26/09/2025
“Жировница го дава новиот градоначалниk”
Жировница и Жерновци – бајракот🇲🇰 е кај вас!
Денес, со гордост можеме да кажеме дека Општина Маврово и Ростуше има кандидат за градоначалник од срцето на Река – од Жировница.
Анес Ахмети е човек што сите го познаваме. Голем работник, искрен другар и вистински партијец. Човек кој знае што ѝ недостига на нашата општина, човек кој го почувствувал гурбетот, но љубовта кон својот крај, кон Река и кон Радика го вратила назад – меѓу своите луѓе.
Со него, Жировница и Жерновци не добиваат само свој градоначалник – тие го носат бајракот за целата општина. Ова е време на гордост, обединување и нова надеж.
Анес Ахмети е гаранција за чесност, работа и визија за иднината на сите села во нашата општина.
🤝 Сега е моментот – да го поддржиме нашиот човек, нашиот другар, нашиот градоначалник – Анес Ахмети!