Движење ЗНАМ - За Наша Македонија Пробиштип

Движење ЗНАМ - За Наша Македонија Пробиштип Движење создадено од граѓаните, за граѓаните!

08/06/2026
08/06/2026

Руски рулет во СДСМ: Пендаровски и Ковачевски си противречат за едно од најчувствителните политички прашања во поновата македонска историја

Македонската јавност деновиве е сведок на рускиот рулет во СДСМ во кој од епизода во епизода се отвораат нови прашања, а одговорите стануваат се поконтрадикторни.

Во рок од неколку дена, сведоци сме на две изјави од двајца поранешни носители на највисоките државни функции кои не можат истовремено да бидат точни.

Станува збор за изјавите на поранешниот претседател на Републиката, Стево Пендаровски во гостувањето на емисијата “360 степени” и на поранешниот Претседател на Владата и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во гостување на емисијата “Само интервју” на Канал 5.

Изјави кои отвараат прашање кое директно ја засега политичката историја на државата, начинот на кој биле носени одлуките и степенот на искреност што граѓаните ја добивале од тогашната власт предводена од СДСМ и ДУИ.

Во своето интервју, Пендаровски јавно откри дека во периодот кога се барало решение за обезбедување мнозинство за уставните измени постоеле разговори и сценарија поврзани со можноста за враќање на Никола Груевски во Македонија.

Тој вели, цитирам:

„Во тој момент Груевски има само два начина како ќе се врати: помилување или закон за амнестија, бидејќи има две правосилни пресуди. Со измени у КЗ не можеш да го вратиш. Втората теза е уште полуда. Груевски се враќа тука, ја расцепува партијата на два дела, да гласаат за Бугари во Устав, и после тоа, тезата продолжува на крај и вели: А од тоа ќе има ќар и владеачката партија тогаш, СДСМ, бидејќи така полесно ќе го победи ВМРО на избори, раздвоено ВМРО.”

Ова веќе не е обична политичка дебата.

Ова е прашање за можен партиско-политички инженеринг врз правосудниот систем и врз институциите на државата.

Ако во кабинетот на претседателот на државата, во Владата или во највисоките центри на политичка моќ се разговарало за помилувања, амнестии или законски решенија со цел да се обезбедат политички договори и парламентарни мнозинства, тогаш станува збор за сериозен институционален и демократски проблем.

Од друга страна, уште поголемо внимание предизвикува изјавата на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој категорично тврди, цитирам:

„Ресавска школа ние не сме, не ми дозволува нивото, ниту политичката култура да коментирам било каква средба.
СДСМ, во време кога јас сум бил Претседател, немал никаква намера да прави било каква коалиција или политички аранжман со било кој поранешен премиер во Република Македонија.
Со ниту еден не е разговарано, ниту во СДСМ се водени било какви разговори во таа насока.“

Јасно е дека станува збор за две суштински различни верзии на вистината.

Од едната страна имаме поранешен Претседател на државата кој зборува за сценарија поврзани со помилување и враќање на Никола Груевски со цел да се влијае врз процесот на уставните измени, додека од другата страна имаме поранешен Премиер кој тврди дека немало никакви разговори, никакви политички аранжмани и никакви активности во таа насока.

Токму затоа денес македонската јавност има право да праша: кој ја говори вистината?!

Граѓаните имаат право да знаат дали во еден од најважните политички периоди за државата зад затворени врати се разговарало за сценарија кои можеле суштински да ја прекројат политичката сцена во Македонија.

Оттука го повикуваме и прашуваме актуелниот претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

На кого му верува повеќе, на Стево Пендаровски или на Димитар Ковачевски?!

Бидејќи и двајцата се производ на истата политичка структура, а нивните искази очигледно не се совпаѓаат.

Истовремено, го повикуваме прозваниот поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев, да одговори на прашањата кои се провлекуваат и остануваат без одговори.

Дали постои УСБ стикче кое патувало на релација Будимпешта - Скопје?
Што содржело?
Кој го испратил?
Кој го примил?
Дали токму преку такви неформални канали биле отворани политички сценарија кои подоцна влијаеле врз носењето на одлуки во државата?

Дополнително ги прашуваме СДСМ и ДУИ:

Дали од тие средби постојат службени белешки?
Дали биле водени записници?
Дали постојат стенограми?
Кои лица присуствувале на тие разговори?
Дали биле информирани надлежните институции?
Дали одредени политички договори влијаеле врз контраверзните измени на Кривичниот законик и врз процесите кои подоцна ја потресоа довербата на граѓаните во правосудниот систем?

Движењето ЗНАМ ќе продолжи да бара целосно расветлување на сите околности, затоа што Македонија не смее да биде заложник на тајни договори, политички пазари и недоречени вистини.

Граѓаните заслужуваат да знаат кој преговарал, кој договарал, кој одлучувал и кој денес се обидува да ја сокрие вистината.

Само така може да се врати довербата во институциите и да се затвори едно од најконтроверзните политички поглавја во поновата македонска историја.

Центар за комуникации и аналитика

04/06/2026

ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија

Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е видлив и признаен од европските институции.
Тоа е потврда дека Македонија чекори во вистинска насока и дека вложените напори даваат резултати.

