Nacionalen Park Pelister

Nacionalen Park Pelister Pelister National Park is a national park in the Municipality of Bitola, North Macedonia.

Инфоцентарот на НП Пелистер нуди нова забава за најмладите✅️Инфоцентарот на НП Пелистер прераснува во едно од најпопулар...
24/08/2026

Инфоцентарот на НП Пелистер нуди нова забава за најмладите

✅️Инфоцентарот на НП Пелистер прераснува во едно од најпопуларните места за организирање на роденденски забави. Најмладите имаат можност да го прослават својот роденден на најоригинален начин досега.
✅️Адреналински парк, еколошка едукација и прошетка низ планината во присуство на овластени лица од паркот се само дел од активностите кои од скоро се достапни за најмладите.
Моментите поминати на Пелистер засекогаш остануваат запишани во меморијата на секој од нас.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

23/08/2026

Езеро Рупа - скриениот бисер на Пелистер

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р'жана(2334мнв). Врвот Р'жана е најјужниот врв во рамки на НП Пелистер, а неговиот северен гребен е познат и под името Гарван. Базенот на глацијалното езеро Рупа е со дијаметар од околу шеесетина метри и околу два метри длабина. За време на Првата светска војна, низ природниот бедем на езерото е ископан канал и водата е испуштена со цел базенот на езерото да се користи за потребите на присутните војски. Затоа денес можи да се забележи многу мала количина на вода, но само во текот на влажните периоди.

Веднаш под францускиот пат кој поминува покрај езерото Рупа, започнува зоната на строга заштита која покрива најголем дел од површината чија форма на релјеф подсетува на природен амфитеатар исцртан со врвовите Балтан, Цуце, Р'жана, преку Лош Камен, Муза, Голема Грива, Орлов врв, па се до Големо врвче. На оваа територија од НП Пелистер може да се забележи субалпска букова и елова шума, придружена од боровинка и смрека.
Станува збор за еден од најтешко достапните терени на Пелистер за сите посетители, но и за ренџерската служба. Денес активностите на ренџерите во тој дел се ограничени поради недостапноста на теренот. Во соработка со Македонско еколошко друштво во периодот кој следи заеднички ќе работиме на реставрација на езерото Рупа.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер✅️Дивечот во НП Пелистер после интензивирани...
21/08/2026

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер

✅️Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита. На фотографиите од фотозамките лесно можи да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана.

✅️На првата фотографија можи да се забележи волк(Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен(срндач - Capreolus capreolus).

✅️На втората фотографија после долго време на интензивен мониторинг забележана е дивокоза(Rupicapra rupicapra)

✅️Третата фотографија го опишува движењето на дива свиња(Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.

✅️На останатите фотографии ќе ја забележите и дивата мачка која често пати можи да биди помешана со рисот од страна на посетителите на НП Пелистер. Дивата мачка(Felis silvestris) има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис.
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

🐻 Започна првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во МакедонијаКафеавата мечка кај нас добро опстојува, а нејзинот...
20/08/2026

🐻 Започна првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во Македонија

Кафеавата мечка кај нас добро опстојува, а нејзиното присуство е знак дека сè уште имаме дивина и треба да научиме да живееме со неа. За тоа ни се потребни точни податоци: колку мечки има?

Во Националниот парк „Пелистер“ ја одржавме првата работилница за генетски мониторинг. Вработените во паркот се запознаа со неинвазивниот метод за моиниторинг на мечката преку собирање примероци од измет. Обуката опфати правилно собирање, обележување и чување на примероците, како и начинот на евидентирање на наодот. За оваа цел, учесниците добија и специјализирани прибори.

Генетскиот запис е единствен за секоја мечка. Генетската анализа на собраните примероци ќе овозможи да се идентификуваат поединечни мечки и да се добијат попрецизни податоци за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на популацијата. Овие податоци се неопходни за планирање на идните мерки за заштита и за носење национални одлуки и политики.

Мониторингот на големи и тешко достапни подрачја не може да се потпира само на научниците. Затоа за овој мониторинг клучна ни е граѓанската наука и вклучувањето на обучени луѓе кои и онака се често во природа, тоа се вработените во заштитените подрачја, планинари, ловци, велосипедисти и локални ентузијасти.

Преку проектот LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кофинансиран во рамките на програмата „Лајф“ на Европската Унија, заедно со Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH активно работиме на зачувување на кафеавата мечка и одржливо управување со нејзината популација.

