Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK

Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK Ротаракт може да го промени вашиот живот. Вие можете да го промените светот!

Членови во Ротаракт Клуб Битола Широк Сокак
- Рула Чаламани
- Филип Гагалов
- Јане Велкоски
-Никола Христовски
-Катерина Анакиевска
-Софија Петличковска
- Стефан Степанулески
-Давор Буторац
-Анџела Петровска
-Петар Богоевски
-Марија Василевска
-Александра Јовевска






Целите на Ротаракт се:
1. Да се развиваат професионални и лидерски вештини;
2 Да се нагласи почитувањето на правата на другит

е и да се промовираат етнички стандарди и достоинството на сите корисни занимања;
3. Да се обезбедат можности за младите луѓе да одговорат на потребите и интересите на заедницата и нашиот свет;
4. Да се обезбедат можности за работа во соработка со другите Ротари клубови;
5. Да се мотивираат младите за членството во Ротари.

На кратко за компанијата:
Ротаракт е меѓународна организација на млади професионалци и студенти на возраст од 18 до 30, кои се посветени на услуга и лидерство во нивните заедници и во странство. Основана во 1968 година од страна на Ротари Интернационал, Ротаракт е глобална мрежа на млади луѓе кои го менуваат светот со клубови во повеќе од 160 земји.

20/08/2026
Честитки до нашите ротарактовци Марко и Рула👏РАК Широк Сокак се гордее што има свој претставник во Дистриктот како десна...
07/07/2026

Честитки до нашите ротарактовци Марко и Рула👏
РАК Широк Сокак се гордее што има свој претставник во Дистриктот како десна рака на DRR за 26/27 🎖️
Веруваме во нивната заложба за доближување на ротаријанството до новите генерации и пренесување на пораката "Service Above Self" ⚙️

Примопредавање на претседателството 2026/2027Во просториите на Х. Милениум на ден 20.06.2025 год раководството за претхо...
22/06/2026

Примопредавање на претседателството 2026/2027

Во просториите на Х. Милениум на ден 20.06.2025 год раководството за претходната ротаријанска година го врачи мандатот на новата претседателка за ротаријанска 26/27 година Софија Петличкова 📌

Прекрасна атмосфера, осврт на настаните кои ја одбележаа 2025/2026 година беа само дел од точките на дневен ред 🔖
Преку низа разговори и искуства, ротарактовците се мотивираа за понатамошни успеси и меѓусебна поддршка за идни проекти 🎉

Од името на клубот уште еднаш ѝ се заблагодаруваме на Претседателката за 2025/2026 година Марија Василевска која неуморно се посвети да се задржи континуираниот успех на РК Широк Сокак како и да се збогати со нови членови, проекти, настани и донации🙏

Им посакуваме успешно членство и работа на изгласаните предлог членови Ана Спасеска, Марија Сервини и Божидар Николовски.

РАК Широк Сокак е спремен да ја зпочни и новата ротаријанска година почнувајќи од месеци септември со новото раководство односно како претседателка Софија Петличкова во чии тим се секретар Ферзије Асаноска и благајник Рула Чаламани 🖇️ Успешна работа на сите!

✨️ Кога младите, децата и заедницата се обединуваат, се создаваат моменти што оставаат трага. 🏛🎨 По повод 18 Мај - Меѓун...
27/05/2026

✨️ Кога младите, децата и заедницата се обединуваат, се создаваат моменти што оставаат трага.
🏛🎨 По повод 18 Мај - Меѓународниот ден на музеите, заедно со учениците од ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и Музејот на Битола споделивме ден исполнет со креативност, дружење и инспирација.
✏️ Преку интерактивна и едукативна работилница реализирана во соработка со Музејот на Битола и ООУ „Ѓорѓи Сугарев“, исполнета со креативна работа и заедничко дружење, децата имаа можност да ги изразат своите впечатоци и инспирација од музејската поставка, создавајќи ден исполнет со учење, култура и позитивна енергија.
❤️ Веруваме дека токму преку вакви активности градиме поколенија кои ќе ја ценат историјата, уметноста и заедничкото творење.
🙏🏼 Благодарност до Музејот на Битола, ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ и сите деца кои беа дел од ова прекрасно дружење кои со својата енергија го направија овој настан навистина посебен.

🏆 7-ти Мотивациски Викенд на Ротаракт Клубовите од Македонија Во духот на ротаријанството викендот од 24 април до 24 апр...
29/04/2026

🏆 7-ти Мотивациски Викенд на Ротаракт Клубовите од Македонија

Во духот на ротаријанството викендот од 24 април до 24 април во прекрасниот амбиент на Хотел “Централ” во Виница, 46 млади ротарактовци од цела држава го одржаа седмиот по ред Мотивациски викенд на Ротаракт клубовите од Македонија.

📝Како организатори заедно со ја имавме честа да им овозможиме на младите ротарактовци посета на Виничкото Кале и Музејот Теракота, посета на Фабриката Винчини, интерактивна сесија во Прогресив Академијата како и Мотивационен Brunch за споделување на лични искуства на членовите од Ротари Клуб Кочани- Виница.

Мотивацискиот викенд доби значење и со посетата на идниот координатор на Сојузот Митко Демировски кој упати силна порака до учесниците за единството и идеалот на Ротари заедницата. Тимот на проектот Мотивациски Викенд не застанува тука, овој викенд беше само еден ветар во грб за да продолжиме активно да работиме кон градење на мрежата и сплотување на ротарактовците 🥳

🏅 Упатуваме огромна благодарност до спонзорите како и ментор клубот

Address

Ulica Marshal Tito
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Rotaract Club Bitola SHIROK SOKAK:

Shortcuts

Share