31/08/2026
По повод обидите за глорификација на починатиот воен злосторник Ратко Младиќ,
Движењето за Национално Единство на Турците во Македонија, како критична маса и
совест на Турците во земјата, до јавноста го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во овие сложени времиња за Македонија, недозволено е членови на Владата, јавни
функционери и коалициски партнери на Владата да величаат воен злосторник кој по
сите докази и постапки од страна на меѓународните судови е осуден за злосторства
кон недолжното население на територијата на поранешна Југославија. Оттука, во една
мултинационална земја како Македонија, обидите да се релативизираат и величаат
воените злосторници, без разлика кому му припаѓаат, претставуваат закана за
меѓуетничките односи во земјата и нивно влошување, од кое никој не може да има
корист.
Особено што Македонија има усвоено Резолуција за геноцидот во Сребреница, ниту
еден нејзин функционер не смее да не ги почитува одлуките на меѓународните судови
за воени злосторства. Поради тоа, премиерот Мицковски е доведен во сериозно тешка
положба и мора да реагира заради европските вредности, европската перспектива на
земјата, почитувањето на нејзините институции и заради стабилноста на етничките
односи во земјата, која за жал со вакви изјави очигледно се нарушува. Особено не смее
да помине незабележано од страна на Владата изјавата на директорот на Агенцијата за
заштита на правата на заедниците.
Поради почит спрема жртвите на геноцидот и нивните најблиски, сметаме дека
доколку овие лица, кои се декларираат за блиски пријатели на премиерот Мицковски,
треба веднаш да поднесат неотповиклива оставка од функциите министер за локална
самоуправа и директор на Агенцијата за заштита на правата на заедниците. На тој
начин ќе му олеснат на премиерот да не преземе очекувани чекори, и на сите граѓани
кои не мислат како нив.
ДНЕТ и понатаму ќе продолжи да осудува насилство, злосторништво и секакво газење
на основните права и слободи на секого, без разлика на која вера, нација и култура
припаѓа.
30.08.2026 Гостивар
Ердоган САРАЧ
Претседател ДНЕТ