Mramorec, Macedonia

Mramorec, Macedonia Village Dobrodojdovte na Facebook Mramorec. Ovaa stranica e za site sto imaat nekakvi vrski i poteklo od Mramorec.

Odberete LIKE na ovaa stranica i delete prikazni i misli sto se vo vrska so Mramorec. Se nadevam deka ke se sobereme mnogu luge i ke delime mnogu nesta sto ke ne spojat so nasite koreni.

🌿🌞 Сонце воздух и вода..  Убавото село Мраморец
22/07/2024

🌿🌞 Сонце воздух и вода.. Убавото село Мраморец

16/07/2024
Пред и за време на Илинденското востание, селото дало активен придонес во борбите против турската војска. Така, на 25 ма...
26/06/2020

Пред и за време на Илинденското востание, селото дало активен придонес во борбите против турската војска. Така, на 25 мај 1902 год., војводите Ташко Арсов и Никола Петров Русински дејствувале во селото, каде што го убиле селскиот полјак - Шабан од Песочан.[8] Во март 1903 год., во околината на селото (во месноста Опаленик) дејствувале комитски чети, кои учествувале во познатата арбиновска битка, при што на 17 и 18 март 1903 год., турската војска ги опседнала сите села во Горна Дебарца.[9] За време на оваа афера, 14 жители на селото биле осудени на робија во Дијар Бекир, Мала Азија и од нив само четворица се вратиле назад, тоа биле Симјан, Јове, Мицко и Војдан.[10]

За време на Илинденското востание постоела мраморечка чета под команда на војводата Смиле Војданов, а во околината на селото дејствувале неколку комитски чети, кои на 2 август 1903 год. го нападнале селото Издеглавје.[11] [12] Во текот на август, во околината на Мраморец се воделе големи битки меѓу комитските чети и турската војска, а во знак на одмазда, на 15 септември 1903 год., турската војска го запалила селото и изгореле сите 84 куќи во селото, при што убиле 14 жители на селото:

Спасе Василев, Хр. Матев, Трајче Димитров, Голаб Максимов, Ст. Тасев, Гркина Сотирова, Крстаница Стојчева, Кофил Павлев, Јанаќија Николова, Стојан Иванов, Здраве Христов, Настов, Стојан Матев и Серафим Крстев.
За тоа време, жителите на селото се криеле во шумите околу селото, а на 25 септември 1903 год. била објавена амнестија, по што селаните повторно се вратиле во своите домови. По објавената амнестија, на 28 септември 1903 год., комитите започнале да го собираат оружјето, кое се закопувало во тајни складишта во буките меѓу селата Мраморец и Белица, при што во селото биле собрани 52 пушки. Во април 1905 год., по наредба на Христо Узунов, војводата Ташко Арсов се вратил во Мраморец, каде со помош на селаните го откопале складот со оружјето и муницијата.[13]

После Втората светска војна дел од мраморчани кои учествувале во Илинденското востание и ја дочекале конечната слобода на македонскиот народ, поднеле молба до властите за да добијат илинденска пензија.
Од Мраморец молба поднеле: Стојан Ристов Димоски, Сиљан Петров Николески, Ристо Гаврилов Ристески, Андон Здравев Ристески, Гроздан Апостолов Иваноски и Симјон Алексов Илијоски.

Стојан Ристов Димоски, илинденец (учесник во Илинденското востание).
19/06/2020

Стојан Ристов Димоски, илинденец (учесник во Илинденското востание).

Фотографии испратени од Спасе Божиноски
19/05/2020

Фотографии испратени од Спасе Божиноски

05/02/2020

Заточени мраморчани во Дијарбекир (денешна Турција) веројатно по битката кај Арбиново, настан по кој е сниман и филмот Најдолгиот Пат.
Спасе Божинов, Мишко Дамјан, Каранфил Трајан, Сиљан Алексо, Војдин Саве и Јове Јован.

26/11/2019

Родови во Мраморец се
Според истражувањата од 1948

— Перовци или Поповци (4 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Милошевци (13 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Николовци (4 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Јанчевци (6 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Коломановци (2 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Настовци (5 куќи.) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче.
— Пејчиновци (23 куќи) - староседелци, потекнуваат од старото село Белче. Кога пропаднало Белче се иселиле во Туин кај Кичево. Па некој од родот се вратил во Мраморец.
— Нејковци (2 куќи) - староседелци. Потекнуваат од старото село Белче. И они биле во Туин, па некој се вратил во Мраморец.
— Севдовци (14 куќи) - доселени се во 1846 година од селото Лешани. Овде дошле браќата Ристе и Наум. Во Лешани се доселиле од кичевското село Белица. А таму од Параќин.
— Матевци (18 куќи) и Пејовци (10 куќи) - доселени се околу 1850 година од раселениот град Закамен во струшка Малесија.
— Недевци (11 куќи) - доселени се од раселеното село Тројани близу Охрид, во 1878 година.

Според истражувањата од 1979 година

— Милошевци (3 куќи) и Пејчиновци (5 куќи) - доселени се од кичевското село Туин.
— Миајлевци (2 куќи) - имаат исто потекло со претходните два рода.
— Тутунаровци (1 куќа) - доселени се од некое село во демирхисарско. Од нив бил кметото Марко Тутунар.
— Матевци (8 куќи) и Пејовци (6 куќи) - доселени се од раселениот град Закамен во струшка Малесија.
— Младеновци (3 куќи) - доселени се од околината на Парачин. Потекнуваат од предок кој бил заробен во некое востание.

Сите се доселиле во почетокот од 19ти век, освен Младеновци, 10 години подоцна.

Овде не се додадени доселениците од Ботун, Подградец, Албанија, Брждани. А кои ги има според кажувањата на мраморчани во поново време.

Ако нема некој род слободно може да се дополни, овде на овој пост, во коментар.

Додадени родови дополнително
Срачковци, Лазоровски-Џубевци, Мицковски, Поп-Настевци, Павлевци и Шарковци.

Address

Mramorec
Ohrid

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Mramorec, Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share