#КафеаваМечка #КафеаваМечка

Првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во Македонија започнува од ПелистерВо ЈУ Национален парк „Пелистер“ се одр...
19/08/2026

Првиот генетски мониторинг на кафеавата мечка во Македонија започнува од Пелистер

Во ЈУ Национален парк „Пелистер“ се одржа првата работилница за генетски мониторинг на кафеавата мечка, како значаен чекор кон добивање попрецизни податоци за нејзината бројност и распространетост во Македонија.

Вработените во Националниот парк „Пелистер“ се запознаа со неинвазивниот метод на мониторинг преку собирање примероци од измет, при што обуката опфати правилно собирање, обележување, чување и евидентирање на примероците. За спроведување на мониторингот беа обезбедени и специјализирани прибори за теренска работа.

Генетскиот запис е единствен за секоја мечка. Анализата на собраните примероци ќе овозможи идентификација на поединечни единки и добивање попрецизни информации за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на популацијата на кафеавата мечка.

Овие податоци се од особено значење за планирање на идните мерки за заштита и за одржливо управување со популацијата на кафеавата мечка.

Вработените во Националниот парк „Пелистер“, кои секојдневно се присутни на терен, ќе дадат значаен придонес во собирањето податоци и спроведувањето на мониторингот.

Активноста се реализира во рамките на проектот LIFE DinPin Bear (LIFE24-NAT-DE-LIFE DinPin Bear/101214048), кофинансиран преку програмата LIFE на Европската Унија, во соработка со Македонското еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање.
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

Денес на 16.08.2026 околу 12:00 часот после добиен повик за повредено лице во рамки на НП Пелистер во близина на Мало ез...
16/08/2026

Денес на 16.08.2026 околу 12:00 часот после добиен повик за повредено лице во рамки на НП Пелистер во близина на Мало езеро, во соработка со ЦУК, ДСЗ, екипи на НП Пелистер и итната медицинска помош беше започната спасувачка акција. Лицето беше навремено лоцирано и од страна на екипите на ДЗС после констатирани тешки телесни повреди во делот на потколеница на левата нога, му беше укажана прва помош. Екипата на НП Пелистер заедно со лекар од итната медицинска помош го обезбедуваа транспортот на повреденото лице од локација на Мало езеро до локација на Инфоцентар. Лицето е успешно евакуирано и веќе е спроведено до Клиничка болница Битола.

Акцијата продолжува до целосно повлекување на екипите и материјално техничките средства од терен.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП ПелистерНа 12.08.2026(среда) некаде после 19:00 часот, после прибрани инфор...
15/08/2026

Акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП Пелистер

На 12.08.2026(среда) некаде после 19:00 часот, после прибрани информации од различни извори од терен, од страна на ренџерската служба на ЈУНП Пелистер предводена од директорот Иванчо Тошевски во соработка со СВР Битола беше започната акција за пронаоѓање на вооружени лица со огнено оружје кои навлегле длабоко во територијата на НП Пелистер. Во потргата беа вклучени две патроли на НП Пелистер потпомогнати со полициски службеници од СВР Битола. Двете патроли се движеа по тешко достапен терен(2000+мнв) во текот на ноќта, независно една од друга и имаа за цел да пристапат од различни страни т.е. од правец на с.Велушина и од правец на Инфоцентар до локација на која се наоѓаа вооружените лица согласно добиените информации. Некаде после 23:30 часот и повеќе од три часа пешачење, вооружените лица беа лоцирани во близина на локација Голема грива во зона на строга заштита. Од моментот на лоцирање на вооружените лица со сите понатамошни активности раководеа полициските службеници. Акцијата беше завршена во раните утрински часови во четири саатот наредниот ден на 13.08.2026(четврток) со спроведувањето на лицата до полициска станица.

Соработката на ЈУНП Пелистер и СВР Битола во насока на заштита и зачувување на природата е континуирана и затоа јавно се заблагодаруваме за поддршката која ја добиваме како установа, но и за високата професионалност на раководниот кадар и полициските службеници.

