Левица - Карбинци

Левица - Карбинци Официјална ФБ страна на Локален Огранок - Карбинци

ДИЗЕЛОТ ЈА ПРОБИ СТОТКАТА - ДПМНЕ ГО ПРОДАДЕ КОНТРОЛНИОТ ПАКЕТ ВО ОКТА, А ДЕНЕС СО ПОЛНО ДДВ ЈА НАПЛАЌА КРИЗАТА ОД ЏЕБОТ...
25/08/2026

ДИЗЕЛОТ ЈА ПРОБИ СТОТКАТА - ДПМНЕ ГО ПРОДАДЕ КОНТРОЛНИОТ ПАКЕТ ВО ОКТА, А ДЕНЕС СО ПОЛНО ДДВ ЈА НАПЛАЌА КРИЗАТА ОД ЏЕБОТ НА ГРАЃАНИТЕ

📈Од полноќ дизелот ќе чини 101,5 денари за литар и тоа е највисока цена во овој кризен циклус. Од 28 февруари, кога започнаа американско-израелските напади врз Иран, кај нас цената порасна од 71 на 101,5 денари - 43% за помалку од шест месеци! Резервоар од 50 литри кој тогаш чинеше 3.550 денари, сега чини 5.075 денари, односно 1.525 денари повеќе. Светската криза го објаснува берзанскиот удар, но не ја оправдува пасивноста на Владата - Мицкоски не може секое поскапување да го прогласува за увезено, а секој денар од даноците да продолжи уредно да го наплаќа дома.

👉Особено што денешната пресметка на Регулаторната комисија за енергетика покажува нешто што Владата многу тивко го премолчува. Од 101,5 денари за литар дизел, максималната набавна цена е 66,289 денари, акцизата е 11,50 денари, а врз целата даночна основа повторно се пресметува полното ДДВ од 18%. Само ДДВ и акциза во крајната цена изнесуваат речиси 27 денари по литар! Мицкоски во март, по константни апели и јавен притисок, го намали ДДВ-то од 18% на 10% и тогаш Владата се фалеше дека со тоа симнува шест до седум денари од литар. Со денешните компоненти, истата мерка би го симнала дизелот од 101,5 на приближно 94,5–95 денари, без дополнително намалување на акцизата. Затоа #Левица бара, барем ДДВ-то за дизелот веднаш повторно да се намали на 10% и мерката да важи најмалку до 31 декември, наместо Буџетот да заработува повеќе токму затоа што кризата ја кренала основицата.

⛽️Уште поапсурдно е молчењето околу ОКТА. Од 24 март компанијата даваше доброволен попуст од три денари на литар дизел и важеше до 18 мај. Божиновска тогаш јавно тврдеше дека, ако состојбата го бара тоа, повторно ќе разговараат со ОКТА. Во јуни попустот продолжи само за бензините, додека дизелот остана без тие три денари. Денес, кога истиот дизел стигна до 101,5 денари, Мицкоски и Божиновска треба да објаснат, ако ова не е момент за нов договор со најголемиот снабдувач, тогаш што точно чекаат?

📣Истовремено, РКЕ не смее својата улога да ја сведе на неделно препишување на берзанските движења во нов ценовник. Во актуелната цена има 6,898 денари за складишно работење и трговска маржа и уште еден денар транспорт, па должност е да се преиспита секоја регулирана ставка што може да го ублажи ударот.

🫵И оваа криза има една историска иронија која ДПМНЕ најмалку има право да ја заборави. Токму Владата на ДПМНЕ, во 1999 година, преку директни преговори, му продаде околу 54% од ОКТА за 32 милиони долари на грчкиот инвеститор од групацијата на „Хеленик Петролеум“, со ветувања за модернизација, нафтовод и инвестиции. Во јануари 2013 година рафинеријата престана да преработува нафта, а државната Енергетска стратегија констатира дека оттогаш Македонија станала 100% зависна од увоз на нафтени деривати!

⚠️Левица не се помирува со тоа граѓаните, земјоделците, превозниците и целото стопанство да бидат последната ставка што ја плаќа геополитичката криза и поданичката политика на власта, додека Владата стои со раширени раце и собира 18% ДДВ врз сè поскапа основица. Дизел од 101,5 денари не значи само поскапо возење - тој утре влегува во транспортот, храната, земјоделското производство и секоја услуга што ја плаќаат граѓаните.

