СДСМ Јегуновце

СДСМ Јегуновце Општинска Организација на СДСМ - Јегуновце

Само едно прашање до жителите на Општина Јегуновце.Ја поддржавте Валентина Марчевска со огромен број гласови. А што доби...
10/08/2026

Само едно прашање до жителите на Општина Јегуновце.

Ја поддржавте Валентина Марчевска со огромен број гласови. А што добивте за возврат?

43 присуства во Собранието, а 0 пратенички прашања, 0 пленарни излагања, 0 излагања во работни тела и 0 амандмани?

И сега, да прашаме искрено – за што точно го дадовме гласот? За присуство, за паушали, дневници или патни трошкови?

Колку пати се слушна гласот на Јегуновце во Собранието? Колку конкретни работи се побараа за граѓаните? И најважното – што доби Јегуновце од тој глас?

Не беше ли редно после толкава поддршка и Јегуновце да добие нешто назад?

Или можеби и овој пат важи старото правило: гласот на народот е најпотребен пред избори, а после избори секој си гледа свој интерес?

Па, граѓани, следниот пат пред да дадеме глас, можеби треба само едно да се прашаме: што добиваме ние?

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

05/08/2026

🚨 💰 Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

🚰 Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

📄 Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

💰 Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

🏭 Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

❗ Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ – бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

🏗️ Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028 – без тендери, само свои компании.

☣️ Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија, а одговорни нема. Ниту еден.

🏥 Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

⚠️ Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

💼 Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитираат.

🚨 Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

❓Што се крие од граѓаните на Општина Јегуновце?На последната седница на Советот на Општина Јегуновце, одржана на 30.07.2...
04/08/2026

❓Што се крие од граѓаните на Општина Јегуновце?

На последната седница на Советот на Општина Јегуновце, одржана на 30.07.2026 година, по барање на советникот и претседател на Општинската организација на СДСМ Јегуновце, Стефан Јанчевски, беше изгласана одлука со која Општината, Јавното комунално претпријатие во соработка со Центарот за јавно здравје се задолжуваат да извршат вонредни анализи на водата за пиење во секое населено место, а резултатите јавно да бидат објавени на веб-страницата и на Фејсбук страницата на Општината.

Па, ги прашуваме градоначалникот Димитар Костадиноски и општинската администрација:

❓Зошто оваа законски донесена одлука сè уште не е спроведена?

❓Зошто граѓаните и понатаму немаат увид во квалитетот на водата што секојдневно ја користат?

❓Што се крие и кому му пречи транспарентноста?

❓Дали е вистина дека градоначалникот врши притисок врз советниците оваа одлука да биде поништена на наредната седница на Советот?

❓Од што се плаши локалната власт ако водата е исправна?

Граѓаните имаат право на чиста и безбедна вода, но уште повеќе имаат право на вистината. Наместо криење информации и евентуални политички притисоци, јавноста заслужува одговори, транспарентност и почитување на одлуките на Советот.

Дали ќе се почитува волјата на Советот и интересот на граѓаните, или повторно ќе гледаме обиди за прикривање и поништување на донесени одлуки?

Граѓаните очекуваат одговор – веднаш.

03/08/2026

Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце.

Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски - обратно.

Додека ние спасуваме животи,
тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал.

Време е конечно да се оперира системот.
Без анестезија.

02/08/2026

За многу години Илинден!
Да живее Македонија! 🇲🇰

23/07/2026
23/07/2026

Мицкоски на базен, а народот во Гостивар пие вода со фекалии! Како го пречекаа Мицкоски младите социјалдемократи!

19/07/2026

Address

Jegunovce
1215

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СДСМ Јегуновце posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to СДСМ Јегуновце:

Shortcuts

Share