О.О. СПМ Битола

О.О. СПМ Битола Општинска организација

ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА - МАРА, БИТОЛСКАТА ЕВРЕЈКА И НАРОДЕН ХЕРОЈНа денешен ден, 26 август 1944 година, во борбата против фашиз...
26/08/2026

ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА - МАРА, БИТОЛСКАТА ЕВРЕЈКА И НАРОДЕН ХЕРОЈ

На денешен ден, 26 август 1944 година, во борбата против фашизмот загина Естреја Овадија - Мара, битолска Еврејка, храбра учесничка во Народноослободителната борба и Народен херој.
Родена во Битола, таа уште како млада се вклучила во антифашистичкото движење, а по окупацијата продолжила активно да се бори против фашизмот. Нејзината храброст, самопрегор и пожртвуваност ја вбројуваат меѓу најсветлите имиња од историјата на Битола.
Од ОО на Социјалистичка партија на Македонија - Битола, со длабока почит се сеќаваме на Естреја Овадија - Мара и на сите борци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.
Слава на битолската Еврејка и народна хероина Естреја Овадија - Мара!

25/08/2026

Социјалистичката партија на Македонија со внимание ја прими најновата најава на еврокомесарката за проширување Марта Кос за промена на критериумите за влез во Европската Унија на нова методологија која треба да опфати постепена интеграција, построга проверка на кандидатите, посилни демократски заштитни механизми и преодни мерки. Како дополнителна стратешка димензија, таа ги посочи и изборите на кандидатите во области како енергијата, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста.

Во тој контекст особено внимание предизвикува нејзината изјава:
„Во ЕУ не смееме да пуштаме тројански коњи – ниту денес, ниту за 10 или за 20 години.“

СПМ смета дека оваа изјава отвора едно многу посуштинско прашање: дали денес сите земји кандидати навистина се оценуваат според исти критериуми и со иста политичка опсервација?

Владеењето на правото, демократијата, независноста на институциите, почитувањето на фундаменталните права и спроведувањето на преземените реформи се европски стандарди. Но, ако кон нив постојано се додаваат и нови политички и стратешки очекувања, тогаш тие мора да бидат јасно дефинирани, мерливи и еднакво применливи за секоја земја кандидат.
Токму тука се поставува прашањето за кредибилитетот на процесот на проширување.

Не е доволно правилата формално да бидат исти. И нивната политичка тежина мора да биде иста.Особено кога станува збор за прашања од највисок сензибилитет за идентитетот, јазикот, културата и историската самобитност на една држава.
Таквите прашања не смеат да се претвораат во дополнителни и променливи политички услови во процесот на пристапување, ниту нивното различно толкување да создава различни услови за земјите кандидати.

Доколку Европската Унија сака процесот на проширување да биде заснован врз заслуги, тогаш заслугите мора да се мерат со истиот критериум.
Ако владеењето на правото е критериум – тој мора да биде ист за сите.
Ако демократијата е критериум – таа мора да биде исто мерлива за сите.
Ако фундаменталните права се европска вредност – тие мора да имаат еднаква тежина.
И ако се воведуваат нови политички и стратешки критериуми – тие мора однапред да бидат јасни и еднакво применливи.
Европската интеграција не може да се претвори во процес во кој критериумите се формално европски, а нивната примена политички различна.

Затоа СПМ смета дека пред секое ново заострување на процесот на проширување, Европската Унија мора да даде јасен одговор:
Ќе важат ли истите критериуми, истата методологија и истата мерливост за сите земји кандидати? Тоа е суштинското прашање.
Зашто европската перспектива не смее да зависи од тоа колку една држава е политички погодна во даден момент, туку од тоа колку доследно и според исти правила ги исполнува критериумите што Европската Унија сама ги поставила.

СПМ смета дека само така може да се зачува довербата во процесот на проширување и во самите европски вредности.
Кредибилитетот на европските вредности не се мери според тоа колку се заоструваат правилата за европската интеграција, туку според тоа дали еднакво важат за сите.

