УМС на ВМРО - ДПМНЕ О.К. Гевгелија

УМС на ВМРО - ДПМНЕ О.К. Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from УМС на ВМРО - ДПМНЕ О.К. Гевгелија, Political organisation, Улица Гевгелиски Партизански Одреди бр. 3 (зграда Гортинија), Gevgelija.

Почитувани членови, активисти и сограѓани,По повод 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 133 години од ВМРО, Ве покан...
14/06/2026

Почитувани членови, активисти и сограѓани,

По повод 36 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ и 133 години од ВМРО, Ве покануваме заеднички да присуствуваме на свечената церемонија „Македонија забрзува“, која ќе се одржи на 17 јуни во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“, со почеток во 19:00 часот.

Да покажеме единство, енергија и поддршка за иднината на Македонија!

🚌 Организиран превоз: Тргнување од Гевгелија
ќе биде на паркингот до Спортската сала
во 17:00 часот

Ги повикуваме сите членови, активисти и граѓани да бидат дел од овој голем настан.

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Македонија!

Почитувани мои сограѓани!На социјалните мрежи се одвива оркестирана црна кампања исполнета со манипулации и дезинформаци...
23/04/2026

Почитувани мои сограѓани!

На социјалните мрежи се одвива оркестирана црна кампања исполнета со манипулации и дезинформации со цел да се креира лажна перцепција за последните случувања во Собранието на РМ а е во врска со измената и дополнувањето на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и ЈПП.

Вообичаено и во минатото имаше напади со дезинформации насочени кон мене и моето семејство кои ги игнорирав бидејќи верувам дека личните навреди повеќе кажуваат за (не)кавлитетите на личноста која што ги навела отколку за личноста кон која се упатени.

Но оваа ситуација е поразлична. Целта е ширење неоснован страв и паника помеѓу сите вас, граѓаните на Општина Гевгелија.

Сега сакам да Ви ги наведам фактите па сами оценете.

Постои огромна разлика во тоа, да се поддржи “ПОТРЕБА”, за расправа на предлог Закон, од тоа, да се гласа за “ДОНЕСУВАЊЕ ПРЕДЛОГ ЗАКОН”.

Јас лично сметам дека секоја иницијатива во Собранието, без разлика од каде доаѓа, заслужува да биде дебатирана помеѓу народните избраници, а тоа всушност и улогата на демократското уредување и законодавната власт.
Само преку дијалог и дебата може да се донесат правилни и информирани одлуки, а преку истото пошироката јавност ќе цени дали нешто е корисно или не.

Важно е да знаете дека предлог измените и дополнувањата на споменатите закони НЕ СЕ ИЗЛАГАСНИ (во прилог слика каде јасно се гледа дека оваа точка е неразгледана).

Мојот збор и мојот став се јасни, и секогаш се во согласност со волјата на моите сограѓани гевгеличани.

Тоа сум го покажала повеќе пати, на Референдумот, како советник, а сега и како пратеник.

И за крај, стратегијата на опозицијата да шири дезинформации и да креира лажни сценарија за да добие политички поени е истрошен политички маневар, веќе прочитан од граѓаните.

Христос воскресе - навистина воскресе!ВМРО-ДПМНЕ О.К. Гевгелија ви упатува искрени честитки по повод Велигден, со желби ...
12/04/2026

Христос воскресе - навистина воскресе!

ВМРО-ДПМНЕ О.К. Гевгелија ви упатува
искрени честитки по повод Велигден, со желби за здравје, мир и благосостојба во секој дом.

Христовото воскресение нека ни донесе сила, надеж и верба во подобро утре. Во духот на празникот, да покажеме единство, човечност и грижа еден за друг. Нека Велигден биде потсетник дека после секој предизвик доаѓа нов почеток.

Честит Велигден!

30/03/2026

📺 Вечерва ќе бидам гостин на дебатната емисија ,,24 Анализа” на ТВ 24.

Ќе дебатираме на актуелни теми.

Следете!

Премиерот Hristijan Mickoski: Донесена е одлука на Влада со која се намалува ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%.Вла...
23/03/2026

Премиерот Hristijan Mickoski: Донесена е одлука на Влада со која се намалува ДДВ на бензините и нафтата од 18 на 10%.

Владата предовдена од ВМРО-ДПМНЕ ги разбира потребите на граѓаните и делува секогаш кога има простор и потреба.
Владата има план со цела низа разработени сценарија доколку се влоши состојбата или продолжи.

Оваа одлука го намалува данокот на додадена вредност од 18 на 10% на бензините и нафтата, со што дирекно се работи на спречување на енормен шок предизвикан од зголемените цени на горивата.

Оваа политика на намален ДДВ значи веднаш помали цени на горивата.
Тоа е најбрзиот начин за ублажување на ударот и се спречува ширење на поскапувањата низ целата економија.

Оваа интервенција таргетира повеќе сегменти со што се прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат цените на храната, транспортот и услугите.

Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.Ова претставув...
13/02/2026

Продлабочување на стратешко партнерство со САД: силна поддршка и нови економски перспективи за Македонија.

Ова претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД.

Таа го трасира патот кон сеопфатен договор кој ќе обезбеди тарифи не повисоки од 15%, а за одредени производи и индустрии и до 0%, отворајќи нови можности за извоз, инвестиции и економски раст.

Со ваквите чекори ја зацврстуваме позицијата на Македонија како доверлив и предвидлив партнер, градиме економија со повисок стандард и ја унапредуваме нашата меѓународна позиција.

Ова е политика на конкретни резултати. Чекор по чекор, со јасна визија и стабилна поддршка од нашите стратешки сојузници.

The United States of America (United States) and the Republic of North Macedonia (North Macedonia) have agreed to a Framework for an Agreement on

Драги членови на УМС, Ве повикуваме да аплицирате на повикот за избор на претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ. Да живее УМ...
10/02/2026

Драги членови на УМС, Ве повикуваме да аплицирате на повикот за избор на претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ. Да живее УМС! 🔴⚫

Драги членови на УМС, Ве повикувам да аплицирате на повикот за избор на претседател на УМС на ВМРО - ДПМНЕ. Да живее УМС! 🔴⚫

Address

Улица Гевгелиски Партизански Одреди бр. 3 (зграда Гортинија)
Gevgelija
1480

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when УМС на ВМРО - ДПМНЕ О.К. Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to УМС на ВМРО - ДПМНЕ О.К. Гевгелија:

Shortcuts

Share