Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на Општина Кавадарци

  • Home
  • Macedonia
  • Kavadarci
  • Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на Општина Кавадарци

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на Општина Кавадарци Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија во Општина Кавадарци, мандат 2025-2029

Дел од советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при Советот на Општина Кавадарци денес присуствуваа...
20/07/2026

Дел од советниците од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при Советот на Општина Кавадарци денес присуствуваа на одбележувањето на празникот Света Недела во с. Брушани.

Со своето присуство дадоа поддршка на зачувувањето на традицијата, духовните вредности и заедништвото што со години се негуваат во ова место.

Нека празникот Света Недела донесе здравје, мир, благосостојба и бериќет во секој дом. Честит и за многу години празникот!

19/06/2026
16/06/2026
Кавадарци уште еднаш потврдува дека е град на спортот, младите таленти и шампионите!Искрени честитки до тренерот и девој...
10/06/2026

Кавадарци уште еднаш потврдува дека е град на спортот, младите таленти и шампионите!

Искрени честитки до тренерот и девојките од ПРОБАСКЕТ М18 Кавадарци за освоената титула државни првенки во кошарка. Овој голем успех е резултат на многу труд, посветеност, дисциплина и љубов кон спортот, а воедно е и гордост за целото Кавадарци.

Особено сме среќни што нашиот град беше домаќин на завршниот турнир за девојки до 18 години, со што уште еднаш покажавме дека знаеме да организираме и поддржуваме врвни спортски настани.

Општина Кавадарци и понатаму ќе остане силен партнер и поддржувач на спортот и младите спортисти. Ќе продолжиме да вложуваме во создавање услови за развој на спортот и нови успеси кои ќе го промовираат нашиот град на најдобар можен начин.

Горди сме на овој огромен успех. Кавадарци е спортски град – така било, така е и така ќе остане!

🏆🏀💙
#КавадарциГрадНаСпортот #Пробаскет #ДржавниПрвенки #ГордиНаНашитеШампионки

🏀 Поддршката на спортот и младите останува еден од нашите приоритети.Денес во Кавадарци беше отворен Завршниот турнир за...
06/06/2026

🏀 Поддршката на спортот и младите останува еден од нашите приоритети.

Денес во Кавадарци беше отворен Завршниот турнир за девојки до 18 години, во организација на ЖKK ПРО БАСКЕТ, на кој четирите најдобри екипи во државата ќе се натпреваруваат за шампионската титула.

Особено радува фактот што Кавадарци е домаќин на ваков значаен спортски настан, кој претставува потврда за развојот на спортот и за континуираната работа со младите категории. Успесите на ЖKK ПРО БАСКЕТ и нивниот пласман на два завршни турнири оваа сезона се доказ дека вложувањето во младите носи резултати.

Како Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, ќе продолжиме да даваме силна поддршка на спортските клубови, спортските работници и младите спортисти, затоа што спортот создава здрави генерации и вистински вредности.

Им посакуваме успешен турнир на сите учеснички, фер натпревари и многу спортски успеси. 🏀🏆

#Кавадарци #ГрадНаСпортот #ПоддршкаЗаСпортот #ЖККПроБаскет #СоветНаОпштинаКавадарци

🏆 Денес Кавадарци беше домаќин на еден од најубавите спортски настани за младите – „Денот на спортот 2026“, кој со годин...
02/06/2026

🏆 Денес Кавадарци беше домаќин на еден од најубавите спортски настани за младите – „Денот на спортот 2026“, кој со години претставува симбол на спортот, дружењето и здравите вредности.

Како советници на Општина Кавадарци, ни претставува особена чест што нашиот град повторно е место каде што се собираат млади спортисти од целата држава, обединети од љубовта кон спортот и желбата за нови успеси.

⚽🏀🏐 Спортот не создава само шампиони, туку и одговорни, дисциплинирани и истрајни личности. Токму затоа ваквите манифестации имаат огромно значење за развојот на младите генерации и за промоцијата на вистинските вредности.

👏 Искрена благодарност до Федерацијата на училишен спорт на Македонија, до сите наставници, тренери, организатори и родители кои со својата посветеност овозможија успешна реализација на овој настан.

🍀 На сите учесници им посакуваме многу успех, спортска среќа и убави спомени од Кавадарци. Нека денешниот ден биде празник на младоста, спортот и пријателството, а победата нека биде мотив за уште поголеми достигнувања во иднина.

#ДенНаСпортот2026 #Кавадарци #СпортЗаСите #МладиШампиони

22/05/2026

Советничката Jadranka Gelova за ЈП Комуналец на 10-тата Седница на Совет на Општина Кавадарци

22/05/2026

Address

Kavadarci

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на Општина Кавадарци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share