24/08/2026

Македонија не е предмет на бугарски историски диктат!

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија.

Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални претензии. Македонија има свој историски, духовен и културен континуитет и свое национално паметење. Таа е древно средиште на европската цивилизација и не може нејзиното минато да се толкува исклучиво низ политичките матрици на соседните држави.
Историските допири меѓу народите не значат и заедничка национална историја. Особено не може денес ретроспективно да се наметнуваат современи национални категории врз векови македонска историја, а политичките процеси на бугарско национално наметнување и асимилација да се претставуваат како „заедничка историја“.
Наместо историски претензии и политичко туторство, потребно е почитување на македонскиот народ, неговиот јазик, култура, идентитет и историско паметење.

И на крајот, за оние што намерно го забораваат историскиот факт: АСНОМ е темелот на современата македонска државност, извојуван низ четиригодишната антифашистичка и ослободителна борба на македонскиот народ, вклучително и против бугарската фашистичка окупациска власт. Тој историски факт јасно сведочи дека македонската државност не е туѓ проект, туку резултат на сопствена борба, сопствена политичка волја и сопствено државотворно право.

Европа не се гради со присвојување на туѓа историја, туку со почитување на различностите.

Тука почнува и тука завршува секој обид Македонија да се преобликува според туѓи историски и политички матрици.
Македонија не е ничиј историски проект. Македонија има своја историја. Македонија е своја.

Одбележување на 25 години ЕБРБитола денес беше домаќин на централното одбележување на 25 години од формирањето на Единиц...
22/08/2026

Одбележување на 25 години ЕБР

Битола денес беше домаќин на централното одбележување на 25 години од формирањето на Единицата за брзо распоредување.
На настанот присуствуваа и членови на Општинската организација на Социјалистичка партија на Македонија од Битола.
Честитки до припадниците на ЕБР за четврт век професионалност, пожртвуваност и посветеност во заштитата на безбедноста на граѓаните.
Чест ни е што ваков значаен јубилеј се одбележа токму во Битола.

18/08/2026

Во зборовите живеат местата, историјата, припадноста и идентитетот што го носиме со себе.
Зборови што остануваат.

35 години независност 🇲🇰

#СилноСветналДен #35годиниНезависнаМакедонија🇲🇰

18/08/2026

Лично и во името на македонските социјалисти изречено од собраниската говорница на 15 јули 2022 година и потврдено со гласасањето "против" ултиматумот и уставните измени на 19 август 2023 година!
Социјалистичка партија на Македонија
Љупчо Димовски

14/08/2026

„Вардар Филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ се дел од наџионалниот културен капитал.

Социјалистичката партија на Македонија силно го демонстрира ставот дека секоја иницијатива за затворање, укинување или суштинско институционално обезличување на „Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ процес кој што беше започнат со претходната власт, треба внимателно да се преиспита од аспект на долгорочниот јавен и национален интерес.

Како политичка партија која е дел од Владата, СПМ ја разбира потребата од унапредување на ефикасноста, професионализацијата и одржливоста на јавните институции. Но, токму затоа јавно го искажуваме ставот дека реформските процеси во културата треба да се темелат врз стручна анализа, јасно утврдени цели и развојна визија, особено кога станува збор за институции кои со децении создаваат, чуваат и афирмираат македонско културно наследство.

„Вардар филм“ е историски темел на македонската кинематографија. Од неговото основање во 1947 година, преку него се создавале значајни филмски дела, се формирале генерации филмски автори и професионалци и се развивала продукциската и техничката инфраструктура на македонскиот филм. Неговото наследство денес не е само институционална архива, туку дел од аудиовизуелната меморија на македонската држава.
Затоа, иднината на „Вардар филм“ треба да се согледува низ можноста за негово обновување и модернизација. Неговите инфраструктурни, продукциски и архивски капацитети можат повторно да бидат ставени во функција на современата македонска кинематографија, на дигитализацијата и реставрацијата на филмското наследство, на едукацијата на нови професионални кадри и на меѓународната културна соработка.
Особено важно е да се зачува јасната институционална разлика меѓу „Вардар филм“ и Агенцијата за филм. Нивните функции не се идентични и не треба да се претопуваат. Агенцијата за филм има своја улога во креирањето и спроведувањето на филмската политика и во воспоставувањето механизми за јавна поддршка на филмската продукција, додека „Вардар филм“ има историска, продукциска, техничка и културно-наследна функција. Токму затоа потребно е нивно функционално разграничување и меѓусебна соработка, а не институционално претопување.

