08/09/2026
🇲🇰 Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!
Од името на Општина Шуто Оризари, како прва и единствена општина со ромски градоначалник, упатувам искрени честитки до сите граѓани на Република Македонија, а особено до сите Роми кои живеат во нашата заедничка татковина.
Денес, на Денот на независноста, со гордост се потсетуваме дека Ромите отсекогаш биле лојални граѓани на оваа држава. Ја почитувале, ја сакале и со своето присуство, труд и придонес биле и остануваат дел од нејзината историја и иднина.
Од Шуто Оризари испраќаме јасна порака: Ромите во Македонија живееле, живеат и ќе живеат сложно, сплотено и со почит кон сите наши сограѓани. Нашата сила е во единството, а нашата иднина во заедничката посветеност кон државата во која сите заедно го градиме нашиот дом.
Без разлика на етничката, верската или друга припадност, Македонија е наша заедничка држава. И секогаш ќе бидеме подготвени да придонесуваме, да работиме и да бидеме во служба на интересите на нашата држава и на сите нејзини граѓани.
🇲🇰 Нека ни е честит Денот на независноста!
Да живее Република Македонија!
Да живеат сите нејзини граѓани!
Да живее ромската заедница – сложно, сплотено и достоинствено! 🇲🇰🤝