СДСМ Негорци

СДСМ Негорци Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СДСМ Негорци, Political organisation, Gevgelija.

ДАЛИ ВАКА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ДЕЦАТА?Повеќе не станува збор само за партиски вработувања и унапредувања, туку за директно загр...
28/07/2026

ДАЛИ ВАКА СЕ ГРИЖИТЕ ЗА ДЕЦАТА?

Повеќе не станува збор само за партиски вработувања и унапредувања, туку за директно загрозување на здравјето и безбедноста на децата!

Фотографиите од поплавената градинка се вознемирувачки. Доколку навистина ја прикажуваат фактичката состојба, тогаш децата престојуваат во установа во која атмосферска и канализациона вода навлегла во просториите, вклучително и во подрумите каде што се чува храна и се наоѓа котларницата.

Според информациите што ги добивме, причината за поплавата е сериозен пропуст при кој не бил затворен главниот вентил. Наместо одговорност, јавноста слуша молк.

Во исто време, се отвораат сериозни сомнежи за незаконски распоредувања на работни места, партиски привилегии и злоупотреби во работењето на установата. Доколку овие наводи се точни, тогаш не станува збор само за лошо менаџирање, туку за целосен распад на системот.

Бараме итна интервенција на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот просветен инспекторат, Трудовиот инспекторат и Јавното обвинителство. Нека излезат на терен, нека ги утврдат фактите и нека кажат дали децата биле изложени на здравствен ризик.

Никој нема право да си игра со здравјето на децата. Ако фотографиите се вистинити, некој мора да понесе одговорност. Молкот не е решение – тој е соучесништво.

↔️  Актуелна состојба со водоснабдувањето во Негорци‼️➡️  Денес сме сведоци на тоа што се укажува веќе подолго време за ...
13/04/2026

↔️ Актуелна состојба со водоснабдувањето во Негорци‼️

➡️ Денес сме сведоци на тоа што се укажува веќе подолго време за водоснабдувањето во населено место Негорци❗

➡️ Локалната власт се однесува неодговорно кон жителите на населено место Негорци!
Од водоснабдителниот систем кое помпезно неколку пати за фотосесии беше посетено од премиерот и градоначалникот НЕ протече доволна вода за жителите!

➡️ Природната вода што доаѓаше во последните месеци ЈА НЕМА бидејки не е функционална линијата заради неодговорност од страна на одговорните!

↗️ Ги повикуваме сите советници,а посебно тие што се од населеното место Негорци, да ја подржат иницијативата која ќе ја поднесе советничката група на СДСМ
" Информација за водоснабдувањето на населено место Негорци и конечно решавање на истото" !

➡️ Негорци, како најголемо населено место, заслужува во 2026 година да има редовно вода,бидејки денеска сме сведоци дека има недоволно вода❗

↔️ Да се донесат конкретни заклучоци и решенија а не само декларативно и релативизирање на проблемот‼️

↗️ Страмота е во април Негорци да нема доволно питка вода‼️

↗️ Срамота е во април Негорци да нема доволно питка вода‼️

На денешната работна средба со потпретседателката Јована Тренчевска , Симона Цветановски, Наташа Поповиќ,Миле Талевски и...
12/03/2026

На денешната работна средба со потпретседателката Јована Тренчевска , Симона Цветановски, Наташа Поповиќ,Миле Талевски и Борче Цветков , беа разгледани повеќе важни прашања поврзани со идното функционирање и организација на општинската организација. Во конструктивна атмосфера се разработија конкретни детали за подобрување на координацијата, активностите на терен и вклучувањето на членовите во процесите на носење одлуки.

Посебен акцент беше ставен на зајакнување на врската и комуникацијата помеѓу централното раководство и општинската организација, со цел да се обезбеди поефикасна, поорганизирана и попродуктивна работа во наредниот период.

Заедничкиот заклучок од средбата е дека преку подобра координација, јасни насоки и поголема активност на локално ниво, ќе се создадат услови за нова енергија и посилно делување на организацијата.

Време е СДСМ повторно да се врати на вистинскиот пат, со работа блиску до граѓаните, со јасни политики и одговорност кон заедницата.

Ве покануваме на работна средба со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.На средбата ќе присуствуваат и членовит...
11/03/2026

Ве покануваме на работна средба со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска.

На средбата ќе присуствуваат и членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановски и Наташа Поповиќ, како и пратениците Миле Талевски и Борче Цветков.

Ќе се разговара за актуелните политички состојби, предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и идните активности.

📍 Сала за состаноци на ОО СДСМ Гевгелија
📅 Четврток, 12.03.2026
⏰ 18:00 часот

Добредојдени се сите заинтересирани граѓани.

17/10/2025

Почитувани граѓани на Општина Гевгелија, на 19 октомври излезете масовно на гласање и заокружете го бројот 5️⃣ за носителот на советничката листа Александар Киров и кандидатот за градоначалник Миле Атанасов.
Се бориме за нашата слободна, просперитетна и успешна Гевгелија.

17/10/2025

💙 Повик од срце – за нашата Гевгелија!
Ве повикуваме сите да излезете и да гласате 🗳️
👉 Заокружи број 5 – за нашата Гевгелија! 🇲🇰💪

#Број5 #ЗаНашаГевгелија #СитеЗаедно #Гевгелија

13/10/2025

Новата локална власт предводена од СДСМ ќе го реши долгогодишниот проблем на сите граѓани во село Негорци

Address

Gevgelija

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ Негорци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share