Општина Битола - официјална страница

  • Home
  • Macedonia
  • Bitol
  • Општина Битола - официјална страница

Општина Битола - официјална страница Официјална ФБ станица за презентација на град Битола. This is the official Facebook account of the City of Bitola.

ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА!Денес кога одбележуваме 35 години од независноста на Македонија...
08/09/2026

ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ – ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА!

Денес кога одбележуваме 35 години од независноста на Македонија, бројни делегации положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ во Битола.

По повод овој значаен ден од македонската историја свежо цвеќе положија градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, членови на Советот на општината предводени од претседателот Бојан Бојкоски, Сојузот на борци, претставници од политичките партии, здруженија, граѓани.

Со овој настан на одбележување на 35 годишнината од историското референдумско „ДА“ за независна Македонија, се оддаде почит на сите што со визија, жртва и идеја ја градеа современата македонска држава.

Градоначалникот Коњановски во честитката до граѓаните истакна дека нашата независност не е само датум од историјата – таа е секојдневна борба, грижа, но и надеж.

„Со длабока почит се поклонуваме пред сите кои ја изградиле темелната мисла за македонска држава. Се потсетуваме на идејниот и борбен влог на секој поединец, на секој кој давал личен придонес во создавањето на македонската држава.
Погледот ни е насочен и кон иднината – кон младите. Тие се срцето на нацијата, двигателот на промените и најсилниот гарант дека Македонија ќе остане на патот на достоинството и државотворноста.
Наша обврска е да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на можности, слобода и правда“ порача градоначалникот Коњановски.

Нека ни е честитит 8 септември-Денот на независноста. Нека ни е вечна Македонија.

08/09/2026

ЧЕСТИТ 8 СЕПТЕМВРИ-ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА
ДА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА

ВЕЧЕРВА БИТОЛА ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕВо пресрет на утрешниот државен празник 8 Септември-Денот на независноста н...
07/09/2026

ВЕЧЕРВА БИТОЛА ВО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

Во пресрет на утрешниот државен празник 8 Септември-Денот на независноста на Македонија, вечерва три објекти во Битола осветлени во боите на државното македонско знаме. Зградата на Општина Битола, Саат кулата и Офицерскиот дом во празнично руво.
Македонија утре прославува 35 години независност.
Честит празник и нека ни е вечна Македонија.

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА „YES SEMESTER PROGRAM“Отворен е повикот за пријавување на средношколци за „YES S...
05/09/2026

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СРЕДНОШКОЛЦИ ЗА „YES SEMESTER PROGRAM“

Отворен е повикот за пријавување на средношколци за „YES Semester Program“ ( јануари-јуни 2027 ), програма финансирана од американскиот Стејт департмент, која повеќе од две децении им овозможува на средношколци од Македонија да престојуваат во Соединетите Американски Држави, да посетуваат американско средно училиште и да живеат во американско семејство домаќин.

Преку програмата, учесниците стекнуваат нови академски, лидерски и интеркултурни вештини и имаат можност достојно да ја претставуваат Македонија како млади амбасадори на својата земја.

Право на аплицирање имаат ученици кои во учебната 2026/2027 година посетуваат прва, втора или трета година средно образование.
Краен рок за пријавување е 15 септември 2026 година.

Повеќе информации за програмата на: https://northmacedonia.americancouncils.org/yes-mk

Директен линк за аплицирање: https://ais.americancouncils.org/cgi-bin/WebObjects/AIR.woa/wa/login?brand=yes

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ЗАНАЕТ И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ: КОНКУРЕНТИ ИЛИ СОЈУЗНИЦИ?“Локалниот младински совет на Општина Бит...
05/09/2026

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ЗАНАЕТ И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ: КОНКУРЕНТИ ИЛИ СОЈУЗНИЦИ?“

Локалниот младински совет на Општина Битола организираше панел дискусија каде претставници од високообразовните институции и успешни компании разговараа за можностите што ги очекуваат младите од нивното студирање до кариера.
Темата на панел дискусијата беше „Занает и високо образование: Конкуренти или сојузници?
Панелисти беа проф. д-р Никола Рендевски (ФИКТ), Едмонд Весели (Агнеса) и Марјан Бакревски (пиво ,,БАК”).

