Цветан Трипуновски

Цветан Трипуновски https://vmro-dpmne.org.mk/ Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство / Minister for Agriculture, Forestry and Water Management

Со примопредавањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршувам едно значајно поглавје...
14/07/2026

Со примопредавањето на функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, завршувам едно значајно поглавје исполнето со работа за развој на земјоделскиот сектор.

На мојот колега му посакувам успешна работа во продолжување на проектите што ги започнавме во интерес на земјоделците.

Заеднички покажавме дека со работа и визија можат да се постигнат резултати.

Верувам дека грижата за земјоделството и понатаму ќе остане приоритет.

Почитувани земјоделци,Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над ...
11/07/2026

Почитувани земјоделци,

Објавени се 5 јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.

Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството.

Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство.

📱 „Македонско Најдобро“ – секогаш со вас. 🇲🇰Со мобилната апликација „Македонско Најдобро“, домашните земјоделски произво...
09/07/2026

📱 „Македонско Најдобро“ – секогаш со вас. 🇲🇰

Со мобилната апликација „Македонско Најдобро“, домашните земјоделски производи, производителите, преработувачите и продажните места ви се достапни секогаш и секаде.

Само во неколку чекори можете да:

✅ Пронајдете домашни земјоделски производи и нивни преработки.

✅ Пребарувате производители и преработувачи од цела Македонија.

✅ Пронајдете каде се продаваат земјоделските производи и нивните преработки преку интерактивната мапа.

✅ Имате брз, едноставен и практичен пристап до платформата директно од вашиот мобилен телефон.

📥 Како да ја инсталирате?

🌐 Посетете ја веб-платформата:
www.makedonskonajdobro.mk

Кликнете на копчето „Инсталирај“.

📱 За Android корисниците:
По кликнување на копчето „Инсталирај“, апликацијата автоматски ќе се инсталира на вашиот мобилен уред.

🍎 За iPhone (iOS) корисниците:
По кликнување на копчето „Инсталирај“, ќе се појават инструкции за инсталација. Следете ги чекорите, притиснете на копчето „Сподели“ (Share) во Safari, а потоа изберете ја опцијата „Додај на почетен екран“ (Add to Home Screen). По потврдувањето, апликацијата ќе биде достапна директно на вашиот почетен екран.

📲 Инсталирајте ја апликацијата и имајте го најдоброто од македонското земјоделство секогаш на дофат на вашата рака.

🇲🇰 Македонско Најдобро – Наша традиција. Наша гордост.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Министерството за внатрешни работи и Средното...
06/07/2026

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Министерството за внатрешни работи и Средното општинско земјоделско шумарско училиште ,,Ѓорче Петров” од Кавадарци, изминатите неколку дена организираше обука за идните шумски полицајци.

Благодарност до сите институции и предавачи кои беа дел од оваа активност. Вложуваме во јакнењето на капацитетите на шумската полиција која ќе придонесе за поефикасна заштита на шумите и природните богатства.

По повод Меѓународниот ден на задругите, остварив средба со претставниците на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Мак...
04/07/2026

По повод Меѓународниот ден на задругите, остварив средба со претставниците на Мрежата на земјоделски задруги (МЗЗ) и Македонската асоцијација на земјоделските задруги (МАЗЗ).

Разговаравме за понатамошниот развој и унапредување на задругарството како еден од клучните столбови на земјоделството.

Задругите не претставуваат само економски оператори, туку се заедници што ги обединуваат земјоделците во заедничка визија за просперитет и одржлив развој.

Министерството ја препознава клучната улога на задругите во развојот на земјоделскиот сектор. Ќе продолжиме да создаваме програми и мерки што ќе ги охрабрат земјоделците да се здружуваат, да соработуваат и заедно да градат подобро утре за земјоделството.

Нека е честит Меѓународниот ден на задругите и им посакувам уште многу успеси и заеднички достигнувања во иднина.

Доделени три договори на Ловечкото друштво „Вардар“ – Неготино за користење на дивечот во ловиштата Дисан, Војшанци и Пе...
03/07/2026

Доделени три договори на Ловечкото друштво „Вардар“ – Неготино за користење на дивечот во ловиштата Дисан, Војшанци и Пештерница.

Со овие договори се создаваат услови за одговорно и одржливо стопанисување со дивечот, согласно Законот за дивечот и ловството.

Корисникот на дивечот е должен да врши одгледување, заштита и користење на дивечот.

Продолжуваме со одржливо управување и користење на дивечот, како и унапредување на виталноста на неговите популации и живеалишта.

01/07/2026

Сакам искрено да му се заблагодарам на премиерот Hristijan Mickoski за довербата што ми ја укажа да го водам Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изминатите две години.

Кога ја презедовме одговорноста, заедно со мојот тим затекнавме обрасната и запуштена нива – институционален хаос, неисплатени субвенции, блокирани проекти и разочарани земјоделци.

Не ветувавме чуда, ветивме работа и напорно деноноќно работевме.

Во првите 18 дена донесовме Методологија за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје. Донесени се повеќе од 150 плански документи на самото Министерство, над 50 правилници согласно Законите од областа.

Паралелно се донесоа измени на закони со цел доуредување на области - Законот за земјоделско земјиште, Законот за земјоделство и рурален развој, Законот за уредување на пазарите и Законот за шумите.

