23/08/2026
На терен во село Бигла 🚒🔥
ДПД Виница со 16 пожарникари е на терен во село Бигла, Делчевско, во борба со огнената стихија.
Екипите се распоредени на терен и активно учествуваат во гаснењето и спречувањето на ширењето на пожарот. Од вкупно 16 пожарникари, тим од 7 пожарникари остана до доцна во вечерните часови, продолжувајќи со ангажманот и во текот на ноќта.