„Ни требаат млади луѓе кои создават вредност. Луѓе со професија, занает и идеи. Луѓе кои можат да кажат: Јас знам, јас умеам, јас можам. Tаквите луѓе тешко се контролираат, затоа што нивната егзистенција не зависи од политиката. Тие имаат сопствен став, достоинство и слобода да кажат „не“. Единствено така ќе создадеме општество какво што сакаме и заслужуваме“ вели професорот Рендевски.

„Ако занаетот и високото образование се конкуренти, тогаш губиме сите. Прашањето не треба да биде кој ќе победи, туку дали и колку соработуваат“ вели Весели.

„Со посветеност во работата преку приватниот сектор, можеш да го уредиш светот околу себе по сопствена волја“ смета Бакревски.

Настанот ги обедини високото образование, приватниот сектор и занаетот.

Локалниот младински совет на Општина Битола е претставничко тело на младите во Општина Битола, формирано согласно Законот за младинско учество и младински политики. Советот има советодавна улога и претставува мост помеѓу младите и локалната самоуправа, со цел унапредување на младинските политики и подобрување на условите за живот на младите во општината.

ГОЛЕМА ЗАБАВА И ДРУЖБА НА ДЕНЕШНАТА „УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ ЗА ПРВАЧИЊАТА ОД ОПШТИНА БИТОЛАГолема првоодделенска забава дене...
04/09/2026

ГОЛЕМА ЗАБАВА И ДРУЖБА НА ДЕНЕШНАТА „УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ ЗА ПРВАЧИЊАТА ОД ОПШТИНА БИТОЛА

Голема првоодделенска забава денеска беше организирана во градскиот парк во Битола. Втора година по ред се случи „Училишната приказна“ каде Општина Битола и поддржувачите на настанот им посакаа успешна година на првоодделенците од Општина Битола.

Возење со „Мечо“, дружење со ЗАГИ, училишни точки, подароци, беа дел од содржините организирани за оние кои зачекорија во светот на учењето и знаењето.

Од име на Општина Битола на првачињата, нивните семејства и наставници, успешна учебна година им посака секретарот Борче Димитровски, истакнувај ја важноста на 1 септември – ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење.

„Драги првоодделенци, голема е радоста што денеска заедно со вас сме на оваа училишна приказна, на почетокот на вашето училишно патување кога се отвораат вратите кон светот на знаењето. На ова патување ќе научите и да читате и да пишувате, но и да се дружите со новите пријатели. Знаењето е клуч кој ги отвара големите врати. А, ние како Општина максимално се грижиме за да имате убави услови за учење во вашите училишта. Постојано инвестираме и вложуваме во образованието, а изградивме и градиме нови спортски училишните терени и нови спортски училишни сали. Веруваме дека тоа е вистинската инвестиција каде ќе го градите својот спортски дух.
Во мое и во име на градоначалникот Тони Коњановски ви посакувам успешна година, радосни, среќни, вредни и упорни да бидете во светот на образованието“, им порача секретарот на општината.

Димитровски исто така им посака успешен и среќен почеток на сите ученици од повисоките одделенија и класови.

Со настанот „Училишна приказна“, Градскиот парк денеска блесна со убава енергија на радост и нови почетоци.
Настанот го организира Општина Битола во соработка со ЈП „Паркинзи“ и поддржувачите: Зоолошка градина, Културно Информативен центар, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Црвен Крст, АМД „Ѓорѓи Наумов“, „БиМилк“ и „Пелистерка“.

Пораките од овој настан беа дека на 1 септември ги славиме првите училишни чекори и радоста на новите другарства.