Во постапка е формирање на кредитен револвинг фонд за откуп на земјоделски производи.

За две години исплатени се над 15 милијарди денари тековни и заостанати обврски кон земјоделците.

Го укинавме и двојното пријавување, односно бирократијата која што ја имаше воведено претходната власт.

Ги придвиживме проектите, обезбедивме повисоки откупни цени за грозјето и тутунот, за првпат беа откупени околу 300.000 тони домашна пченица, а стоковните резерви започнаа да се полнат со домашна пченица и ориз.

Склучивме над 2.100 договори за користење на околу 6.000 хектари државно земјоделско земјиште, подготвивме нов јавен повик за распределба на државно земјоделско земјиште кој во скоро време ќе се објави.

По 6 години повторно беше извршено порибување на Охридското Езеро со околу еден милион единки охридска пастрмка и се доделија зоните за стопански и рекреативен риболов.

Се објавија 4 јавни повици за вкупно 110 ловишта, денеска имаме склучени 71 нов договор со нови корисници на дивечот, а 39 постапката се уште тече и многу скоро и таа ќе биде завршена.

Годинава повторно се потпиша колективен договор за вработените во Министерството, но и се спроведе постапка за признавање на бенефициран стаж на припадниците на Шумската полиција и кадровска доекипираност.

Министерството напорно работеше да биде поблиску до сите оние кои што се корисници, земјоделците, се отворија нови подрачни единици и подрачни канцеларии во Ново Село, Јегуновце, Босилово, Могила, Новаци, Росоман, се работеше и на подобрување на условите за работа во Министерството и подрачните единици.

Скоро сите проекти од програмата за работа на Владата во областа од земјоделството се завршени или се во одмината фаза на реализирање.

Со кампањата „Македонско најдобро“, ја афирмираме вредноста на домашното производство и македонските производи.

Но, мојот мандат не го поминав затворен во канцелариите на Министерството. Напротив, овие изминати две години бев постојано на терен, меѓу земјоделците на нивите, овоштарниците, лозјата, шталите затоа што верувам дека најдобрите политики се креираат од теренот.

Речиси и да нема населено место што не го посетив и во кое не остварив средба со земјоделците, ги сослушав нивните проблеми, идеи и предлози. Изминатиот период имавме ја спроведовме и кампањата „Гласот што го слушаме – Македонско најдобро“, преку која со тимовите предводени од директори одржавме трибини по општините.

Тука треба да се споменат и секојдневните посети на откупните центри, преработувачките капацитети и фабриките, каде што директно разговаравме со производителите.

Мојата обврска и задача на која бев цврсто фокусиран и напорно работев и верував е да создадам услови во кој секој земјоделец ќе биде почитуван и вреднуван, институциите ќе работат во интерес на земјоделците, а државата ќе биде вистински партнер на секој производител.

За мене, теренот беше најважната канцеларија, меѓу земјоделците каде што се слушаа нивните проблеми и потреби и се носеа најдобрите решенија.

На мојот наследник му оставаме стабилни темели, функционални институции и многу започнати процеси како што се - проектот за модернизација на земјоделството, „Наводнување на Македонија“, проектот за уредување на пазари, проектот за „Злетовица“, проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“, проектот „Изградба на мали, нискотрошковни, еколошки системи за наводнување во Сопот и Новаци“ кофинансиран од ЕУ и подготвени проекти кои ќе започнат во блиска иднина.

Со продолжување на проектите и политиките ќе се придонесе кон силно и успешно земјоделство, што ќе значи уште посилна Македонија.

Мојата борба за земјоделството не завршува тука, ќе продолжам да се залагам за земјоделците и за политиките кои ќе обезбедат сигурна иднина на овој сектор.

Му благодарам на мојот тим, на сите вработени во Министерството, институциите, но најмногу на земјоделците кои секој ден со својот труд произведуваат квалитетна и безбедна храна.

Верувам дека вистинските резултати остануваат и зборуваат многу погласно од секој збор.

30/06/2026

Со предлогот на ребаланс на Буџет предвидени се дополнителни над 1,4 милијарди денари за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и околу 100 милиони денари за капитални инвестиции во водостопанство.

Со одговорни политики обезбедуваме поголема конкурентност и подобри услови за секој земјоделец.

Со вистинска поддршка на земјоделците придонесуваме за одржливо земјоделство.

Со директорката на Светска Банка на регионот, г-ѓа. Карол Межеван го потпишавме грантот во вредност од 2 милиони долари,...
29/06/2026

Со директорката на Светска Банка на регионот, г-ѓа. Карол Межеван го потпишавме грантот во вредност од 2 милиони долари, со кој се обезбедува поддршка за подготовка на проектот „Подобрување на искористувањето на водите од басенот на реката Злетовица – фаза 2: наводнување и фаза 3: производство на електрична енергија“.

Овој проект не е само инвестиција во инфраструктурата, туку е инвестиција во иднината на земјоделскиот сектор.

Со подобрување на системите за наводнување, ќе овозможиме повисоки приноси и поголема економска сигурност.

Имплементацијата ќе ја спроведе Министерството во соработка со ЈП Хидросистем „Злетовица“, во наредните 18 месеци.

Продолжуваме со работа за одржливо земјоделство.

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Цветан Трипуновски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Цветан Трипуновски:

Shortcuts

Share