Комисија за образование и наука на СДСМ Куманово

  • Home
  • Macedonia
  • Kumanovo
  • Комисија за образование и наука на СДСМ Куманово

Комисија за образование и наука на СДСМ Куманово Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Комисија за образование и наука на СДСМ Куманово, Political organisation, Kumanovo.

05/10/2024

Денес, на 5ти Октомври, на Светскиот ден на учителот, со пиетет зборуваме за оваа благородна професија. Свесни сме дека образованието е столбот на општеството и дека во континуитет треба да се вложува за подобрување на воспитно-образовниот процес и поголема мотивација на наставниците.

На луѓето кои ги воспитуваат младите генерации оваа Влада, предводена од ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, им даде понижувачко усогласување од само 0,7 % или околу 300,00 денари.

Со оваа одлука се прекина потребниот раст на платите. Всушност, во септември наставниците требаше да го добијат законското уогласување од 12 % односно дополнителни 4.300,00 денари. Ова зголемување беше дел од новиот колективен договор за основно и средно образование.

Апсолутна невистина е тврдењето на ВМРО ДПМНЕ дека нема пари за повисоки плати, бидејќи средствата беа проектирани во буџетот на Министерството за образование и наука за тековната 2024 година. Потенцираме дека за оваа постапка немаше потреба од никакво преговарање или договарање.

Оваа власт која имаше многу ветувања за наставниците уште во првите месеци од своето владеење го изигра целиот наставен кадар, го омаловажи и докажа дека едно зборуваат пред изборите, а сосема друго откако истите ќе ги добијат. Ваквиот начин на однесување е доказ за неспособноста на актуелната министерка и отсуство на почит кон работата на наставниците.

Да потсетиме дека во септември минатата година сите наставници добија законско усогласување од 15 %. Во услови на повеќекратни кризи во државата и целиот свет, во време на Владата предводена од СДСМ, платите беа покачени за повеќе од 55 %. Разликите во односот кон наставниците и нивната работа е повеќе од очигледен.

Почитувани наставници, ги упатуваме нашите најискрени честитки за денешниот празник и ве охрабруваме да ги барате правата кои ги заслужувате.

05/10/2024

Address

Kumanovo
1300

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Комисија за образование и наука на СДСМ Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share