ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Општински Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

🇲🇰 36 ГОДИНИ ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП!На 19 август, на празникот Преображение Христово, со почеток во 19:00 часот, пред Општ...
17/08/2026

🇲🇰 36 ГОДИНИ ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП!

На 19 август, на празникот Преображение Христово, со почеток во 19:00 часот, пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, заедно ќе одбележиме 36 години од постоењето на Општинскиот комитет.

36 години исполнети со посветеност, активност, истрајност и силна верба во Македонија. Години во кои низ ОК Прилеп поминале бројни генерации членови, активисти и поддржувачи, оставајќи свој белег во историјата на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој значаен момент е наша заедничка приказна, приказна за сите оние кои биле, кои се и кои допрва ќе бидат дел од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп!

Карпалак, 08.08.2001, ден на вечен спомен. 🇲🇰Делегации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и УМС на ВМРО - ДПМНЕ ОК Прилеп оддадоа п...
08/08/2026

Карпалак, 08.08.2001, ден на вечен спомен. 🇲🇰

Делегации на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и УМС на ВМРО - ДПМНЕ ОК Прилеп оддадоа почит и положија свежо цвеќе пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп, во чест на прилепските бранители кои пред 25 години ги положија своите животи за Македонија.

Да паметиме и никогаш да не заборавиме.
Вечна им слава на хероите од Карпалак!🇲🇰

Во предвечерието на големиот христијански празник Св. Петка,  започна одбележувањето на 25 годишнината од масакрот кај К...
08/08/2026

Во предвечерието на големиот христијански празник Св. Петка, започна одбележувањето на 25 годишнината од масакрот кај Карпалак - еден од најтажните, но и најсветлите симболи на пожртвуваноста и храброста на македонските бранители.

Во знак на длабока почит кон десеттемина храбри прилепчани, кои ги положија своите животи за одбраната на татковината, делегација на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп положи свежо цвеќе во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, како и пред спомен - плочата кај манастирот Св. Петка во селото Лениште, посветена на хероите од Карпалак.

Нивната жртва останува вечен аманет и потсетник дека слободата, достоинството и татковината се чуваат со најголема љубов и пожртвуваност.

Вечна слава и благодарност за нашите херои!

Да живее Република Македонија!

Во чест на 2 Август- Илинден, празникот што ги симболизира стремежот за слобода и темелите на македонската државност, де...
02/08/2026

Во чест на 2 Август- Илинден, празникот што ги симболизира стремежот за слобода и темелите на македонската државност, делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп положи свежо цвеќе пред спомениците на македонските великани Методија Андонов-Ченто, Кузман Јосифовски-Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев, како и на Могилата на непобедените.

Со длабока почит се поклонивме пред нивното дело и жртва, оддавајќи признание на сите кои своите животи ги вградија во темелите на македонската слобода и државност.

Илинден не е само спомен на славното минато, туку и трајна обврска да ги чуваме, негуваме и продолжиме идеалите на единство, достоинство и љубов кон Македонија.

Нека е вечен Илинден! Честит 2 Август! 🇲🇰

Со особена чест и гордост, од името на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, упатуваме искрени честитки до нашите чл...
31/07/2026

Со особена чест и гордост, од името на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, упатуваме искрени честитки до нашите членови кои добија доверба да извршуваат значајни функции во партиските тела.

Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ
• Ане Лашкоска – потпретседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
• Биљана Кузманоска – член на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ
• Илија Ристески – потпретседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
• Михаела Ристеска – член на Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Овие избори се признание за нивната посветеност и одговорност. Со своето знаење, енергија и работа треба достојно да ја оправдаат укажаната доверба и да дадат значаен придонес во понатамошното јакнење на нашата организација.

Им посакуваме многу успех, мудри одлуки и плодна работа во извршувањето на новите функции.

Нека оваа доверба биде дополнителен поттик за уште поголеми успеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија.

Честитки и многу успех!

Денес со длабока почит одбележавме 69 години од смртта на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на А...
24/07/2026

Денес со длабока почит одбележавме 69 години од смртта на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, голем македонски патриот и државник, кој својот живот го посвети на идејата за слободна, независна и достоинствена Македонија.

Ченто останува симбол на непоколебливоста, храброста и истрајноста во борбата за националните интереси. И покрај големите притисоци, тој никогаш не се откажа од своите идеали и од визијата за Македонија како држава на својот народ.

Како делегација на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, положивме свежо цвеќе во знак на почит и благодарност за неговото огромно дело, кое остави неизбришлива трага во македонската историја и претставува вечен аманет за сите Македонци, а особено за прилепчани.

Споменот за Методија Андонов-Ченто нè обврзува да ги чуваме и негуваме вредностите за кои се бореше, слободата, достоинството и љубовта кон татковината. Неговото име и дело засекогаш ќе останат врежани во темелите на македонската државност.

Вечерва продолживме со средби со членството, одржувајќи состаноци со месните комитети Корзо, Гоце Делчев, Вишне 1 и Под ...
23/07/2026

Вечерва продолживме со средби со членството, одржувајќи состаноци со месните комитети Корзо, Гоце Делчев, Вишне 1 и Под Кули.

Во конструктивна атмосфера разменивме мислења и идеи за актуелните политички случувања, локалните предизвици и активностите што следуваат во наредниот период.

Ваквите непосредни средби се најдобар начин да се слушне гласот на секој член, да се разменат искуства и да се зајакне организацијата преку заедничка работа, доверба и посветеност.

Прилеп отсекогаш знаел да покаже солидарност кога е најпотребно. Водени од чувството на хуманост и заедништво, и овој па...
23/07/2026

Прилеп отсекогаш знаел да покаже солидарност кога е најпотребно. Водени од чувството на хуманост и заедништво, и овој пат се приклучивме кон помошта за жителите на Гостивар, донирајќи вода за пиење.

Во моменти кога е најтешко, подадената рака значи најмногу. Нека солидарноста и меѓусебната поддршка продолжат да бидат вредности што нè обединуваат.

Вечерва започнавме серија состаноци со месните комитети Бончејца, Варош и Ѓогдере 2.Во непосредна и отворена атмосфера р...
22/07/2026

Вечерва започнавме серија состаноци со месните комитети Бончејца, Варош и Ѓогдере 2.

Во непосредна и отворена атмосфера разговаравме со членството за актуелните политички и општествени теми, за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и за идните активности и приоритети.

Силата на секоја организација е во единството, искрената комуникација и заедничката работа. Овие средби ќе продолжат и во наредните денови со останатите месни комитети.

Address

Prilep

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share