08/05/2026
Известување до сите правни лица кои имаат доспеани, а неподмирени обврски по основ на потрошена вода и комунални услуги, дека согласно законските надлежности и условите утврдени со договорите за користење на услугите, ќе се пристапи кон исклучување од водоснабдителниот систем на сите корисници кои нема да ги подмират своите долгови во предвидениот рок.
Со цел да се избегнат непријатности, прекин во водоснабдувањето и дополнителни трошоци за повторно приклучување, ги повикуваме сите должници навремено да извршат уплата на заостанатите обврски.
Апелираме до сите правни лица сериозно да го сфатат ова известување и во најкраток можен рок да ги регулираат своите обврски, со цел да се избегне исклучување од мрежата.
Со почит,
ЈПКД „Комуналец-Полин" Стар Дојран