22/06/2026
🌱 Праведната транзиција не е само промена на енергетските извори – таа е промена на начинот на кој ја градиме иднината.
Како Совет за женско претприемништво при Општина Битола, веруваме дека секоја голема промена носи и нови можности. Токму затоа е важно гласот на локалната заедница, на жените, младите, претприемачите и граѓанските организации да биде слушнат и вграден во процесите на носење одлуки.
МКЦ Битола во рамките на проектот: "Гласови за праведна транзиција" организираше два форуми со претставници на граѓански организации, експерти и засегнатите страни од општините во регионот. Активно учество имаше и Советот за женско претприемништво на општина Битола.
Првиот форум кој се одржа на 27.05.2026 година, беше на тема: "Прибирање на мислења на заедницата за енергетска транзиција, преквалификација и локален развој“, кој имаше за цел "Презентација и валидација на препораките на заедницата за енергетска транзиција, преквалификација и локален развој", каде беа донесени препораки особено во контекстот на иднината на РЕК Битола и развојот на нови одржливи економски модели.
Праведната транзиција ќе биде успешна само доколку е инклузивна, односно ако во неа активно учествуваат сите засегнати страни. Препораките произлезени од форумот покажуваат дека регионот располага со знаење, идеи и потенцијал за развој на нови одржливи економски активности. Потребни се координирани напори помеѓу институциите, бизнис секторот, граѓанските организации и образовните установи за да се создадат услови за нови работни места, зелени инвестиции и локален развој.
💚 Иднината не ја чекаме – ја создаваме заедно....🍀🍀🎯✅