17/02/2014
Врз основа на член 50–а, став (1), (2), (3), (4) и (5) од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“, број 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13 и 14/14), Државната изборна комисија преку Дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија во Унгарија, објавува
Ј А В Е Н П О В И К
податоци за видот на изборите за кои се гласа
Се известуваат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека на 13.04.2014 година ќе се одржат изборите за Претседател на Република Македонија.
повик за јавен увид во избирачкиот список и за пријавување за гласање
Се повикуваат државјаните на Република Македонија во Република Унгарија кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно Амбасадата на Република Македонија во Унгарија, Будимпешта на Andrassy ut 130, 1, em 1-2, 1062 Budapest во периодот од 16.02.2014 година до 07.03.2014 година. При увидот, се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или важечка лична карта.
Увидот може да се изврши и преку интернет на следната адреса: http://www.sec.mk
денот на започнувањето и завршувањето на пријавувањето за гласање
Во периодот од 1 февруари – 7 март 2014 година, пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во Република Унгарија, Будимпешта на Andrassy ut 130, 1, em 1-2, 1062 Budapest или се испраќа по електронска пошта на следната адреса:
1) [email protected] за државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година, во една од државите од изборната единица 7 (Европа и Африка)
потребните документи
Во прилог на пријавата, задолжително се доставува скенирана копија од документи како доказ за престој во странство, и тоа:
- Документ / Потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци пред денот на одржувањето на изборите или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или
- Дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган на соодветната држава.
појаснување кој може да гласа и каде ќе се спроведува гласањето
Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во Унгарија повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во Унгарија повеќе од една година, согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.
Гласањето во Изборната единица 7 ќе се одржи на 12.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно Амбасадата на Република Македонија во Унгарија, Будимпешта на Andrassy ut 130, 1, em 1-2, 1062 Budapest.