Igor Janushev

  • Home
  • Igor Janushev
Website Contact the organization

Igor Janushev Генерален секретар на Влада
https://vlada.mk/GeneralenSekretar/Igor_Janushev

Силно светнал ден! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰Вечна и вековита Македонија !!!
08/09/2026

Силно светнал ден! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Вечна и вековита Македонија !!!

Благодарение на Владата и ТАВ Македонија од денес ќе се користи реновираниот и модернизиран аеродром “Св. Апостол Павле”...
08/09/2026

Благодарение на Владата и ТАВ Македонија од денес ќе се користи реновираниот и модернизиран аеродром “Св. Апостол Павле” - Охрид.

🇲🇰✈️🇲🇰

08/09/2026

Денес не славиме само датум.
Денес ја славиме слободата што ја изборивме, државата што ја создадовме и татковината што со векови ја носиме во себе.

На 8 Септември 1991 година, македонските граѓани одлучно ја избраа независноста и го потврдија своето право сами да ја градат својата иднина.

Од поколение на поколение, низ премрежиња, страдања и историски искушенија, Македонија опстојувала. Како што Петре М. Андреевски преку „Пиреј“ ја претставува силата на народот:

„Племето наше е пиреј... Ништо не ја ништи таа трева.“

Тоа е и нашата сила, да истраеме, да не се откажеме од своето и да продолжиме да ја градиме Македонија како слободна, суверена, достоинствена и просперитетна држава.

Овој ден не потсетува дека Македонија е поголема од сите наши разлики. Таа е заеднички дом, заедничка одговорност и заедничка иднина. Да ја сакаме Македонија не само со зборови, туку со дела. Да ја чуваме не само за себе, туку и за оние што доаѓаат по нас.

Нека биде вечна нашата Македонија.
Нека биде вечна нејзината слобода.
Нека биде вечен 8 Септември!

Честит Ден на независноста! 🇲🇰

06/09/2026

Нема ситуација во која СДС нема да се обиде да измисли, конструира и изврти нешто што нема никаква допирна точка со реалноста.

Целосно ја поздравувам и ја поддржувам акцијата на надлежните институции за спречување на корупцијата, како и храброста и решителноста на граѓанинот кој го пријавил барањето за мито и соработувал со институциите за случајот да биде откриен и процесуиран. Само со таков однос, пријавување, постапување и неселективна одговорност можеме да изградиме општество во кое корупцијата нема да се премолчува и толерира. За вакви постапки мора да има нулта толеранција, без разлика кој е сторителот.

Во однос на мене лично, сакам да бидам кристално јасен дека целосно се оградувам од постапувањето на приведеното лице. Неговото постапување нема никаква врска со мене, со мојата функција, со моето работење или со каква било моја одлука или постапка. Лицето е возач кој во минатото работел и кај други функционери, а на позицијата возач кај генерален секретар е само околу шест месеци. Неговото незаконско постапување е исклучиво негова лична одговорност и за стореното треба да одговара пред надлежните институции.
И до сите оние кои мислат дека на ваков начин можат да дојдат до пари или дека ваквото работење може да им се исплати сакам недвосмислено да истакнам дека со оваа Влада, со институциите кои постапуваат и со моето работење како поединец, но и како дел од овој систем, криминалот нема да ви биде исплатлив. Нема да дозволам нечии незаконски постапки да го валкаат угледот на луѓето кои чесно, одговорно и деноноќно работат за резултати, ниту ќе дозволам со такви постапки да се фрла сенка врз работата што ја вложуваме секој ден.

Токму затоа е крајно несериозно и политички бедно тоа што СДС повторно се обидува од конкретен случај да произведе политичка конструкција. Кај нив очигледно нема ситуација во која нема да се обидат да измислат „врска“, да извртуваат факти и да фрлаат клевети, само за да создадат политичка приказна таму каде што не постои.

Но, конструкцијата им е целосно промашена. Нивниот проблем е што не можат да прифатат дека денес институциите постапуваат. Не можат да прифатат дека никој не смее да биде заштитен ако го прекршил законот. И токму затоа денес се обидуваат да ја претстават како проблем акцијата која всушност покажува дека системот функционира. Нема да дозволам нивните политички конструкции да ја сменат вистината.