22/08/2026

ЛЕВИЦА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ИЗБОРИ, ЌЕ ГИ ОБЕДИНИМЕ СИТЕ КОИ САКААТ ОПШТЕСТВО ПОИНАКВО ОД ОНА ШТО ГО НУДАТ ДПМНЕ И СТАРИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ

📺Во изјава за Сител ТВ, пратеникот Амар МЕЦИНОВИЌ, потврди дека Левица е подготвена веднаш за избори:

📌„Животот во државата не напредува во ниту еден поглед. Напротив, само се уназадува. Очекуваме голема поддршка и сериозен резултат доколку се одржат избори, особено во Скопје и урбаните средини.

#Левица ја прифаќа идејата на Мицкоски за предвремени парламентарни избори и повикуваме на истите, затоа што сметаме дека, моментално, како политичка опција сме единствени кои можеме да ги мобилизираме и да подадеме рака на сите елементи во општеството кои сметаат дека е време да почнеме да создаваме општество кое е поинаку замислено од ова што може ДПМНЕ и сите политички сили кои досега владееле да ни го пружат.

👉Сметаме дека веќе ширум целата територија на Република Македонија имаме консолидирани гласови во изминатите пет години и не очекуваме никакви негативни осцилации. Напротив, позитивни осцилации и дека во Скопје трендот кој го забележавме на локални избори ќе продолжи” - истакна Мециновиќ.

❌️14 ЖРТВИ, НУЛА ОДГОВОРНОСТ - ПРЕСУДАТА ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ЈА ПОТВРДИ ИГРАТА НА ДПМНЕ И СДСМ: ВОЈНА ПРЕД КАМЕРИ, СО...
22/08/2026

❌️14 ЖРТВИ, НУЛА ОДГОВОРНОСТ - ПРЕСУДАТА ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ЈА ПОТВРДИ ИГРАТА НА ДПМНЕ И СДСМ: ВОЈНА ПРЕД КАМЕРИ, СОЈУЗНИШТВО ВО НЕКАЗНИВОСТА

🚨Повторно гледаме како во Македонија не се менуваат системи, туку чувари на истиот режим на привилегии. Едните заминуваат од власт натоварени со афери, другите пристигнуваат со заклетви за правда до крај, а меѓу две изборни смени останува недопрена најважната инфраструктура на поредокот, т.е. механизмот на заемна неказнивост. Криминалот станува предмет, предметот предистрага, предистрагата фиока, фиоката застарување или архивирање, а потоа целиот скандал воскреснува како материјал за следната изборна кампања. Во тој затворен круг ДПМНЕ и СДСМ не се антиподи, туку “конкуренти“ со заеднички интерес за системот никогаш да не стигне предалеку.

⛔️Четиринаесет луѓе загинаа, пет години поминаа, три обвинителки го менуваа предметот, две влади се сменија, а политичко-бизнис врвот повторно излегува без правен товар од целата приказна. Обвинителството соопшти дека не утврдило основи на сомнение за злоупотреба при набавките... Кога и по трагедија од вакви размери институционалниот биланс е толку стерилен, баналноста на одговорноста е уште поочигледна - строга надолу, а сè поблага нагоре.

‼️Токму затоа станува неподнослива секојдневната кореографија меѓу Мицкоски и Филипче. Од една страна секојдневно слушаме за јахти, златни визи, Заев, Дубаи, милиони и криминални шеми, а од друга, сè помалку гледаме правни епилози соодветни на драмата на тие обвинувања. Сега е уште појасно дека тоа е контролирана конфронтација, политичко уценување во кое противникот мора постојано да биде компромитиран, но системски никогаш целосно ликвидиран. За ДПМНЕ, Филипче е идеален додека е обвинет на прес-конференција, за СДСМ Мицкоски е идеален додека е закана со која се мобилизира сопствениот табор. Така едниот му го обезбедува политичкиот смисол на постоење на другиот, а јавноста добива бескрајна претстава на жесток судир зад кој неказнивоста продолжува да има парламентарно мнозинство без оглед кој формално владее.

