Славјанка Петровска

Славјанка Петровска Пратеничка и поранешна Министерка за одбрана на Република Северна Македонија/ Member of Parliament and Former Minister of defence of North Macedonia

🥛 Од големи планови за иднината, стигнавме до групна фотографија со чаши вода.Еден месец по труењето во Гостивар, намест...
14/08/2026

🥛 Од големи планови за иднината, стигнавме до групна фотографија со чаши вода.

Еден месец по труењето во Гостивар, наместо целосен јавен извештај и расчистена одговорност, цела делегација се нареди пред чешма. Уште лента за сечење недостасуваше.

Но фотографијата не ја брише хронологијата.

Според истрагата, спорните пумпи биле поставени на 25 јуни, а две од нив сè уште работеле при контролата на 16 јули. На 13 јули Центарот за јавно здравје Тетово ја оценил водата како безбедна, а истата ноќ биле регистрирани првите пациенти.

Беше објавено и дека екипа на Институтот за јавно здравје, испратена по налог на јавен обвинител, била спречувана да земе мостри. Јавноста сè уште нема јасен одговор кој ги попречувал и дали некој одговарал за тоа.

Министерот за здравство Сашо Клековски јавно се огласи на 18 јули — пет дена по првите регистрирани случаи. Таа петдневна празнина во јавната реакција не е неважен детаљ, туку сериозен институционален пропуст.

Приведени се три раководни лица од „Комуналец“. Нивната вина нека ја утврдат Обвинителството и судот, но тие не смеат да станат алиби за целиот систем.

Кој контролирал? Кој ги добивал анализите? Како водата била оценета како безбедна? Зошто граѓаните не биле навреме предупредени?

Не бараме апсења по политичка нарачка. Бараме истрага што нема да запре таму каде што е најудобно и одговорност до секое ниво до кое водат доказите.

Исправната вода не е политички успех. Таа е основна обврска.

Оставете ги чашите. Отворете ги документите. 💧

13/08/2026

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор се поставува прашањето дали, како држава, како општество, како политички партии и општествени чинители ги исполнивме темелите на овој договор.

Дали политичкиот наратив кој го оправдува или оспорува овој документ треба да зависи од тоа дали сме власт или опозиција?

Дали исполнувањето на Договорот треба да се гледа низ призмата на уставните измени и донесените закони?

Дали потпишувањето беше пораз за едната страна, а победа за другата?

Имав 19 години кога беше потпишан Охридскиот Рамковен договор. Тогаш, а и сега уште повеќе, цврсто верувам во добрата вера и довербата во она што е напишано во тие документи.

И не мислам дека повторното отворање или недовербата ќе донесат нешто добро за мојата земја, за граѓаните што живеат во Северна Македонија. Ниту пак сведувањето на овој Договор на квоти и донесени закони ќе ја исполни неговата мисија.

Затоа денес, 25 години подоцна треба зборуваме за вистинското помирување и довербата.

А тоа не значи заборавиме што се случило. Не значи да се откажеме од сопствениот идентитет, јазик или припадност. И не значи да престанеме да се разликуваме.

Напротив — значи да научиме да живееме со тие разлики без тие да бидат причина за страв, омраза и поделби.

25 години подоцна, најважното прашање е колку сме се приближиле едни кон други како граѓани.

Бидејќи трајниот мир не се гради само со закони и институции. Се гради со доверба, почит и отвореност да го разбереме другиот.

Охридскиот Рамковен договор не смее да биде само причина за годишно одбележување, тоа е идеја за Македонија во која различноста нè прави посилни.

Со голема тага и жалење ја примив веста за смртта на д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собр...
03/08/2026

Со голема тага и жалење ја примив веста за смртта на д-р Никола Стојановски, првиот претседавач на повеќепартиското Собрание и еден од последните живи првоборци од НОБ, претседател и почесен претседател на на Сојузот на борците на Македонија.

Средбите со д-р. Стојановски беа инсипративни, емотивни и секогаш кој тој раскажуваше за минатото, живописно и емотивно, имав чувство како и јас да сум била дел од тоа време.

