Единица За Брзо Распоредување

Единица За Брзо Распоредување Официјален профил на Единицaта за Брзо Распоредување 🇲🇰
Official Facebook profile - Rapid Deployment Unit
СЕКОГАШ СЕКАДЕ

Единица за брзо распоредување или скратено ЕБР е единица која се води под Министерството за внатрешни работи односно под Биро за Јавна Безбедност - Оддел за Специјални Полициски Операции.
Единицата е формирана на 23.08.2001 година.

Конкурсот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.За дополнителни информации во врска со условите и начинот ...
25/08/2026

Конкурсот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.
За дополнителни информации во врска со условите и начинот на пријавување, контактирајте на:
📞 070 351 683
💪 Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик.

25 години ЕБР25 години историја, храброст, професионализам и посветеност.Од првите денови и формирањето на единицата, па...
23/08/2026

25 години ЕБР

25 години историја, храброст, професионализам и посветеност.

Од првите денови и формирањето на единицата, па сè до денес – генерации припадници, илјадници предизвици и безброј спомени.

Овие фотографии се приказ на патот кој го поминавме и доказ дека времето минува, но духот на ЕБР останува.

25 години ЕБР – 2001–2026
Приказната продолжува.

19/08/2026

25 години храброст, професионализам и пожртвуваност. 🇲🇰
Четврт век посветен на служба, безбедност и заштита на граѓаните.
СЕКОГАШ СЕКАДЕ!

🔹 Конкурсот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.🔹 За дополнителни информации во врска со условите и начи...
19/08/2026

🔹 Конкурсот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.
🔹 За дополнителни информации во врска со условите и начинот на пријавување, контактирајте на:
📞 070 351 683
💪 Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик.

18/08/2026

Се известуваат сите заинтересирани активни полициски службеници дека е отворен интерен конкурс за ангажман во Единицата за брзо распоредување (ЕБР).

🔹 Конкурсот е наменет исклучиво за активни полициски службеници.
🔹 За дополнителни информации во врска со условите и начинот на пријавување, контактирајте на:

📞 070 351 683

💪 Биди дел од тимот. Покажи професионалност, посветеност и подготвеност за предизвик.

#ЕБР #ИнтеренКонкурс #ПолицискиСлужбеници #МВР

На денешниот ден (04.06.2026), кандидатите за прием во Единицата за Брзо Распоредување успешно реализираа показна вежба ...
04/06/2026

На денешниот ден (04.06.2026), кандидатите за прием во Единицата за Брзо Распоредување успешно реализираа показна вежба составена од повеќе етапи, преку кои ги демонстрираа своите стекнати знаења, вештини и подготвеност за извршување на полициските задачи.

Во рамки на вежбата беше презентиран дел од обуката за справување со нарушувања на јавниот ред и мир, тактики за воспоставување и одржување на јавниот ред, како и постапки за лишување од слобода и апсење на сторители на кривични дела.

Кандидатите покажаа високо ниво на дисциплина, координација, физичка подготвеност и професионален пристап, потврдувајќи ја својата подготвеност за идните предизвици во служба на граѓаните и безбедноста на Република Македонија.

Во Полицискиот Центар Ѓорче Петров се одржа првиот меморијален турнир во чест на загинатите припадници на ЕБР и САЕ Тига...
17/05/2026

Во Полицискиот Центар Ѓорче Петров се одржа првиот меморијален турнир во чест на загинатите припадници на ЕБР и САЕ Тигар кои го дадоа својот живот во Диво Насеље на 09/10 Мај 2015 година — херои кои со својата пожртвуваност и храброст засекогаш останаа запишани во историјата на Македонија.

Со длабока почит и достоинство им оддадовме чест на нашите колеги, чие име и дело никогаш нема да бидат заборавени.

Голема благодарност до сите екипи кои учествуваа на турнирот и со своето присуство покажаа единство, почит и поддршка. Посебни честитки до СВР Скопје за освоеното прво место и прикажаната борбеност и спортски дух. 🏆

Во чест и сеќавање на загинатите колеги, овој меморијален турнир ќе стане традиција и ќе се одржува секоја година, за нивната жртва, храброст и дело никогаш да не бидат заборавени.

Хероите живеат вечно!

Во чест и сеќавање на хероите од Диво Насеље, на 09.05 во Куманово се одржа „Панихида“ за загинатите бранители - потоа б...
10/05/2026

Во чест и сеќавање на хероите од Диво Насеље, на 09.05 во Куманово се одржа „Панихида“ за загинатите бранители - потоа беше оддадена почит и положено цвеќе пред споменикот на хероите кои го дадоа својот живот за татковината. Во нивна чест се одржа и меморијален турнир во мал фудбал под мотото „Хероите живеат вечно“.

На 10.05 се одржа и Меморијален велосипедски марш на релација Куманово – Гостивар, посветен на загинатите борци од Диво Насеље, како симбол на почит, достоинство и вечно сеќавање.

Само преку вакви настани, сплотеност и почит кон жртвата, хероите вечно ќе живеат во нашите срца и никогаш нема да бидат заборавени.

Слава им.

По повод Денот на полицијата, нашата единица секоја година оддава посебна почит и благодарност кон сите припадници на по...
08/05/2026

По повод Денот на полицијата, нашата единица секоја година оддава посебна почит и благодарност кон сите припадници на полицијата кои несебично го дале својот живот во служба на татковината.
Во знак на сеќавање и длабока почит, се оддава признание и кон нивните семејства, кои живеат со нивната жртва и гордост. Токму затоа, традиционално се положува свежо цвеќе на спомен-обележјата, како симбол на вечна благодарност, почит и незаборав.

28 април 2001 година останува врежан како ден на болка, но и на неизмерна храброст. Овие млади луѓе, синови, браќа и при...
28/04/2026

28 април 2001 година останува врежан како ден на болка, но и на неизмерна храброст. Овие млади луѓе, синови, браќа и пријатели, не се двоумеа да застанат во одбрана на татковината, свесни за ризикот што го носи нивната должност.

Во нивна чест, СВР Битола организираше одбележување на 25 години од нивната трагична жртва, при што се одржа турнир во мал фудбал. Екипата на ЕБР го освои второто место, оддавајќи почит преку спорт и заедништво.

Address

КАСАРНА НА МВР/"ЃОРЧЕ ПЕТРОВ"
Skopje
1000

Telephone

192

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Единица За Брзо Распоредување posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share