📌Истата политичка солидарност ја видовме и со измените на Кривичниот законик. СДСМ со кворум обезбеден од ДПМНЕ отвори простор за пропаѓање и застарување на крупни предмети од што најголема корист имаа истакнати кадри на ДПМНЕ.

📣А Кочо Анѓушев е персонификација на олигархискиот континуитет што ја преживува секоја партиска смена. Поранешен вицепремиер во владата на Заев, сопственик на „Брако“, компанијата избрана за модуларните болници, а истовремено човек кој самиот Мицкоски го има во својата долгогодишна пријателска, академска и бизнис орбита. Политичките гарнитури се менливи, крупните интереси се трајни.

➡️Дополнително, ИРЛ објави дека обвинителката што го затворила предметот не презела ново истражно дејствие и немала информација за посебен ревизорски извештај во кој се отвора прашањето за дополнително подобрување на техничките барања заради поголема безбедност по пожарот.

🚩Кога политичките елити можат бескрајно да се обвинуваат, а речиси никогаш суштински да не се загрозат една со друга, не можеме да говориме за плурализам, туку за поделба на пленот - две партиски структури, ист систем на неказнивост, исти недопирливи олигархиски интереси и држава сведена на гарант на нивниот политички и економски опстанок.

20/08/2026

МИЛИОНИ ЗА ПРСКАЊЕ БЕЗ ДОКАЗ ДЕКА ДЕЛУВА - ИСТИ ФИРМИ И СРЕДСТВА, СÈ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ СО КОМАРЦИТЕ

‼️Во Македонија со години се плаќаат авиони, препарати, оператори и тендери за борба против комарците, но институциите упорно го прескокнуваат единственото нешто што би покажало дали тие милиони воопшто купиле нешто повеќе од прелет над градот - мерлив резултат. Само договорите за Скопје за 2020–2021 тежеле околу 1,1 милион евра, за 2022–2023 уште над еден милион, а годинашната зделка повторно се приближува до 600 илјади евра. Тоа се околу 2,75 милиони евра само во овие три јавно документирани циклуси, без останатите години и без договорите на општините. А по толкава потрошувачка јавноста нема серија споредливи извештаи што ќе покажат дека на конкретна локација имало мерлив ефект.

📌Како што објави и неделникот „Фокус“, индикативно е и што системот личи на затворен круг што сам себе си ја продолжува претплатата. „Приматекс Бранка“ и „Аероклуб Скопје“ се повторуваат низ договорите со години наназад.

📣Мерењето на ефикасноста не е наша политичка досетка, туку законска работа на институциите. Министерството самото потврдило дека Институтот за јавно здравје, во соработка со центрите за јавно здравје, ја следи ефикасноста и ја утврдува соодветноста на средствата, а елаборатите треба да содржат теренски податоци, мониторинг на претходните акции, испитување на успешноста и утврдување на бројноста и локалитетите на векторите. Тука Клековски има само две можности: ако вакви мерења постојат, нека ги објави сите, а доколку не постојат, нека објасни како со години се потпишувале елаборати, примале услуги и се трошеле милионски суми без доказ дека законски предвидената контрола на ефектот воопшто била направена.

🔴Понатаму, самиот Клековски зборувајќи за вонредниот третман во Драчево, изјави дека прскањето од земја е поефикасно од авионското. Во ред, тогаш нека го отвори прашањето што неговата власт очигледно не сака да го постави: Ако терестичката апликација е поефикасна, врз основа на која компаративна анализа со години се трошат стотици илјади евра и за авионска компонента? Каде е пресметката цена-ефект? Каде се GPS-трасите на летовите, реално третираните хектари, дозата по хектар, калибрацијата на распрскувачите, големината на капките и метеоролошките услови при секој лет? Каде е споредбата меѓу авионски и терестички третирана зона? Дури и производителите нагласуваат дека кај ULV-прскањето големината на капките директно влијае врз перформансите.
Ако ништо од ова не се мери, тогаш не сме плаќале метод избран затоа што е докажано најдобар, туку сме плаќале ритуал што институциите го повторуваат секое лето.

🚩Левица бара веднаш да се воспостави обврзувачки национален протокол за контрола на ефектот од дезинсекцијата. Пред и по секој третман да се мери бројноста на векторите на исти контролни точки, резултатите по општина, локалитет, препарат и метод да се објавуваат јавно, редовно да се тестира чувствителноста на комарците кон употребуваните активни материи, а за секој метод однапред да постои минимален праг на ефикасност под кој третманот се смета за неуспешен.