Му бев благодарна и нему и на сите негови соборци, за жртвата и влогот за она што денес го живееме, слободата.

Ги памтам неговите зборови: “немавме модерна опрема, ама се боревме со срце и душа за слободна Македонија”

За мене тој ќе остане запаметен како голем патриот и сведок на едно исклучително важно време за македонската историја и денешното наше постоење.

Неговото дело и придонес ќе останат дел од македонската историја.

Искрено сочувство до неговото семејство, роднините, пријателите и сите што го почитуваа.

Нека почива во мир

Два Илиндена, а една борба. 🇲🇰За слобода!За достоинствен живот!За своја држава!Држава на различности кои се здружуваат, ...
02/08/2026

Два Илиндена, а една борба. 🇲🇰
За слобода!
За достоинствен живот!
За своја држава!

Држава на различности кои се здружуваат, а не се делат.

Држава на среќни граѓани и просперитетна младина.

Држава во која младите доаѓаат, а не заминуваат.

Држава во која зборот патриотизам не е партиска агенда за рејтинг, туку мудри одлуки денес, за сигурна иднина утре.

Државност не е збор, тоа се делата, мои, твои, наши.

Борбата е една, за наша Македонија🇲🇰!

🚨 По „Скопје 2014“ на Никола Груевски, ни подготвуваат „Скопје 2028“ – нова година, ист стар рецепт!За делови од „Скопје...
29/07/2026

🚨 По „Скопје 2014“ на Никола Груевски, ни подготвуваат „Скопје 2028“ – нова година, ист стар рецепт!

За делови од „Скопје 2014“ Јавното обвинителство отвори истраги за незаконски јавни набавки. Наместо од тоа искуство да извлечат поука дека секој денар на граѓаните мора да се троши јавно и под строга контрола, денешната власт ја извлекла спротивната поука.

Овојпат сакаат однапред да го тргнат законот од патот.

Со посебен закон, протнат по скратена постапка, предлагаат Фондацијата „Скопје 2028“ да троши 21 милион евра без примена на Законот за јавните набавки.

Фондацијата сама ќе ги пишува правилата, сама ќе ги спроведува набавките и во сопствените органи ќе одлучува по приговорите.

Истата структура ќе ги има парите, договорите и контролата.

Очигледно, поуката од „Скопје 2014“ за оваа власт не е поголема транспарентност, туку „усовршување“ на моделот: ако законот пречи – тргнете го.

По барокните фасади, сега културата ја користат како нова фасада зад која ќе се трошат милиони без јавни тендери и независна контрола.

Да бидеме јасни: „Скопје 2028“ е голема можност за нашиот град, уметниците и културните работници. Токму затоа не смееме да дозволиме власта да го претвори во нова партиска каса и нов симбол на нетранспарентност.

Господа од власта, ако сè е чисто, зошто бегате од тендери?
Зошто ја укинувате конкуренцијата?
Зошто се плашите од независна контрола?

Предлог-законот мора веднаш да биде повлечен. Секој пратеник што ќе гласа за него ќе преземе политичка одговорност за отстранувањето на контролата врз 21 милион евра народни пари.

Едно „Скопје 2014“ беше премногу.

Европска престолнина на културата – да.
Европска престолнина на набавките без тендер – не!

🕯️ Во 5 часот и 17 минути Скопје запре. Солидарноста повторно го крена.На 26 јули 1963 година, за само дваесетина секунд...
26/07/2026

🕯️ Во 5 часот и 17 минути Скопје запре. Солидарноста повторно го крена.

На 26 јули 1963 година, за само дваесетина секунди, земјотресот однесе 1.070 животи, повреди илјадници луѓе и разурна три четвртини од градот.

Но во време кога светот беше поделен на Исток и Запад, Скопје го обедини.

Помош пристигна од 77 држави од целиот свет. Луѓе кои никогаш не нè запознале испраќаа домови, училишта, болници, опрема и знаење. Помагаа да се изгради град кој можеби никогаш претходно не го посетиле. 🤝🌍

Така Скопје стана Град на меѓународната солидарност – доказ дека човечноста е посилна од сите граници и поделби.