Теренот на кој се одвиваше потрагата е тешко достапен и тежок за контрола на ренџерската служба поради немање на соодветна инфраструктура за редовни патролни активности. Шумските патишта кои според сите стратешки документи на НП Пелистер требало да бидат клучни артерии за заштита на природата(противпожарна заштита и контрола на ренџерска служба) за жал биле оставени полека да пропаѓаат. Истите патишта се високо на агендата на активности на НП Пелистер и веќе се работи на нивно опоравување. Токму во тој дел на НП Пелистер каде е најголемата површина на строга заштита за жал од поединци се уште има обиди за незаконити активности, но во соработка со СВР Битола истите навремено ги спречуваме во нивните намери.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Националниот парк Пелистер инспирација за младите еколози: Средношколци од Битола и Прилеп учат за заштита на шумитеМлад...
27/07/2026

Националниот парк Пелистер инспирација за младите еколози: Средношколци од Битола и Прилеп учат за заштита на шумите

Младите најдобро учат како да ја чуваат природата преку практични искуства во природа. Ова го потврди и работилницата за заштита на шумите која се одржа во Националниот парк Пелистер, а во која учествуваа средношколци од Битола и Прилеп, меѓу кои и ученици од СОУ „Таки Даскало“ од Битола.

Младите учесници имаа можност организирано да го посетат Инфо-центарот на Пелистер и низ пешачка тура до новите моликови насади одблизу да се запознаат со непроценливите природни богатства на овој национален парк во рамките на посетата која Здружението “Граѓански Патеки“-Битола ја организираше во соработка со Националниот парк Пелистер како дел од иницијативата „Заштитници на шумите“.

За време на престојот на Пелистер, стручни претставници на националниот парк одржаа предавања и детално го презентираа шумското богатство и богатата разновидност на диви животни што живеат во паркот. Тие ставија посебен акцент на итноста и потребата од негова заштита, потсетувајќи дека Пелистер не е само туристичка атракција, туку е клучен извор на свеж воздух и еден од најзначајните еколошки ресурси во регионот и пошироко.

Оваа посета уште еднаш потврди дека Пелистер е одлично место за т.н. искуствено учење. Наместо само низ теорија во училишните клупи, младите тука можат практично да го видат, почувствуваат и искусат она што го учат. Природата се претвори во нивна училница, каде секој чекор нуди жива лекција по екологија и ботаника, но и лекции како секој може да придонесе за заштита на животната средина.

Главната цел на оваа иницијатива е поттикнување на јавната свест кај младата популација за заштита на шумите, како и низ искуствено учење во природа да ги инспирира младите учесници да пререаснат во активни креатори на еко кампањи. Преку својата креативност, средношколците ќе имаат задача да ја истакнат важноста на автохтоната молика на Пелистер, но и да ја зајакнат граѓанската свест дека шумите се нашиот најголем штит од ерозија и незаменлив извор на кислород.

Пораката што младите ја понесоа со себе од оваа авантура е јасна: шумите се национално богатство, а нивната заштита и зачувување е споделена одговорност на секој поединец.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секо...
24/07/2026

Снег на Пелистер и во лето. Затоа Пелистер е кралот на планините во Македонија. Истовремено е убав и моќен, но и не секогаш предвидлив во своите намери со кои сака да ни покажи дека мора да го почитуваме.
Благодарност до сите вработени во пунктот на Национална радиодифузија на Врв Пелистер кои секогаш први не известуваат за сите изненадувања кои ги има Баба Планина.
Фотографии на Oliver Tarasovski
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Изманатиот викенд со висок интензитет се одвиваа работните активности за поставување на новиот објект веднаш до црквата ...
21/07/2026

Изманатиот викенд со висок интензитет се одвиваа работните активности за поставување на новиот објект веднаш до црквата Св.Спас(1886мнв) над с.Маловишта. Најнапред со помош на коњи беше потребно да се изврши транспорт на потребни материјали и алати за работа и после пешачење од еден час да се започни со предвидените активности. Во текот на овој викенд беше подигната дрвена рам конструкција, а каменот од околината беше искористен за нивелирање на подот на објектот. Упатуваме голема благодарност до сите правни и физички лица кои доброволно зедоа учество во досегашните активности и реално покажаа како со голема љубов преку конкретни дела навистина се сакаат Битола и Пелистер.
За нашиот дом, за нашата Битола и нашиот Пелистер одговорни сме сите ние и да не заборавиме дека
ПЕЛИСТЕР Е НАШИОТ СИМБОЛ НА ОБЕДИНУВАЊЕ.
Рботните активности продолжуваат во викендите кои претстојат.
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust - PONT

Address

Viesnka 14
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Nacionalen Park Pelister posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category