01/09/2026
🚸 #РСБСПАпелира
📚 На 1 септември започнува новата учебна година. Со секое дете кое тргнува кон училиштето започнува и нашата заедничка обврска – да му овозможиме безбедно да стигне таму и безбедно да се врати дома.
Почетокот на учебната година носи зголемено присуство на деца во сообраќајот, особено во близина на училиштата, пешачките премини и автобуските постојки. Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и совесни.
🚗 Возачи: ✅ Намалете ја брзината во училишните зони
✅ Пропуштајте пешаци на пешачки премини
✅ Не користете мобилен телефон додека возите
✅ Не паркирајте на места што ја загрозуваат безбедноста на учениците
👨👩👧 Родители: ✅ Разговарајте со децата за сообраќајните правила
✅ Заедно поминете ја најбезбедната рута до училиштето
✅ Бидете пример за одговорно однесување во сообраќајот
🎒 Ученици: ✅ Преминувајте на пешачки премин
✅ Погледнете лево и десно пред да ја преминете улицата
✅ Не дозволувајте телефонот да ви го одвлече вниманието
✅ Види и биди виден
🪢 Безбедноста во сообраќајот започнува од дома, се потврдува во училиштето и се практикува секој ден