По 63 години, наша обврска е да го зачуваме она што тие заедно го изградија. Скопје треба да расте, но плански, безбедно и хумано – со зеленило, јавен простор и инфраструктура достојна за секоја генерација. 🌳🏙️

Како што светот тогаш се обедини за Скопје, така денес да се обединиме ние – да го зачуваме како безбеден дом за нашите деца. ❤️

Скопје е нашата заедничка приказна и нашата заедничка одговорност.

#Скопје #26Јули #ГрадНаСолидарноста

21/07/2026

🚰 По сè што се случи, на граѓаните на Гостивар не им требаат нови политички препукувања. Им треба сигурност дека водата што ја користат е безбедна.

За тоа се потребни две одлуки.

Прво, Владата веднаш и привремено да го преземе управувањето со водоснабдувањето од локалната самоуправа, сè додека не се утврди целосната состојба и не се гарантира безбедноста на системот.

Кога локалните институции не можат да обезбедат безбедна вода, државата нема право да стои настрана и да ја префрла одговорноста.

Второ, итно да започне стручно чистење, испирање и дезинфекција на целата водоводна инфраструктура, проследено со независни и континуирани анализи. До потврдувањето дека водата е целосно безбедна, секој дом мора да добие чиста вода за пиење.

Не уште едно соопштение дека состојбата „се следи“.
Не уште една комисија.
Туку одлука, акција и безбедна вода.

Водата не е локално или партиско прашање. Таа е основно човеково право.

Одговорна власт дава решенија, а не изговори.

💧 Околу 1.200 гостиварци, меѓу нив и деца, побарале медицинска помош. Зад оваа бројка стојат исплашени семејства кои со ...
18/07/2026

💧 Околу 1.200 гостиварци, меѓу нив и деца, побарале медицинска помош. Зад оваа бројка стојат исплашени семејства кои со право прашуваат: што се случило и кој е одговорен?

Од денешната објава на министерот за здравство Сашо Клековски дознаваме дека првите случаи биле регистрирани уште на 13 јули.

Денес е 18 јули.

Пет дена, министре Клековски.

Зошто пет дена ја криевте оваа информација од јавноста? Зошто граѓаните не беа навреме предупредени дека бројот на лица со исти симптоми постојано расте?

Одговор на овие прашања им должите на сите гостиварци.

Но одговорноста за целиот случај мора да ја утврдат Владата и надлежните институции.

Агенцијата за храна и ветеринарство ја забрани употребата на водата, а надлежните институции утврдиле неовластена интервенција во главниот водоводен цевковод. МВР испитува сомнение дека преку систем од три пумпи била внесувана вода од ризично корито.

Конечните лабораториски резултати треба стручно да покажат дали водата ги предизвикала здравствените проблеми. Дотогаш никој не смее однапред да ја утврдува причината.

Но чекањето на резултатите не смее да стане алиби за молчење и бегство од одговорност.

Лабораторијата ќе покаже што имало во земените мостри. Истрагата мора да покаже што се случувало во водоводниот систем, кој донесувал одлуки и дали некој се обидувал да ги сокрие трагите.

Кој ги поставил пумпите?
Кој наредил да бидат пуштени?
Кој ја одобрил интервенцијата?
Кој знаел и молчел?

Пумпите не се поставиле сами. Одлуките не се донеле сами. Зад нив стојат конкретни луѓе со функции, овластувања и одговорност.

⚠️ Особено вознемируваат објавените информации дека вработените од Институтот за јавно здравје, испратени по налог на јавен обвинител, биле попречувани при земањето мостри.

Тоа не била безлична „екипа“. Тоа се луѓе кои заминале да ја утврдат вистината и да го заштитат здравјето на граѓаните. Наместо непречено да ја извршат својата работа, постапката била одолжена до четири часот наутро, а вработените се вратиле вознемирени и во солзи.

Ова не е обична „тензија на терен“.