Корупцијата треба да се пријавува. Институциите треба да постапуваат. А секој што ќе го прекрши законот треба да одговара без оглед на функција, партија или близина со кој било функционер. Тоа е нашата позиција.

А СДС, наместо да измислува приказни, нека се соочи со фактот дека времето на заштита од одговорност заврши.

09/08/2026

🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Илинден не е само празник. Илинден е темелот на македонската државност, денот кога слободата стана идеал, а Македонија з...
02/08/2026

Илинден не е само празник. Илинден е темелот на македонската државност, денот кога слободата стана идеал, а Македонија завет. Од Крушевската Република во 1903 година до АСНОМ во 1944 година, Илинден е непрекинатата нишка што ја поврзува борбата за слободна, достоинствена и своја Македонија.

Нашата татковина отсекогаш била како феникс, колку и да била исправена пред искушенија, поделби и страдања, секогаш повторно се издигнувала. Македонскиот народ низ вековите поминал низ безброј премрежија, жртви и неправди, но никогаш не ја изгубил верата, достоинството и љубовта кон својата земја. Секој пад бил почеток на ново издигнување, секоја генерација оставала нова сила за идните поколенија.

Денес со гордост им оддаваме почит на сите кои своите животи ги вградија во темелите на Македонија. Нивната жртва нè обврзува да ја чуваме државата, да го негуваме единството и со работа, мудрост и одговорност да ја градиме иднината.

Македонија не е само наследство што сме го добиле од нашите предци. Таа е аманет што мораме да им го оставиме на нашите деца посилна, послободна и подостоинствена.

Нека е вечен Илинден! Нека е вечна Македонија! 🇲🇰

Остваривме средба со Навид Ханиф, помошник-генерален секретар на Обединетите нации за економски развој во Одделот за еко...
16/07/2026

Остваривме средба со Навид Ханиф, помошник-генерален секретар на Обединетите нации за економски развој во Одделот за економски и социјални прашања (UN DESA).

На средбата беше разговарано за имплементацијата на Агендата 2030 и Целите за одржлив развој, за унапредување на економските политики и институционалните капацитети, како и за можностите за натамошна соработка со Одделот за економски и социјални прашања на Обединетите нации. Беше истакната подготвеноста за продлабочување на партнерството во насока на одржлив економски развој, ефикасно управување и креирање политики што ќе придонесат за подобар животен стандард на граѓаните.

Денеска остваривме билатерални средби со заменик генералниот секретар на Обединетите нации, Амина Мохамед и со претседат...
15/07/2026

Денеска остваривме билатерални средби со заменик генералниот секретар на Обединетите нации, Амина Мохамед и со претседателот на ЕКОСОК, амбасадорот Лок Бахадур Тапа.

На средбите разговаравме за актуелните глобални предизвици, за улогата на мултилатералната соработка во исполнувањето на Целите за одржлив развој, како и за можностите за понатамошно унапредување на соработката меѓу Македонија и Обединетите нации.

Ја потврдивме заедничката заложба за продолжување на партнерството со институциите на ООН, преку активен дијалог, размена на искуства и поддршка на иницијативи што придонесуваат за одржлив развој, економски напредок и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Остваривме средба со Ивана Живковиќ, помошник-генерален секретар на Обединетите нации, помошник-администратор на Програм...
15/07/2026

Остваривме средба со Ивана Живковиќ, помошник-генерален секретар на Обединетите нации, помошник-администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и регионален директор за Европа и земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД).

На средбата разговаравме за унапредување на соработката со УНДП, поддршката на реформските процеси, одржливиот развој, доброто владеење и можностите за заеднички иницијативи што ќе придонесат за посилен институционален развој и подобар квалитет на живот на граѓаните.

Ја потврдивме заедничката определба за продлабочување на партнерството и реализација на проекти што ќе го поддржат европскиот пат и развојните приоритети на Македонија.

Address


1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Igor Janushev posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Igor Janushev:

Shortcuts

  • Want your organization to be the top-listed government service?

Share