➡️Проблемот веќе не е само колку пати и дали навремено се прскало. Проблемот е што државата со години совршено знае колку чини прскањето, а не покажува колку вреди. Милиони евра, исти изведувачи, активни материи и ист ритуал секое лето не се доказ за функционална превенција.

12/08/2026

ОД ДПМНЕ ЛАЖАТ ДЕКА ГИ РЕШИЈА ПРОБЛЕМИТЕ НА СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ - ОТКУПУВАЧИТЕ СÈ УШТЕ ЈА ДИКТИРААТ ЦЕНАТА

‼️Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој гарантира дека утре откупувачот нема повторно да ја прекласифицира пиперката и да ја откупи по пониска цена? НИКОЈ! Затоа што нема законска одредба што го обврзува да го направи тоа. Државата повторно го остава земјоделецот сам пред откупувачот, иако земјоделецот веќе ги вложил своите пари, труд и цела сезона во тој род.

➡️И нека не заборава министерот-потрчко на ДПМНЕ дека цената на пиперката не беше единственото барање на земјоделците кои, и покрај сите притисоци, излегоа на улица. Што се случува со субвенциите, Серафимовски? Ем не ги исплативте, ем сега два месеци ги лажете земјоделците дека „паднал системот“! Секојдневно луѓе одат во подрачните единици на Министерството за да аплицираат за следната година, а вие ги враќате назад со истото бедно оправдување. Откако не им обезбедувате сигурен пласман, откако не им обезбедувате гарантирана цена и откако им го оставате целиот производствен ризик на грб, сега им ја ускратувате и онаа минимална државна поддршка што треба да им помогне да продолжат да произведуваат.
🔻Ги терате луѓето да доаѓаат пред вашите шалтери, да молат и да коленичат за средства што им следуваат, додека истовремено низ државните мерки, фондови и програми се отвора простор за криминали и перење пари под превезот на „поддршка“.

📣А за сето ова има решение, и тоа решение не е уште еден договор склучен зад затворени врати. #Левица бара законски регулирана минимална откупна цена за сите земјоделски култури, утврдена врз основа на реалните производствени трошоци, потребниот доход за одржување на земјоделското стопанство и разумна заработка за произведениот род. Тоа значи земјоделецот уште пред да сее да знае дека државата нема да дозволи неговиот производ да биде откупен под цена што го турка во загуба.

🧑‍🌾Паралелно со тоа, потребни се државни откупни центри - јавна инфраструктура каде земјоделците ќе можат да го предадат и складираат својот род, наместо веднаш по бербата, кога се најранливи и немаат каде да го пласираат, да бидат принудени да го дадат на првиот откупувач што ќе понуди што било. Со државни откупни центри, државата создава реална противтежа на откупувачите, обезбедува сигурен пласман, може да врши интервенционен откуп и да влијае врз формирањето на фер пазарна цена. Така се штити производителот, а не прекупувачот.

🌱И ова не е нешто што Левица го смислува денес за да ги придобие земјоделците. На ребалансот на Буџетот ова лето поднесовме конкретни амандмани за формирање државни откупни центри во Кочани, Свети Николе, Велес и Струмица. ДПМНЕ ги ОДБИ! Кога требаше да се гласа за решение што ќе им даде сигурен пласман на земјоделците и ќе ја намали нивната зависност од откупувачите, пратениците на ДПМНЕ избраа да не го поддржат. Сега Серафимовски излегува пред земјоделците со приказна дека склопил договор со истите оние откупувачи од кои требаше да ги заштити.

🔱ДПМНЕ јаде со златна лажица и мисли дека секој пат може да ги изигра луѓето со некоја нова парола, некој нов „договор“ и некоја нова исценирана фотографија. Оваа власт лежи во кревет со олигархијата, а секоја нивна „реформа“ е скроена така што најголемата корист да ја извлечат оние што веќе имаат капитал, откупни капацитети, складишта и пазарна моќ. Со секоја ваква политика се уништува производниот капацитет на Македонија. Кога ќе го натерате производителот да се откаже од нивата, не исчезнува парцелата туку човекот што произведува на неа, а неговото место го зазема увозот и зависноста од туѓо производство.

