Здружение на пензионери, Радовиш и Конче

Здружение на пензионери, Радовиш и Конче Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година.

Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче е формирано во 1961 година. Од формирањето до денес Здружението во континуитет се развива и остварува видливи резултати. Секоја генерација го дала својот придонес во доградбата на организацијата и во збогатувањето на програмските активности. Во здружението денес членуваат 3633 пензионери организирани во 9 ограноци од кои 5 во градот и 4 во

рурални населени места. Во здружението членуваат на корисници на старосни, семејни, инвалидски, боречки и земјоделски пензии, кои се здружуваат заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси,остварување на правата од пензиското и инвалидско осигурување, за поквалитетна здравствена заштита, за унапредување на културните, спортските и хуманитарните потреби, организирање на одмор и рекреација, бањско-климатско лекување, давање помош и сместување во домови на незаштитените и материјално најзагрозените пензионери.
Здружението активно соработува со Сојузот, со сите општински здруженија, локалните самоуправи на општините Радовиш и Конче, Центарот за култура "Ацо Караманов", Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Центарот за социјални работи, Општинската организација на Црвен Крст, Здравствениот дом, Општинската организација на СБМ-Радовиш, Средното општинско училиште "Коста Сусинов"-Радовиш, Основното училиште КПМ, Полициската станица, Рудникот "Бучим", Локалните медиуми ТВ ЕМИ и ТВ КОБРА и други организации и институции кои имаат допирни точки со реализацијата на програмата на ЗП Радовиш и Конче.
Во состав на здружението работат 4 пензионерски клуба каде секојдневно стотина пензионери се дружат, гледаат ТВ, читат весник и играат домино, шах и табла.
Здружението располага со скромни финансиски средства, но со домаќинско работење и поголемо ангажирање на органите и телата успева успешно да ги реализира програмските активности. Здружението делува како самостојна, невладина и неполитичка организација, која во континуитет се развива остварувајќи траги во развојот на општината.
Основна карактеристика на здружението е масовноста во дружењето на отворен и затворен простор, како и јавност и отчетност во целокупната работа.
Здружението на пензионерите на општините Радовиш и Конче има својство на правно лице и на ден 18.03.2008 година е извршено упис во Централниот регистар на РМ, Регионална канцеларија Струмица под Дел. број 30820080000751.

Address

Улица "Свети Спасо Радовишки" бр. 70, Радовиш
Radovis
2024

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение на пензионери, Радовиш и Конче posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share