За Здрав Живот Во Кочани

За Здрав Живот Во Кочани Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from За Здрав Живот Во Кочани, Public Service, Kocani.

Оваа страна e за сите нас, жителите на Општина Кочани, со цел да нѐ мобилизира и да нѐ мотивира, да заедно изградиме локална заедница која ќе биде гордост на секој граѓанин, жител на Општина Кочани.

21/12/2024

Соопштение од граѓаните од Одборот за депонијадата во целост може да го прочитате во продолжение:

С О О П Ш Т Е Н И Е

Граѓанската иницијатива ќе поднесе кривични пријави против директорката на КЈП Водовод, градоначалникот Љупчо Папазов и овластените комунални инспектори Ристо Николов и Александар Велков.

Причина за кривичните пријави е грубото кршење на волјата на граѓаните сублимирана во едногласна одлука на Советот на општина Кочани дека на градската депонија во Кочани не смее да се исфрла ѓубрето од другите општини.
Градоначалникот и директорката ги имаат пречекорено службените овластувања и ја имаат злоупотребено функцијата кога дозволиле дејства спротивни на одлуката на Советот на општина Кочани, а комуналните инспектори несовесно ја извршувале, односно не ја извршиле својата работа.
Во врска со овие случувања на јавноста и' се наметнуваат бројни прашања на кои градоначалникот и другите надлежни се должни да одговорат:

1. Дали и кога градоначалникот има потпишано меморандум за преземање отпад од соседните општини што е спротивно од едногласно донесената одлуката на Советот на општина Кочани?

2. По чие барање и врз основа на кој закон соседните општини доаѓаат со полициска придружба до депонијата која што е во владение на општина Кочани, а дадена на управување на КЈП ВОДОВОД?

3. Дали и по кој закон директорката е должна да постапува по неосновани УСНИ наредби?

Со цел да го искажеме револтот поради непочитувањето на одлуката на Советот на Кочани, а со тоа и крајното непочитување кон граѓаните на Кочани, освен кривичните пријави најавуваме и протест.

Истиот ќе се одржи во понеделник, 23.12.2024 година од 13-15ч со блокирање на сообраќајот кај кружниот тек кај ООУ "Кирил и Методиј".

https://www.facebook.com/share/p/1EGo15MMQy/?mibextid=wwXIfr
13/12/2024

https://www.facebook.com/share/p/1EGo15MMQy/?mibextid=wwXIfr

В сабота, 14 декември 2024 година, со почеток во 17 ч., во салата на Советот на Општина Кочани на вториот кат во Мултикултурниот центар, ќе се одржи јавна расправа за Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион, проект од програмата ИПА 2.
Целта на јавната расправа е да биде патоказ за затворање на Градската депонија во Кочани и за отворање на регионалната депонија во Мечкуевци.
На јавната расправа ќе присуствуваат претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за внатрешни работи, КЈП „Водовод“ и од Центарот за социјални работи – Кочани.
Општина Кочани ги повикува заинтересираните граѓани и здруженија да дадат активен придонес на расправата.

https://kocani.gov.mk/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-6/

Во меѓувреме во светот ...
24/11/2024

Во меѓувреме во светот ...

Во округот Том Грин, Тексас, ќе биде изграден првиот капацитет за заробување јаглерод со погон на ветер во светот. Наречен Project Concho, објектот има за цел да зароби 500.000...

Едно друго светло на отпадот како ресурс.
13/11/2024

Едно друго светло на отпадот како ресурс.

Компанијата „Бео Чиста Енергија“ денеска во Винча го отвори првиот објект во Србија што користи отпад за производство на енергија. Централата за комунален отпад ....

Address

Kocani
2300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when За Здрав Живот Во Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share