82 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ КАЈ ЦРН МОСТДенес се навршуваат 82 години од бегството на ...
04/09/2026

82 ГОДИНИ ОД БЕГСТВОТО НА ПОЛИТИЧКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД ЗАТВОРОТ КАЈ ЦРН МОСТ

Денес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола. По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола.

На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија.

Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.
Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот.

6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

УТРЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БИТОЛА „УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ ЗА ПРВАЧИЊАТАУтре во 10:00 часот во Градскиот парк ќе се одржи заба...
03/09/2026

УТРЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК ВО БИТОЛА „УЧИЛИШНА ПРИКАЗНА“ ЗА ПРВАЧИЊАТА

Утре во 10:00 часот во Градскиот парк ќе се одржи забавен настан за првачињата од основните училишта во Битола.
Возење со „Мечо“, дружење со ЗАГИ, училишни точки, подароци, сето ова и годинава по повод почетокот на новата учебна година за нашите првачиња.

Општина Битола во соработка со ЈП „Паркинзи“ и поддржувачите на настанот Зоолошка градина, Културно Информативен центар, НУУБ „Свети Климент Охридски“ Црвен Крст, АМД „Ѓорѓи Наумов“, „БиМилк“ и „Пелистерка“ со голема радост ги покануваат првачињата на втората „ Училишна приказна “.

Нека овој ден биде ден на кој ќе ги славиме првите училишни чекори и радоста на новите другарства.

УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ЗАНАЕТ И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ: КОНКУРЕНТИ ИЛИ СОЈУЗНИЦИ?“Локалниот младински сов...
03/09/2026

УТРЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА „ЗАНАЕТ И ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ: КОНКУРЕНТИ ИЛИ СОЈУЗНИЦИ?“

Локалниот младински совет на Општина Битола организира панел дискусија каде претставници од високообразовните институции и успешни компании ќе разговараат за можностите што ги очекуваат младите од нивното студирање до кариера.
Темата на панел дискусијата е „Занает и високо образование: Конкуренти или сојузници?

Панелисти ќе бидат проф. д-р Никола Рендевски (ФИКТ), Едмонд Весели (Агнеса) и Марјан Бакревски (пиво ,,БАК”).
Настанот кој ќе ги обедини високото образование, приватниот сектор и занаетот ќе се одржи во 18:00 часот во кафе-бар ,,Тигре”.

Локалниот младински совет на Општина Битола е претставничко тело на младите во Општина Битола, формирано согласно законот за младинско учество и младински политики. Советот има советодавна улога и претставува мост помеѓу младите и локалната самоуправа, со цел унапредување на младинските политики и подобрување на условите за живот на младите во општината.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС СО ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕНа првиот ден од новата учебна година, градоначалник...
01/09/2026

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ НА ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ЧАС СО ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ

На првиот ден од новата учебна година, градоначалникот на Битола Тони Коњановски во посета на три основни училишта, односно на средба со најрадосните ученици, а тоа се првоодделенците.

Приредби за добредојде беа организирани во сите училишта. Радоста на 1 септември градоначалникот на Битола ја сподели и со првоодделенците од основните училишта „Елпида Караманди“, „Коле Канински“ и „Даме Груев“.

„Драги ученици првоодделенци, голема е радоста што ја имам приликата да Ви го честитам почетокот на вашето училишно патување. Денеска е голем ден за вас, влегувате во светот на знаењето, пријателството и новите предизвици. Во училишните клупи ќе научите да читате и пишувате, да се дружите и да ја откривате убавината на знаењето“ беше пораката на градоначалникот Коњановски, посакувајќи им успешна учебна година на сите ученици.

В петок на 4 септември во градскиот парк во Битола како и ланската година ќе се одржи настанот „Училишна приказна“, ден кога се слават првите училишни чекори, новите пријателства и големата желба за знаење.

Општина Битола и оваа година за секое прваче доделува парична помош од 3000 денари.

Address

БУлица „1-ви Мај“ бр. 61
Bitol
7000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 09:00 - 17:00

Telephone

+389 47 208 442

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Битола - официјална страница posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Битола - официјална страница:

Shortcuts

Share