Денес Македонија е препознаена како една од најуспешните земји во регионот во спроведувањето на реформските процеси. Особено значајно е што токму ресорите предводени од кадри на ЗНАМ се меѓу клучните носители на реформскиот напредок, институционалната модернизација и ефикасното спроведување на владините политики.

Министерството за правда и Министерството за јавна администрација, предводени од министри на ЗНАМ, покажаа дека реформите не се само декларативна заложба, туку конкретна акција што носи мерливи резултати.
Со професионален пристап, одговорност и јасна визија, тие успеаја да реализираат политики кои ја зајакнуваат правната држава, ја модернизираат администрацијата и ги доближуваат институциите до европските стандарди.

Овие резултати денес се препознаени и од нашите европски партнери, што претставува дополнителен поттик за уште посилно темпо на реформи и развој.

Но едновремено, како што реформите и резултатите не смеат да бидат доведени во прашање, така не смеат да бидат доведени во прашање ниту македонското достоинство, идентитет и националните интереси.
Токму затоа заштитата на националното достоинство останува нашата црвена линија.

Остануваме доследни на ставот дека европската интеграција мора да биде процес заснован на вредности, критериуми и заслуги, а не процес на постојани билатерални условувања.

Македонија припаѓа во Европската Унија поради својата европска определба, својата култура, историја и вредности, но пред се заради реформите што ги спроведува и резултатите што ги постигнува.

Движењето ЗНАМ цврсто стои на позицијата дека членството во Европската Унија мора да биде резултат на исполнети критериуми и успешни реформи, а не на нови политички барања кои ги надминуваат европските принципи и стандарди.

Нашата поддршка за европската иднина на Македонија е недвосмислена, но исто така недвосмислена е и нашата определба дека нема да прифатиме политика на уцени, диктати и бесконечно поместување на целта.

Македонија останува посветена на европскиот пат, со крената глава и со самодоверба. Ќе продолжиме да спроведуваме реформи, да испорачуваме резултати и да ја градиме европската иднина на државата, но едновремено ќе останеме цврсти во одбраната на националното достоинство, кое за нас претставува непремостлива црвена линија.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе продолжи да биде двигател на реформите, чувар на националните интереси и силен глас за европска Македонија која напредува врз основа на сопствените успеси, а не под товарот на нови условувања.

Центар за комуникации и аналитика

03/06/2026

Спроти најавената поголема реконструкција на владата најавена од самиот премиер, а на половина од нејзиниот мандат, „Фокус“…

27/05/2026
15/05/2026

ЗНАМ: Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје

Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи.

СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции.

Се започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи македонскиот јазик и култура како исти и заеднички со бугарскиот јазик и заедничка историја.

Потоа следуваше изјава од тогашниот претседател Стево Пендаровски со кои дополнително се отворија контроверзии околу ликот и делото на Гоце Делчев, нарекувајќи го Бугарин.

Следствено на ова, се потпиша и т.н. француски предлог, прифатен од владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, што претставува најголема дипломатска капитулација и отстапки на штета на македонските позиции.

Дополнително, членот на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земун, со својот последен јавен настап ја минимизира улогата и значењето на Гоце Делчев, како историска личност кој е темел на македонската државност.

Венко Филипче, во континуитет инсистира на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, притоа релативизирајќи ги постојаните негирања и провокации што доаѓаат од официјална Софија кон македонскиот идентитет, јазик и историја.

Со ваквите ставови и политики, Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје, промовирајќи наративи што директно им штетат на македонските национални позиции и достоинството на македонскиот народ!

Се поставува прашањето која е позадината на ваквите бугарофилски политики на СДСМ, кога упорно промовираат наратив што директно се коси со чувствата и ставовите на македонскиот народ?!

Во чие име се води оваа политика на релативизирање на македонскиот идентитет?!
Во чии интереси се шири тезата дека Бугарија не го оспорува македонскиот национален идентитет, кога секојдневно сме сведоци на спротивното?!
Зошто СДСМ постојано се обидува да ја прикрие сопствената политичка одговорност зад флоскулата за европскиот пат, додека истовремено ги блокира и бојкотира реформските процеси во Собранието?!

Се сомневаме дека вистинските мотиви за ваквиот наратив не лежат во европската иднина на државата, туку во заштита на лични бизнис интереси, капитал и економски релации поврзани со Бугарија.

Затоа, јавноста заслужува одговор на следниве прашања:

* Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности?
* Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич?
* Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви?

Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?!

Дали членовите на СДСМ се заложници на раководството и нивните политики кроени од нивните лични и бизнис интереси?

Го повикуваме Венко Филипче да се одважи, охрабри и да објасни што работат овие фирми во соседна Бугарија и која е нивната цел.

Ги повикуваме и членовите и симпатизерите на СДСМ да не поддржуваат вакви штетни политики и да не бидат нивни заложници.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, базирајќи се на основните темели на постоење на македонската држава, Илинден и АСНОМ, ги остава вратите отворени за сите искрени и чесни членови и симпатизери на СДСМ.

14/05/2026

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем.❌

Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.

Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.

Истовремено, и пред Советот на јавните обвинители да излезе со одговор дека „будно ја следи состојбата“, добро е да се знае дека ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем. ⚖️

Address

Probistip

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Движење ЗНАМ - За Наша Македонија Пробиштип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share