15/04/2026
Како КАПИТАЛИЗМОТ го победи СОЦИЈАЛИЗМОТ/КОМУНИЗМОТ
Излегува дека воспоставувањето социјализам/комунизам во голем обем бара присилување на луѓето да учествуваат во активности против своја волја. И тоа неизбежно создава голема авторитарна класа и ги отстранува сите практични демократски структури. Потоа убиваш неколку милиони луѓе, било директно, или преку глад, или со комбинација од двете. На луѓето тоа не им се допаѓа, па се обидуваат да се спротивстават, па убиваш уште неколку милиони, повторно и повторно. И по некое време забораваш што воопшто се обидуваше да направиш. А потоа моќните луѓе во авторитарната класа се погледнуваат и се прашуваат зошто сите ”злобни” капиталисти можат да имаат бродови и телевизори и бродови со телевизори, па решаваат да внесат малку капитализам во домашните работи. И пред да се свестиш, откриваат дека им се допаѓа трговијата, и дека им требаат вработени за да ја вршат, па почнуваат да им плаќаат на луѓето според работата, а тие луѓе сакаат да ги трошат своите пари на сини фармерки и Кока-Кола, па сфаќаш дека, ако веќе имаш брод, можеш да си вратиш дел од парите ако го користиш бродот за да ги донесеш фармерките и Кока-Кола-та за да им ги продадеш на работниците. И на крај сите луѓе што „се шлепаат“ во бесмислени работи што се плаќаат со државни оброци сакаат да преминат на работи што носат пари, и ете ти го.