Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

  • Home
  • Macedonia
  • Skopje
  • Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Еразмус+ е интегрирана програма на Европската Унија во областа на образованието, обуката и младите, и генерално нуди можности за корисниците за обука во странство или креирање на заеднички проекти на теми од заеднички интерес помеѓу различни партнерски институции.

Од 2014 година Република Северна Македонија стана полноправна членка на Програмата Еразмус плус и се стекна со статус на Програмска

земја. Овој чин за нас како земја е од огромно значење, заради тоа што сега граѓаните на РС Македонија ги имаат истите можности во Еразмус+, како и граѓаните на земјите членки на Европската Унија.

Заинтересираните потенцијални корисници можат да бидат дел од европски образовни иницијативи во сите земји од ЕУ, ЕФТА, Турција и Република Северна Македонија.

Националната агенција со остварување на програмите придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката.

Со буџет од 26,2 милијарди евра за 2021-2027 (во споредба со 14,7 милијарди евра за 2014-2020), надополнета со околу 2,2 милијарди евра од надворешните инструменти на ЕУ, новата и обновена програма финансира мобилност за учење и проекти за прекугранична соработка за 10 милиони Европејци од сите возрасти и сите позадини во следните 7 години.

Оваа програма ќе биде уште поинклузивна и ќе ги поддржува зелените и дигиталните транзиции.

19/08/2026

🎥 Во продолжение, погледнете краток извадок од последното интервју во Централниот дневник на ТВ Сител. 👇

Честитки! Вашиот вид е одличен… а ова е и потсетување да го пријавите вашиот настан за  . 💙📅 Придружете се на илјадницит...
19/08/2026

Честитки! Вашиот вид е одличен… а ова е и потсетување да го пријавите вашиот настан за . 💙

📅 Придружете се на илјадниците настани на Erasmus+ што ќе се одржуваат од 12 до 17 октомври низ Европа и пошироко.

Прославете ги спомените, пријателствата и искуствата што ве обликувале, како и вештините што ги стекнавте на тој пат, од самодоверба и приспособливост до дигитални, јазични и интеркултурни вештини.

Подготвени сте да бидете дел од ова? Пријавете го вашиот настан или пронајдете настан во ваша близина:
https://www.erasmusdays.eu/

📺 Погледнете го гостувањето на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, во Дневникот на ТВ Сител, каде што з...
17/08/2026

📺 Погледнете го гостувањето на директорката на Националната агенција, Ана Михајлов, во Дневникот на ТВ Сител, каде што зборува за можностите што ги нудат европските програми за младите, нивното учество во Erasmus+ и Европскиот солидарен корпус, како и за резултатите и влијанието што овие програми го имаат врз младите во Македонија.

🎥Проследете го интервјуто во продолжение и дознајте повеќе за можностите што им стојат на располагање на младите 👇

Follow Sitel Televizija on...• WEB: http://sitel.com.mk/• FB: htt...

Можности без граници. Приказни без граници. Иднина без граници. 🌍✨Вчера, 12 август -Меѓународниот ден на младите, Национ...
13/08/2026

Можности без граници. Приказни без граници. Иднина без граници. 🌍✨

Вчера, 12 август -Меѓународниот ден на младите, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одбележа Денот на младите во Europe House Skopje, преку настанот „Можности без граници“.

На настанот се обратија директорката на Националната агенција Ана Михајлов, министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау, испраќајќи силна порака за поддршка на младите, нивниот развој и можностите што им ги нудат европските програми.

Преку инспиративни приказни од учесници во DiscoverEU и Европскиот солидарен корпус, слушнавме како едно патување, едно волонтерско искуство или една можност може целосно да го промени животниот пат на еден млад човек.

Нашата порака е едноставна: Бидете љубопитни, храбри и активни. Патувајте, учете, волонтирајте и верувајте во своите идеи. Затоа што младите не се само иднината, тие се силата што го менува светот денес.

💙 Среќен Меѓународен ден на младите!

🌍 Среќен Меѓународен ден на младите - 12 Август! 💚Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им го...
12/08/2026

🌍 Среќен Меѓународен ден на младите - 12 Август! 💚

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност им го честита Денот на младите на сите млади!

Нека секоја можност биде чекор кон ново искуство, нови знаења и нови хоризонти. ✨

Патувај. Учи. Волонтирај. Создавај промени. 💚

#МеѓународенДенНаМладите

🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ви го честита Илинден -2 Август, Денот на Републикат...
02/08/2026

🇲🇰 Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ви го честита Илинден -2 Август, Денот на Републиката.

Нека празникот биде потсетник на нашето заедничко наследство, но и инспирација да продолжиме да градиме општество засновано на знаење, солидарност, соработка и еднакви можности за сите.

Нека ни е честит и вечен Илинден! 🇲🇰

„Една можност може да го промени животот“🌍 По повод Меѓународниот ден на младите, 12 август, ве покануваме во Europe Hou...
31/07/2026

„Една можност може да го промени животот“

🌍 По повод Меѓународниот ден на младите, 12 август, ве покануваме во Europe House Скопје да ги слушнеме инспиративните приказни на младите кои ги искористиле можностите што ги нудат програмите на Европската Унија.

💬 Како едно патување, едно волонтирање или едно учество во проект може да отвори нови хоризонти? Дојдете и слушнете ги нивните искуства од прва рака.

🎓 Ги покануваме младите, студентите, средношколците, претставниците на младинските организации, наставниците, како и сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за можностите што ги нудат програмите Erasmus+, Европскиот солидарен корпус и DiscoverEU.

📍 Пријавете го вашето присуство на следниот линк: https://forms.gle/kVYc3AHhDcJjpMde6

28/07/2026

💚 Евроамбасадорот Михалис Рокас одговара на прашања и испраќа силна порака за инклузија, еднакви можности и моќта на спортот да ги поврзува луѓето. 🏀🇪🇺

Погледнете дел од атмосферата и пораките од инклузивниот натпревар, заеднички организиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Здружението за спортски активности на лица со телесен инвалидитет, Кошаркари во колички „ХОУП СПОРТ“ Скопје, во рамките на проект финансиран од програмата Еразмус+. 🇪🇺

📺 Една година лидерство во Националната агенција, кои се резултатите?Погледнете го интервјуто на директорката на Национа...
22/07/2026

📺 Една година лидерство во Националната агенција, кои се резултатите?

Погледнете го интервјуто на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, за ТВ Алфа, во кое зборува за клучните постигнувања во програмата Еразмус+, предизвиците со кои се соочи институцијата и визијата за нејзиниот понатамошен развој.

▶️ Интервјуто погледнете го на следниот линк:

АлфаТвУтринска

Address

BUlica Kuzman Josifovski Pitu
Skopje
1107

Opening Hours

Monday 07:30 - 16:30
Tuesday 07:30 - 16:30
Wednesday 07:30 - 16:30
Thursday 07:30 - 16:30
Friday 07:30 - 16:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Национална агенција за европски образовни програми и мобилност posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Национална агенција за европски образовни програми и мобилност:

Shortcuts

Share