Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Добре дојдовте на страната на УКИМ!
(1)

✨ Честит 8 Септември, Денот на независноста на Македонија ✨Пред 35 години, на 8 септември 1991, граѓаните на Македонија ...
08/09/2026

✨ Честит 8 Септември, Денот на независноста на Македонија ✨

Пред 35 години, на 8 септември 1991, граѓаните на Македонија на референдум ја потврдија својата определба за самостојна и суверена држава. Со тој чин се постави основата на независна Република Македонија и се отвори ново историско поглавје, водено од надеж, одговорност и јасна визија за иднината.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје им упатува честитки на сите граѓани по повод овој значаен празник, потсетувајќи дека независноста е и трајна обврска да се гради демократско, современо и европско општество, во кое науката, образованието и младите генерации имаат клучно место.

Нека 8 Септември биде потсетник дека иднината на нашата држава ја градиме заедно, со знаење и посветеност ✨

✨Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на 4 септември 2026г. им го врачи признанието „Инженерски прстен" на 14 нај...
07/09/2026

✨Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на 4 септември 2026г. им го врачи признанието „Инженерски прстен" на 14 најдобри дипломирани инженери, на церемонија пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон" на Плаошник во Охрид.

Девет од добитниците се дипломци од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје:
- Марта Митева, Архитектонски факултет
- Антонио Томески, Градежен факултет
- Јане Коцески, Машински факултет
- Мила Саздова, Технолошко-металуршки факултет
- Огнен Пендаровски, Факултет за електротехника и информациски технологии
- Марија Симоновска, Факултет за земјоделски науки и храна
- Никола Петровски, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
- Михаил Трајков, Природно-математички факултет
- Мила Чолакоска, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Во своето обраќање претседателката истакна дека најдобрите студенти во инженерските науки не се само индивидуален академски успех, туку непроценлив социјален капитал на државата, а од нашата решеност и способност да ги задржиме најдобрите зависи македонската иднина.

Признанието се доделува по 23. пат, а досега со него се закитиле вкупно 257 инженери.

Честитки до нашите дипломци!✨

Преземено од веб страницата на Претседателката на Република Македонија https://www.president.mk

✨На 3 и 4 септември во Конгресниот центар во Охрид сеодржува 53. Меѓународна научна конференција на Меѓународниотсеминар...
03/09/2026

✨На 3 и 4 септември во Конгресниот центар во Охрид се
одржува 53. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот
семинар за македонски јазик, литература и култура при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на која што ќе учествуваат 75
реномирани домашни и странски научни истражувачи —
македонисти, слависти, балканолози, филолози, културолози и
преведувачи.

Во поздравното обраќање на ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, кое беше прочитано во нејзино отсуство, беше истакнато следново: „Годинава, кога сме на прагот на шестата деценија на
Меѓународниот семинар при УКИМ, отвораме порти за 75 научни
истражувачи од земјава и од странство. Радува фактот што темите
поттикнаа огромен интерес. Вкупната бројка на македонисти, заедно со семинаристите од 59. Летна школа, изнесува 135. Оваа завидна бројка, но и квалитетот на македонистите, говорат за зголемен интерес и подем на македонистиката, поттикната од дејноста на Меѓународниот семинар при УКИМ.“

На Свеченото отворање се обратија и директорката на
МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска и проф. д-р
Веселинка Лаброска, претседател на Советот за македонски јазик и
член на МАНУ.

Програмата на 53. Меѓународна научна конференција, опфаќа
теми од науката за јазикот и науката за книжевност и култура.

Денес беше промовиран и Зборникот од минатата 52. Меѓународна научна конференција, во издание на УКИМ.✨

Нашите БРУЦОШИ ❤️
03/09/2026

Нашите БРУЦОШИ ❤️

🎓 ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИТЕ „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“Студентите добиваат дополнителна можност да аплицираат ...
31/08/2026

🎓 ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА СТИПЕНДИИТЕ „АТАНАС БЛИЗНАКОФ“

Студентите добиваат дополнителна можност да аплицираат за стипендиите „Атанас Близнакоф“, наменети за поддршка на академскиот развој и извонредноста на младите.

