ВМРО-ДПМНЕ ЗК Копенхаген

ВМРО-ДПМНЕ ЗК Копенхаген Facebook страна на членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Копенхаген и во Данска. Да живее ВМРО-ДПМНЕ!! Да живее МАКЕДОНИЈА!!

Радоводство на Задграничек Комитет во Копенхаген, Данска
Формирано на 27.01.2013

Претседател:
Ненад Крстевски
контакт: (+45) 2629 2629 емаил: [email protected]
http://www.facebook.com/nenadkrstevski

Потпретседатели:
Кирил Котевски
контакт: (+46) 72370 8029 емаил: [email protected]
http://www.facebook.com/kiril.kotevski

Пеце Димитријевски
контакт: (+45) 4031 1068 емаил: pecedimitr

[email protected]
http://www.facebook.com/pece.dimitrijevski.7

Секретар:
Љупчо Богоевски
контакт: (+45) емаил: [email protected]
http://www.facebook.com/bogoevski.ljupcho

Членови:
Силвана Миленкова
Деан Божиноски
Жан Дуковски
Роберт Петровски
Никола Димовски

________________________________

Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.
ВМРО се појави како самостојна револуционерна организација, со цел да го организира, подготви и поведе македонскиот народ за национално ослободување.

Името ВМРО е трајно врежано во меморијата на македонскиот народ и со неговиот идеал се водела битката до победоносниот крај за создавање на денешна самостојна и суверена Македонија.
Едновековното постоење и опстојување на ВМРО е директен одраз на борбата на македонскиот народ и на сите граѓани за национално ослободување и желбата за создавање на самостојна и суверена македонска држава.
ВМРО се појави како самостојна револуционерна организација, со цел да го организира, подготви и поведе македонскиот народ за национално ослободување.
Името ВМРО е трајно врежано во меморијата на македонскиот народ и со неговиот идеал се водела битката до победоносниот крај за создавање на денешна самостојна и суверена Македонија.



ОСНОВАЧИ

Првиот чекор во создавањето на ВМРО, го направија група македонски интелектуалци, во есента, далечната 1893 година. Илинденското востание и Крушевската Република претставуваат круна на револуционерниот и ослободителниот стремеж на членовите на ВМРО за извојување на своја државност. ВМРО директно и индиректно зеде учество и во Младотурската револуција, во двете балкански и во Првата светска војна. По завршувањето на Втората светска војна и ослободувањето на Македонија, членовите и симпатизерите на ВМРО повторно ги воскреснаа историските идеи на Организацијата. Незадоволни и крајно разочарани, членовите на ВМРО беа главни носители на политичката опозиција во комунистичка Македонија. Неприфаќајќи го статусот на Македонија во рамките на југословенската федерација, членовите и симпатизерите на ВМРО организираа бројни тајни политички групи и организации. Најголемиот број од нив го носеа името ВМРО, а главна цел им беше: создавање на самостојна, независна и демократска македонска држава, со воспоставен систем на слободна и пазарна економија.

Борбата за самостојна Македонија продолжи и во периодот на стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20. век. Тогаш, по основањето на 17 јуни 1990 година, новосоздадената партија ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка сила која отворено се залагаше за одделување на Македонија од југословенската федерација, воскреснувајќи ја идејата за самостојна и суверена македонска држава, за заокружување на македонската државност и за меѓународно признавање на македонската држава, што денес во Република Македонија стана реалност.

ВМРО-ДПМНЕ, како наследник на историското ВМРО, секогаш беше на првата линија во борбата за демократско етаблирање на Република Македонија. Под закрила на оваа идеја, беше промовирана македонската валута, константно беше афирмирана политичката ориентација за членство на Македонија во Северноатланската договорна алијанса (НАТО) и за продлабочување на стратешкото партнерство со Соединетите американски држави (САД), беше поднесена првата декларација за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ), беше подготвена и започна реализацијата на првата сеопфатна програма за економски препород и развој на Македонија…

Денес, ВМРО-ДПМНЕ е истрајна во намерата да ја извојува политичката битка за крај на транзицијата и за поскорешно етаблирање на Македонија во меѓународните односи, како полноправна членка на НАТО и на ЕУ.

17/05/2020

Цело е кога има сѐ...

Република Македонија неможе без дијаспората, ни дијаспората пак може без Република Македонија.

Нашата поврзаност со нашата матична држава ни на крај памет не смее да биде откината.

