Општина Делчево/Municipality of Delcevo

Општина Делчево/Municipality of Delcevo Општина Делчево се наоѓа во крајниот североисточен де? http://delcevo.gov.mk/delcevo-vodic.html

За студентите од Делчево – поддршка за нивните соништа, знаење и успех!4 студентски стипендии за студенти кои студираат ...
21/08/2026

За студентите од Делчево – поддршка за нивните соништа, знаење и успех!

4 студентски стипендии за студенти кои студираат на државните универзитети:

2 стипендии по 2.500 денари месечно за студенти од семејства со ниски приходи, во период од 9 месеци.

2 стипендии по 3.500 денари месечно за студенти кои постигнале особено висок успех, во период од 9 месеци.

За студентите од Делчево со кои се гордееме.

Младите се нашата највредна инвестиција!

Талентот  се препознава. Успехот се наградува. Знаењето се поддржува! 18 стипендии од Општина Делчево за одличните учени...
20/08/2026

Талентот се препознава. Успехот се наградува. Знаењето се поддржува!

18 стипендии од Општина Делчево за одличните ученици од СОУ „М.М. Брицо“ – поддршка за нивниот труд, успех и талент.

10 стипендии × 2.000 денари за период од 9 месеци за ученици од семејства со ниски приходи

8 стипендии × 2.500 денари за период од 9 месеци

1 стипендија × 1.500 денари за период од 9 месеци за ученик со попреченост во развојот

Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на Делчево!

Индекс на буџетска транспарентност: Општина Делчево со максимални бодови за буџетска транспарентностОпштина Делчево за ф...
19/08/2026

Индекс на буџетска транспарентност: Општина Делчево со максимални бодови за буџетска транспарентност

Општина Делчево за фискалната 2025/26 година е оценета со максимални индексни поени 16 и се наоѓа во семејството на високотранспарентни општини. Функционалноста и достапноста на веб-страницата на Општина Делчево се со коментар: Многу добра организација и достапност на информациите.

Овие податоци се дел од анализата на ЦЕА која неколку години по ред го мери Индексот на достапност на буџетските документи кај ЕЛС.

Во периодот 2025–2026 година, 13 ЕЛС го постигнале максималниот број од 16 индексни поени, и тоа: Битола, Бутел, Валандово, Велес, Делчево, Желино, Илинден, Карпош, Крива Паланка, Македонски Брод, Пехчево, Центар и Центар Жупа. Во пошироката група на високо транспарентни општини, со 15 и 16 индексни поени, се вбројуваат 29 ЕЛС.

Просечниот индекс на буџетска транспарентност кај општините од 5,59 во 2014–2015 година е зголемен на 12,40 во 2025–2026 година, што претставува највисока просечна вредност во досегашниот период на следење

На регионално ниво, шест од осумте плански региони бележат подобрување на просечниот индекс на буџетска транспарентност во периодот 2025–2026 година. Најголемо подобрување бележи Вардарскиот плански регион, за 2 индексни поени, додека општините од Источниот и Југозападниот плански регион и оваа година во просек се регионално најтранспарентни во споредба со општините од другите плански региони.

Според даночната транспарентност, Општина Делчево се наоѓа во групата општини со висок степен на даночна транспарентност со 63% што е подобрување за 4% од претходната година.

За градоначалникот Гоцевски, високата буџетска транспарентност на Општина Делчево не е само признание за Општина Делчево-таа е обврска дадена пред граѓаните.

-Јавните средства се средства на граѓаните, затоа тие имаат право да знаат како се планираат, како се трошат и какви резултати се постигнуваат.Транспарентноста не ја разбираме само како обврска, туку одговорност кон секој граѓанин. Оваа анализа покажува дека се движиме во добра насока и претставува обврска да продолжиме уште поодговорно и поотчетно, истакна Гоцевски

За секое прваче и за убав почеток на едно големо патување!!Општина Делчево обезбедува по 4.000 ден за секое прваче од Де...
19/08/2026

За секое прваче и за убав почеток на едно големо патување!!
Општина Делчево обезбедува по 4.000 ден за секое прваче од Делчево.
Нека првиот училишен чекор биде лесен чекор кон знаење, успех и убави детски соништа.

🤝 Успешна посета на Општина Чрномељ – Република СловенијаГрадоначалникот Гоцевски, заедно со волонтерите на ОО на Црвен ...
16/08/2026

🤝 Успешна посета на Општина Чрномељ – Република Словенија

Градоначалникот Гоцевски, заедно со волонтерите на ОО на Црвен крст – Делчево и ДПД „Волонтер“ – Делчево, денес ја завршуваат својата плодна посета на Општина Чрномељ во Република Словенија.

Во рамки на посетата, во присуство на градоначалникот на Општина Чрномељ, Андреј Кавшек, беа разменети искуства и идеи со повеќе институции, организации и наши успешни иселеници кои живеат и работат во Словенија.

Посетата претставува одлична можност за воспоставување нови партнерства, споделување добри практики и продлабочување на соработката меѓу Делчево и Чрномељ.

Посебна благодарност до домаќините за срдечниот пречек, отвореноста и гостопримството, како и до сите учесници кои придонесоа оваа посета да биде исклучително успешна.

Заедно градиме мостови на соработка, пријателство и солидарност! 🇲🇰🤝🇸🇮

#Делчево #Чрномељ #Соработка #ЦрвенКрст #ДПДВолонтер #Волонтерство #Македонија #Словенија

13/08/2026
12/08/2026

Градоначалникот Гоцевски од Словенија:

“Cо ваквите активности, градиме мостови меѓу младите од Делчево и младите од европските средини. Пријателствата што ги градат младите се најцрврстата основа за идната соработка меѓу нашите општини и нашите земји.

Горд сум на младите волонтери од Делчево!”

12/08/2026

До Жители на улица „Петрашевска“ и дел од ул.„Чифличка“ во населба Стрелиште во Делчево Предмет: ИЗВЕСТУВАЊЕ Почитувани, Општина Делчево ги известува сопствениц...

12/08/2026

Делчево ја стартуваше реализацијата на Програмата „Најдоброто од Делчево“ која е наменета за развој и афирмација на потенцијалите за Локален економски развој на...

Address

Spomen Dom ASNOM
Delcevo
2320

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Делчево/Municipality of Delcevo posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Делчево/Municipality of Delcevo:

Shortcuts

Share