Партијата ВМРО-ДПМНЕ е оформена на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија (ЕПП).
По својата идеологија, тесно е врзана со легендарната организација ВМРО, оформена во Солун, далечната 1893 година. ВМРО-ДПМНЕ оттука и го влече својот континуитет. Во разни историски периоди ВМРО се цврсто залагала за македонските интереси
водејќи бескомпромисно борби со сите сили кои се испречувале пред реализацијата на македонските интереси, не штедејќи жртви за каузата.
Денес, ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.
Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ е формирана на 6 Април 1991 година со одлука на партискиот конгрес во Прилеп. Таа претставува континуитет на историската младинска организација која ги ширела идеалите за независна и самостојна Република Македонија.