🚩Левица стои со земјоделците што произведуваат, а не со оние што профитираат од нивната мака.

✅Сигурен пласман, минимална гарантирана откупна цена, државни откупни центри и навремена исплата на субвенциите - тоа е земјоделска политика што го брани производителот и домашното производство. Серафимовски може да продолжи да склучува договори со откупувачите. Земјоделците имаат право да бараат многу повеќе од тоа.

08/08/2026

ДПМНЕ ИМА ПОВЕЌЕ СОВЕТНИЦИ ЗА МЛАДИ И ДЕМОГРАФИЈА ОТКОЛКУ КАКВИ БИЛО РЕЗУЛТАТИ – УЧИЛИШТАТА ИМ СЕ ПРАЗНАТ ПРЕД ОЧИ

•🚸Додека вмровската пропаганда оди во една насока, а населението во друга, на ДПМНЕ му останува уште празните училишни клупи да ги прогласи за историски успех на Владата. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) вели дека во учебната 2025/26 имало 17.921 прваче. Актуелната бројка од уписите за новата генерација е 4.900 помалку. Преведено на јазик што не трпи партиски спин, тоа се околу 13.021 запишани деца и ПАД од 27,3%. За една генерација од училишниот праг ИСЧЕЗНУВА повеќе од една четвртина од бројот на првачиња што го имавме лани.

•📉Уште посурово изгледа кога бројките ќе се вратат до матичните книги. Во 2019 година се родиле 19.845 деца, а во 2020 година 19.031 односно само 814 помалку - пад од 4,1%. Наспроти тоа, актуелниот пад кај првачињата е 27,3% – околу 6,7 пати подлабок од падот меѓу двете родени генерации. Од 19.031 деца родени во 2020 до сегашните околу 13.021 запишани се отвора сериозен јаз од околу 6.010 деца, односно 31,6% од родената генерација. Тој јаз опфаќа МИГРАЦИЈА, поместувања поврзани со уписот и други демографски фактори, но една работа е математички јасна - разликата во наталитетот од 814 деца објаснува само мал дел од дупката од илјадници деца што денес ја гледаме во училиштата.

•🤡МИЦКОСКИ во јануари зборува дека праќаат поголеми авиони бидејќи младите масовно се враќале дома засекогаш; во април зборува дека ќе дошло време младите да се враќаат дома; во мај од владина говорница самиот признава заминување на младите луѓе кои својата иднина ја бараат надвор од татковината, им порачува да не придонесуваат во туѓи економии и да сонуваат дома; во јуни за да ја оправда квотата на странски работници се побива себе и проценува дека за неколку години на Македонија може да ѝ недостигаат 150.000 до 250.000 луѓе и објаснува дека празниот простор што го оставаат ќе мора да го пополнуваат работници од трети земји. Во истиот период во јавноста беше пренесена и неговата изјава дека младите се враќаат во татковината. Значи според Мицкоски младите истовремено се враќаат, си ЗАМИНУВААТ, ќе недостигаат стотици илјади и ќе треба некој од странство да ги замени. Државната политика им се претвори во дневен хороскоп, па прогнозата им се менува според потребата на прес-конференцијата.

•👥За оваа катастрофа ДПМНЕ има и импресивна кадровска сценографија. Има цело Министерство за социјална политика, демографија и млади, а има и дополнителен владин советник, партискиот кадар Влатко ЃОРЧЕВ, кој е национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси. Во ресорното министерство има посебен советник за млади и демографски политики, демографија и миграција, државен советник за координација и развој на демографски политики, државен советник за демографија и миграции. Целиот овој административен ешалон функционира во држава каде во 2025 се родиле само 15.850 деца, а во првите три месеци од 2026 само 3.380 - нов ПАД од 4,1%, со природен прираст од минус 1.962 лица во еден квартал и негативен биланс во 66 општини. Полни кабинети со демографи, сè попразни породилишта и училници.

