игра за малите деца (овие забави не се закажуваат паралелно со родендените за деца до 12 години)


Куќен ред во Play Bar:

Куќниот ред постои заради сигурноста и безбедноста на сите деца и пријатен престој на сите родители. Однапред сме Ви благодарни што ќе се придржувате кон сите правила.

- Играта на децата е посигурна ако не се внесуваат сопствени играчки во делот за игра.
- Ве молиме од Вашето дете да ги отстраните сите потенцијално опасни предмети (шал, беџ, детски накит, мастики/бомбони и слично).
- Просторот за игра на децата е ценосно облечен со заштитен сунгер. Заради безбедносни причнини и одржување на хигиената, истиот децата го користат без обувки.
- Се замолуваат родителите кои ќе влегуваат во просторот за игра, тоа да го направат без обувки. Пред влезот на просторот за игра има чисти влечки кои препорачуваме да се користат.
- Особено сме горди на тоа што овозможуваме просторот да биде секогаш чист, дезинфициран и ароматизиран. Од вработените можете да се информирате за начинот на чистење, компаниите со кои соработуваме и средствата кои се користат. Исто така, Ве молиме да ни кажете ако истурите храна или пијалок.
- Не е дозволено внесување на храна и пијалоци во просторот за игра. Јадењето и пијалокот е дозволен само во делот за возрасни и местото за седење на децата.
- Ги молиме родителите и децата да го користат наливниот диспензер за дезинфекција на раце пред влегувањето во делот за игра. Така ќе овозможиме широко дејство против бактерии и вируси.
- Во делот за игра се користат био средства кои се нетоксични и целосно биоразградливи. Со тоа се грижиме сите деца да користат чисти, нетоксични и дезинфецирани површини.
- Реквизитите и играчките во делот за возрасни не е дозволено да ги користат деца помали од 12 години.
- Сите справи и играчки во Play Bar редовно ги проверуваме и одржуваме со цел да се осигура безбедноста на вашите деца.

Address

Marshal Tito 207
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 06:30 - 01:00
Tuesday 06:30 - 01:00
Wednesday 06:30 - 01:00
Thursday 06:30 - 01:00
Friday 06:30 - 01:00
Saturday 06:30 - 01:00
Sunday 06:30 - 01:00

Telephone

077 929 989

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Luna Tobacco posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share