Форум на жени на СДСМ

Форум на жени на СДСМ Официјална фан-страна на Форумот на жени на Социјалдемократски сојуз на Македонија

🇲🇰 Од Глигоров до денес - 35 години независна Македонија! Од темелите што ги поставивме, до иднината што заедно ја созда...
04/09/2026

🇲🇰 Од Глигоров до денес - 35 години независна Македонија!
Од темелите што ги поставивме, до иднината што заедно ја создаваме.
За Македонија што ја сакаме, за Македонија што ќе продолжиме да ја градиме!

Честитки до новоизбраните претседателки на општинските форуми на жени и на Форумот на жени на Град Скопје! ❤️Вашата посв...
04/09/2026

Честитки до новоизбраните претседателки на општинските форуми на жени и на Форумот на жени на Град Скопје! ❤️

Вашата посветеност, храброст и лидерство се нашата сила. Ви посакувам успешен мандат и многу реализирани идеи.

Заедно продолжуваме напред! ✊

Град Скопје – Љубица Јанчева
Аеродром – Марина Кусакатска
Бутел – Сашка Атанасоска
Гази Баба – Билјана Муиќ
Куманово – Марија Доневска Голубовиќ
Велес – Љубинка Попова
Лозово – Виолета Сачевска
Штип – Данче Тошева
Берово – Елизабета Рунтевска
Зрновци – Кети Манева
Вевчани – Верица Мукоска
Кичево – Валентина Никодиноска
Македонски Брод – Михаела Николовска
Струмица – Танкица Трендова
Богданци – Росица Шабанова
Валандово – Валентина Јанева
Радовиш – Василка Крстева
Демир Хисар – Марија Ѓоргиовска
Крушево – Ќакуша Нанеска Николоски
Могила – Мира Груевска
Новаци – Македонка Шоклева
Тетово – Ивона Стерјоска
Брвеница – Наташа Стојческа

Два Илиндена, една порака. Слободата, достоинството и заедништвото се темелите врз кои ја градиме нашата иднина.Со почит...
02/08/2026

Два Илиндена, една порака. Слободата, достоинството и заедништвото се темелите врз кои ја градиме нашата иднина.

Со почит кон оние што се изборија за нашата држава и со одговорност кон генерациите што доаѓаат, да продолжиме да создаваме општество на еднакви можности, солидарност и напредок.

Нека е честит 2 Август - Илинден! 🇲🇰

21/07/2026

Дали се состана Комисијата за заразни болести додека се шири епидемијата во Гостивар?

🎙️ Во интервју на телевизија 24,членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, посочи дека во услови кога бројката на заболени е голема, кога не се знае и уште колку луѓе дома се лекуваат и кога постои опасност епидемијата дополнително да се прошири, задоцнетите реакции на институциите се недозволиви, бидејќи се работи за јавно здравје.

„Зборуваме за јавно здравје. Ако во превентивната здравствена заштита не заштитиме, тогаш веќе не станува збор за политика, не станува збор за чувства или за нешто друго. Овде станува збор за јавно здравје. Темата е многу чувствителна. Ние не знаеме колку има точно заболени, меѓутоа во разговор и со лекарите во Гостивар, но и со населението, се кажува дека ова трае многу поодамна“, рече Младеновска.

Младеновска предупреди дека задоцнетото прогласување на епидемијата и бавната реакција на институциите создаваат сериозен ризик од понатамошно ширење на заразата.

„Не знаеме колку лица се лекуваат дома. Може тој број да биде многу поголем. Не сакам да шпекулирам, но е загрижувачки што има толкав број заболени и што епидемијата многу подоцна се прогласи. Тоа може да значи и дека епидемијата ќе се прошири и во другите околни места. Ние сега имаме епидемија на гастроентерит, зборуваме за епидемија во која луѓето немаат вода за пиење, луѓето не можат да се измијат, не можат да ја одржуваат личната хигиена во текот на денот. И сето тоа води до една друга состојба, која се нарекува болест на нечисти раце, односно хепатит А. Јас не сакам да го заплашувам населението, само стручно ги кажувам фактите“, рече Младеновска.
Во интервјуто, Младеновска посочи дека секој чекор што требало навреме да го преземат надлежните институции - од превенцијата до кризното менаџирање, е направен со сериозно задоцнување.

„Не се доцни еден ден, се доцни пет дена, а не смее ниту еден час да се доцни. Значи, ние мора веднаш да делуваме. Немаме одговор од ЗЕЛС. Немаме одговор од Комисијата за заразни болести. Дали се состана Комисијата за заразни болести? Јас немам таква информација. Тоа се појдовните точки од каде што треба да почнат општите и специфичните мерки. Значи, некаде државниот апарат затаил“, рече Младеновска.

Таа нагласи дека за сите пропусти кои доведоа до сериозна закана по здравјето на граѓаните мора да има целосна одговорност, а институциите да обезбедат целосна транспарентност за сите околности поврзани со епидемијата. Младеновска потенцираше дека најголемиот пропуст е што институциите дозволиле превенцијата да потфрли, наместо да реагираат навреме и да спречат ваква здравствена криза.

„Водата е основно човеково право и секој има право на достапна и безбедна вода за пиење.Ако се водиме по народната поговорка „Подобро да се спречи отколку да се лечи“, тогаш ние денес ја живееме спротивната реалност. Ние не спречивме, туку лекуваме“, рече Младеновска.

Не на навредите. Да на почитта.Демократијата се гради со аргументи, не со навреди. Собранието треба да биде место на дос...
16/07/2026

Не на навредите. Да на почитта.

Демократијата се гради со аргументи, не со навреди. Собранието треба да биде место на достоинствен дијалог, меѓусебна почит и одговорно однесување.

Стоиме против навредите и непочитувањето. Стоиме за достоинство, почит и култура на дијалог.

15/07/2026

Мизерно и за секоја осуда!

Драги другарки,Поради годишните одмори, рокот за пријавување е продолжен до понеделник, 20.07.2026.Искористете ја можнос...
13/07/2026

Драги другарки,

Поради годишните одмори, рокот за пријавување е продолжен до понеделник, 20.07.2026.

Искористете ја можноста и пријавете се!

ОГЛАС за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени и за Град Скопје на СДСМ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинте....

Време е за женско лидерство. Пријави се на Огласот за самокандидирање и направи чекор напред!
02/07/2026

Време е за женско лидерство. Пријави се на Огласот за самокандидирање и направи чекор напред!

ОГЛАС за самокандидирање на претседателки на општинските форуми на жени и за Град Скопје на СДСМ Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува сите заинте....

Со нова енергија и јасна визија, Форумот на жени на  #СДСМ продолжува со активности.Донесени се неколку одлуки:- Ќе се о...
30/06/2026

Со нова енергија и јасна визија, Форумот на жени на #СДСМ продолжува со активности.

Донесени се неколку одлуки:

- Ќе се објави Конкурс за избор на претседателки на општинските форуми и Форумот на жени на Град Скопје.

- За заменик претседателка е избрана Мери Лазарова – препознатлива по својата посветеност, искуство и активен придонес.

И во летниот период остануваме меѓу луѓето, со идеи, иницијативи и посветена работа за еднакви можности и подобра иднина.

Address

Zagreb

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Форум на жени на СДСМ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Форум на жени на СДСМ:

Shortcuts

Share