„Струшките вечери на поезијата“ имаат подеднакво значајно место во македонскиот културен простор. Во текот на своето повеќедецениско постоење, оваа манифестација прерасна во меѓународно препознатлива културна институција која ја поврзува македонската книжевност со најзначајните поетски имиња и културни средини од светот.
Преку „Струшките вечери на поезијата“ Македонија со децении не е само домаќин на поетски настан, туку активен учесник во меѓународниот културен дијалог. „Златниот венец“ на Струшките вечери стана препознатлив симбол на оваа културна позиција и претставува дел од меѓународниот углед што македонската култура го изгради низ децении.

Затоа, секое разгледување на иднината на овие институции треба да поаѓа од нивната културна и историска вредност, од нивниот меѓународен потенцијал и од можноста тие да бидат модернизирани и поставени во современи развојни рамки.

СПМ укажува дека реформата во културата треба да создава подобри институции, посилни професионални капацитети и поголема достапност на културното наследство до јавноста. Таа треба да отвора нови можности за современа продукција, дигитализација, меѓународна соработка, културна дипломатија и развој на креативниот сектор.
Во таа смисла, доколку во работењето на „Вардар филм“ или „Струшките вечери на поезијата“ постојат организациски, финансиски или други предизвици, тие треба да бидат предмет на стручна институционална анализа и да се решаваат преку соодветни развојни и реформски механизми.

Нашата определба е јасна: институциите од национално културно значење треба да се унапредуваат, а не да се губи нивниот историски и институционален континуитет.
Македонската култура има потреба од современи и функционални институции, но истовремено има и обврска да го зачува она што низ децении го создале генерации автори, уметници, културни работници и професионалци.
„Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ се дел од тој континуитет.

Во време кога македонскиот културен и историски идентитет е предмет на оспорувања и негирања, и кога токму преку културата, јазикот, историјата и културното наследство се водат најчувствителните битки за препознатливоста и идентитетот на македонскиот народ, нашата одговорност е поголема од кога било.
Токму во таков историски момент државата (кога во услови на претходната власт имаше обиди за целосно бришење на македонската култура со формирање на културни клубови на соседни држави) мора да ги зајакнува своите национални културни институции, да им обезбеди стабилност, професионален капацитет и развојна перспектива, создавајќи институционална непробојност околу културната меморија и наследството што го создавале генерации македонски творци.

Не можеме, во време кога однадвор се оспоруваат нашите културни темели, самите да дозволиме тие да ослабуваат одвнатре. Не можеме да дозволиме институциите што ја носат нашата културна меморија да исчезнуваат во стихијата на времето.
Напротив, токму сега е моментот да ги зачуваме, обновиме и зајакнеме.

Затоа СПМ смета дека „Вардар филм“ и „Струшките вечери на поезијата“ треба да бидат дел од една сериозна национална културна политика која ќе ја штити нивната историска суштина, ќе го зачува нивниот институционален континуитет и ќе создаде услови за нивен понатамошен развој.
Како дел од Владата, СПМ ќе продолжи да се залага за одговорна, стручна и долгорочна културна политика, во која реформата ќе значи унапредување на институциите, а не губење на нивната историска суштина.
Кога културниот идентитет е оспоруван, институциите што го сведочат и го чуваат не смеат да бидат ослабени. Тие токму тогаш мора да бидат најсилни.

Културната меморија не смее да исчезне во стихијата на времето. Таа мора да биде зачувана, заштитена и пренесена како темел на иднината.

13/08/2026

Социјалистичка партија на Македонија

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when О.О. СПМ Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share