Ако некој попречувал стручни лица испратени по налог на јавен обвинител, мора да се испита дали целта била да се одолжи или попречи обезбедувањето на доказите.

Кој ги попречувал?
Кој ги повикал собраните лица?
Од кого добивале инструкции?
И кому му одговарало мострите да не бидат земени навреме?

❗Од Обвинителството и МВР барам веднаш да ги идентификуваат сите лица кои ја попречувале екипата и да утврдат дали некој се обидувал да влијае врз обезбедувањето на доказите.

Владата и надлежните институции мора јавно да ја објават целата хронологија:

Кога биле информирани за првите случаи?
Кој бил известен на 13 јули?
Какви мерки биле преземени во следните пет дена?
Кој ја одобрил интервенцијата во водоводниот систем?
И каква заштита им е обезбедена на вработените и сведоците?

До завршувањето на истрагата, сите раководни лица непосредно поврзани со интервенцијата треба да бидат отстранети од должност. Не како однапред осудени, туку за да немаат можност да влијаат врз документацијата, вработените и сведоците.

Да не се крие одговорноста зад зборот „систем“. Таа не е колективна и не треба да ја понесат обичните вработени. Одговорноста им припаѓа на оние што наредувале, одобрувале, знаеле и молчеле.

Гостиварци не бараат задоцнети соопштенија и смирувачки изјави. Бараат безбедна вода, вистина и правда.

Пет дена криење се пет дена предоцна.

Одговорноста има име и презиме. Институциите мора да го утврдат и јавно да го соопштат.

15/07/2026

Денес, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не го допреа дното. Денес направија чекор под дното.

Во недостаток на аргументи, пратеничката Лидија Петкоска во својата контрареплика кон мене одлучи да ја навреди мојата колешка Јована Тренчевска, користејќи навредлив и понижувачки речник. ❌

Се прашувам, дали ова е примерот што сакате да го гледаат вашите деца? Дали вака се води политичка дебата? 🤔

Иронијата е уште поголема ако се знае дека расправавме за амандман со кој баравме да се обезбедат дополнителни 20 милиони денари за обука на наставниците за препознавање и справување со врсничкото насилство. 📚👩‍🏫

Додека зборувавме за тоа како да ги научиме децата на почит, толеранција и ненасилна комуникација, од собраниската говорница добивме пример за токму спротивното.

По 35 години независност, политичката култура во Собранието, за жал, кај дел од пратениците е сведена на навреди, омаловажување и примитивизам.

Очигледно, покрај обуките за наставниците, ќе треба да обезбедиме и средства за обука на некои пратеници за етика, политичка култура, достоинствена комуникација и основни човечки вредности. 🇲🇰

12/07/2026

Со огромна загриженост го следам случајот на Меланија од Куманово, која јавно побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа.

Сакам јавно да порачам дека мојот тим и јас стоиме на располагање.

Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно сместување за Меланија и нејзиното семејство. Воедно, ќе се обратиме и до општествено одговорни компании, организации и хумани луѓе за да обезбедиме подолгорочна поддршка и достоинствени услови за нивното секојдневие.

Не смееме да дозволиме никој да остане сам кога бара помош. Не смееме да чекаме трагедија за да покажеме солидарност.

Очекувам надлежните институции да преземат сè што е потребно за да го заштитат ова семејство и да спречат каква било можност за ново насилство. Заштитата на жртвите мора да биде над сè.

Меланија, те молам контактирај ме преку Фејсбук веднаш штом ќе го видиш овој статус. Сакам лично да разговараме и веднаш да почнеме да организираме конкретна помош за тебе и твоето семејство. Нема да дозволиме оваа борба да ја водите сами.

До Меланија и нејзиното семејство – не сте сами. Ќе останеме со вас и ќе помогнеме колку што можеме, сè додека не бидете безбедни.

#НеСтеСами #СтопЗаСемејноНасилство

Address

БУлица 11 Октомври бр. 10
Skopje
1000

Telephone

+38923282042

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Славјанка Петровска posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Славјанка Петровска:

Shortcuts

Share