Република Македонија историски гледано е иселеничка држава. Така било во минатото, така е и сега.
Тоа е посебна тема која бара голема дискусија.

Причините за тоа се многу, зависно од периодот на емиграцијата. Но никогаш не била доведена во прашање поврзаноста на дијаспората со Република Македонија.

Од оваа но и од многу други причини, апсурдно е денес да се дискутира и да се доведе во прашање учеството на дијаспората во идниот изборен процес.

Секое игнорирање на дијаспората, скапо ќе ја чини Република Македонија од секоја гледна точка.

Затоа апелирам до сите политички партии и до ДИК да не го доведуваат во прашање загарантираното уставно право на сите државјани на Република Македонија да можат да гласаат и да бидат гласани.

Цело е кога има сѐ, а Република Македонија без дијаспората и дијаспората без Република Македонија, не е цела...

Република Македонија ❤️❤️❤️
27/12/2018

Република Македонија ❤️❤️❤️

14/03/2018
31/12/2017

ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Копенхаген на сите Македонци во Македонија и ширум светот ја честита Новата 2018 година со надеж за добро здравје, благодет во вашите семејства.

Посакуваме нашата Татковина во 2018 год. да ги преброди сите искушенија и да ја дочекаме 2019 година во држава каде што:

- Сите македонски патриоти ќе бидат на слобода
- Сите вистински терористи, криминалци и предавници ќе одговараат пред лицето на правдата
- Меѓусебното разбирање и почитување помеѓу нашиот народ ќе биде наше најмоќно оружје
- Животниот квалитет на македонските граѓани ќе биде на многу повисоко ниво
- Република Македонија ќе биде најновата членка на НАТО, примена под нашето уставно и непроменливо име Република Македонија.
- Нашите јужни соседи конечно ќе се разбудат од нереалниот и националистички сон и конечно ќе ја признаат посебноста на Македонската држава, јазик и идентитет.
- Сите политичари ќе ги креираат своите одлуки во одбрана и унапредување на националните интереси.
- Повторно ќе имаме наи спортисти, уметници, актери кои ќе се искачуваат на врвот од Европа и е бидат достојни Амбасадори на Република Македонија.

Среќна Нова 2018 година

Да живее ВМРО-ДПМНЕ
Да живее Република Македонија

Нека ни е честит денот. ВМРО е кодот вграден во секој Македонец
23/10/2017

Нека ни е честит денот. ВМРО е кодот вграден во секој Македонец

ЗК ВМРО-ДПМНЕ- Копенхаген на сите Македонци и граѓани на Република Македонија ширум светот, им го честита денот на незав...
08/09/2017

ЗК ВМРО-ДПМНЕ- Копенхаген на сите Македонци и граѓани на Република Македонија ширум светот, им го честита денот на независноста на Република Македонија.

Честит празник Македонијо

26/02/2017

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ:

31/12/2016

ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Копенхаген на сите граѓани на Република Македонија како и на сите македонци ширум светот, им ја честита Новата 2017 година.
Ви посакуваме неизмерно здравје, среќа и благодет во вашите семејства.

Воедно посакуваме просперитет на нашата Татковина со нова сплотеност на македонскиот народ во овие години на искушенија

ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Копенхаген

13/12/2016

Честитки за победата македонски народе 👌👌👌.

Коалицијата на ВМРО - ДПМНЕ освои 51 мандат наспроти 49 мандати на коалицијата предводена од СДСМ.

Мандатор на новата влада ќе биде лидерот на најголемата македонска партија, Никола Груевски.

ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Копенхаген им се заблагодарува на сите гласачи што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ во Копенхаген и на сите останати учесници во изборниот процес за оддржаните фер и демократски избори.

За жал во наредниот состав на Парламентот, македонската дијаспора нема да има свој претставник, но нашата борба продолжува и понатаму за сплотување на дијаспората со нашата матична Татковина

Со почит

ЗК ВМРО-ДПМНЕ, Копенхаген

Adresse

Copenhagen
1000

Telefon

+46723708029

Underretninger

Vær den første til at vide, og lad os sende dig en email, når ВМРО-ДПМНЕ ЗК Копенхаген sender nyheder og tilbud. Din e-mail-adresse vil ikke blive brugt til andre formål, og du kan til enhver tid afmelde dig.

Kontakt Organisationen

Send en besked til ВМРО-ДПМНЕ ЗК Копенхаген:

Del