📌 Рокот за аплицирање е продолжен до 15 септември 2026, а заинтересираните студенти можат да ја поднесат својата апликација електронски преку официјалната платформа.

🔗 Линк за аплицирање:
https://e-scholarship.macedonia2025.com/Authorized #/scholarship-details/23

Искористете ја дополнителната можност и аплицирајте навреме! 🎓

Четири награди за филмот „17“ на 32. Сараевски филмски фестивал! 🎬🏆Студентката на ФДУ – УКИМ Ева Костиќ го освои „Срцето...
25/08/2026

Четири награди за филмот „17“ на 32. Сараевски филмски фестивал! 🎬🏆

Студентката на ФДУ – УКИМ Ева Костиќ го освои „Срцето на Сараево“ за најдобра актерка за својата прва филмска улога.

Филмот „17“, во режија на Косара Митиќ, ги освои и Специјалната награда за промовирање на родовата еднаквост, наградата од публиката UniCredit и наградата на европскиот филмски портал Cineuropa.

Ева Костиќ е актуелна студентка на ФДУ – УКИМ, во класата на проф. м-р Ангелчо Илиевски. Режисерката Косара Митиќ, актерката Мартина Даниловска, продуцентот Томи Салковски, кинематограферот Наум Доксевски и монтажерот проф. м-р Владимир Павловски, декан на ФДУ, се алумни на ФДУ – УКИМ.

Во филмот играат и алумните Жаклина Стефковска, Ана Стојановска, Оливер Митковски и Сашко Коцев, а во неговата реализација биле вклучени и голем број актуелни студенти на Факултетот, како актери и асистенти.

Во помала улога се појавува и Петар Маниќ од Скопје, кој студира на ФДУ во Белград.

Светската премиера на „17“ се одржа на Berlinale, во натпреварувачката програма Perspectives, а македонската премиера е најавена за отворањето на Скопскиот филмски фестивал, на почетокот на ноември.

Честитки до целата екипа! 👏

📷 32nd Sarajevo Film Festival, 2026 (C) Obala Art Centar

✨Денес, ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" проф. д-р Биљана Ангелова, со поздравно обраќање ја прогласи ...
20/08/2026

✨Денес, ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј" проф. д-р Биљана Ангелова, со поздравно обраќање ја прогласи за отворена 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, која ќе одржи од 19 август до 2 септември во Конгресниот центар во Охрид.

На Свеченото отворање со поздравни обраќања се обратија и директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска.

Ректорката Биљана Ангелова ги додели и наградите за македонистика - наградата „Воздејства“ за проф. д-р Кристина Крамер од Канада и благодарници „Синергии“ на министерката проф. д-р Весна Јаневска и Државна лотарија на СР Македонија.

Потоа беа промовирани најновите четири зборници од преведувачката работилница и Зборник- Предавања од 52. Меѓународна научна конференција.

На оваа летна школа учествуваат 60 странски македонисти од 17 земји, а на 53. Меѓународната научна конференција, ќе учествуваат 75 научни истражувачи од земјава и од странство. ✨

POV: Стануваш бруцош на УКИМ vol. 2❤️
18/08/2026

POV: Стануваш бруцош на УКИМ vol. 2❤️

POV: Стануваш бруцош на УКИМ ✌️
18/08/2026

POV: Стануваш бруцош на УКИМ ✌️

✨Од 20 до 29 август во Охрид, ќе се одржи 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и кул...
17/08/2026

✨Од 20 до 29 август во Охрид, ќе се одржи 59. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

На школата ќе учествуваат 60 македонисти, слависти, филолози, културолози и преведувачи од 17 земји. Програмата опфаќа лекторски вежби, предавања, интерактивна и амбиентална настава, преведувачка работилница и културноуметничка програма.

По завршувањето на школата ќе се одржи и 53. Меѓународна научна конференција со учество на 75 научни истражувачи од земјата и странство.✨

Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура

Address

Скопје
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category