01/09/2026
АПЕЛ ДО РОДИТЕЛИТЕ: БИРАЈТЕ ЈА ГРАДИНКАТА НАЈБЛИСКУ ДО ВАШИОТ ДОМ!
Почитувани родители,
Откако мнозинството од дпмне во Советот на Општина Гевгелија ја изгласа одлуката за зголемување на бројот на деца во групите во градинката „Детска радост“, се поставува едно клучно прашање:
КОЛКУ ДЕЦА ЌЕ ИМА ВО ЕДНА ГРУПА?
На седницата – конкретен одговор немаше.
Директорката на установата, наместо бројка и јасно образложение, одговори:
„За колку има потреба.“
За нас, ова не е одговор.
Ова е избегнување на одговорност.
Кога станува збор за нашите деца, не може да има „за колку има потреба“. Потребни се точни бројки, стандарди, услови и одговорност.
И уште нешто – начинот на кој се комуницира со Советот и со јавноста треба да биде пример за професионалност, особено кога станува збор за директор на воспитно-образовна установа.
Родителите не се бројка. Децата не се бројка. Групите во градинките не се статистика.
Затоа, до родителите упатуваме апел:
Родители, носете ги вашите деца во градинката која е најблиску до вашето место на живеење.
Но, да бидеме јасни:
Родителите не треба да го решаваат проблемот што го создава лошото планирање на институциите.
Одговорноста е кај оние што ја донесоа одлуката.
А ако веќе се зголемува бројот на деца во групите, јавноста заслужува да знае:
Колку деца ќе има во една група?
Дали се почитуваат законските стандарди?
И гаранција за безбедноста и квалитетот на грижата за децата.
За нашите деца не смее да важи принципот „за колку има потреба“.
За нашите деца мора да има точен број, јасни правила и целосна одговорност!