•🛫И младите многу добро знаат зошто семејниот живот го планираат со авионска карта во џеб. 29,5% од децата во Македонија живеат под прагот на СИРОМАШТИЈА, а кај домаќинствата со двајца возрасни и три или повеќе издржувани деца стапката стигнува до морничави 54,8%. Тоа е материјалната подлога врз која ДПМНЕ држи лекции за семејството, патриотизмот и сонувањето дома. На млад човек му требаат плата од која се живее, достапни станови, функционално здравство, градинка, образование и чувство дека трудот му создава иднина, а Мицкоски му нуди говор дека треба посилно да ја сака татковината.

•🏫ДПМНЕ ја претвори демографијата во работно место за партиски координатори и советници, а иселувањето во тема за патриотски проповеди. Празните клупи покажуваат дека ДПМНЕ многу поуспешно произведува причини за заминување отколку причини за останување. Со ова темпо, најголемото достигнување на нивната “ПРО-СЕМЕЈНА“ власт ќе биде едносменската настава затоа што за втора смена ќе нема деца.

#Левица

03/08/2026

ПОЛНА УСТА ДЕМОГРАФИЈА, А СО ПОЛИТИКИТЕ НА ДПМНЕ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОСТАНЕ ПРАЗНА

🚨На вчерашното одбележување на Илинден, пратеникот на ДПМНЕ Антонио Милошоски одлучи вината за демографската криза и падот на наталитетот да ја префрли врз македонскиот народ, наместо Владата конечно да погледне во последиците од сопствените политики. Наместо да се запрашаат дали има било каква поврзаност помеѓу падот на наталитетот и фактот што речиси секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија, ДПМНЕ повторно им одржа лекција на граѓаните за тоа како тие треба да ја водат „демографската борба“.

❗️Демографската криза не започнува во породилиштата, туку многу порано - во моментот кога младите треба да одлучат дали воопшто можат да си дозволат живот во Македонија. Денес синдикалната минимална кошничка изнесува 68.498 денари, а доколку семејството живее под кирија, потребни се речиси 84.000 денари месечно за покривање на основните трошоци. Истовремено, просечната нето плата изнесува околу 49.500 денари, додека цените на становите продолжуваат да растат и сопствен дом станува недостижен за огромен број млади луѓе. Во вакви услови, одлуката да се основа семејство не зависи од патриотски говори, туку од суровата економска реалност.

‼️Не може да се очекува демографски пресврт во држава во која едно младо семејство за покривање на основните месечни трошоци има потреба од речиси две просечни плати, а сопствен дом станува сè подалечна идеа дури и за двајца вработени.

👉Најочигледен пример за негрижата на оваа власт за иднината на Македонија е неисплаќањето на породилните надоместоци. Во држава која декларативно повикува на поголем наталитет, илјадници родилки со месеци чекаат да им биде исплатен законски загарантираниот надоместок. Во периодот кога семејството се соочува со најголеми трошоци, државата наместо поддршка им нуди бирократски хаос, неизвесност и префрлање на одговорност. Ваквиот однос е јасна порака дека товарот од родителството државата го префрла врз самите родители, а потоа цинично и бесрамно ги повикува да раѓаат повеќе деца.

✈️Владата ја претставува демографската криза како прашање на национална свест, додека сите релевантни анализи покажуваат дека нејзиниот корен лежи во иселувањето. Во анализата објавена минатата година, Меѓународниот монетарен фонд констатира дека Македонија повеќе од две децении бележи континуиран пад на населението, пред сè како последица на емиграцијата, а предупредува и дека овие демографски трендови веќе го намалуваат потенцијалниот економски раст на државата за околу 0,5 процентни поени годишно.

⚠️Со други зборови, Македонија не останува без луѓе затоа што младите не сакаат да имаат деца, туку затоа што сè повеќе млади не гледаат перспектива да живеат, работат и создаваат семејство во сопствената држава.

📣Најголемото лицемерие во изјавата на Милошоски не е повикот за демографска обнова, туку обидот одговорноста за демографската криза да се префрли врз самите граѓани. Тоа е суштината на неолибералната и десничарска матрица - државата се повлекува од сопствената одговорност, а товарот го префрла врз поединецот.

🎯Демографската криза не е резултат на недостиг од патриотизам или семејни вредности, туку директна последица на економскиот и социјалниот модел што со години го создаваат и одржуваат токму истите политички елити. Додека Владата одбива да се соочи со причините поради кои луѓето не можат достоинствено да живеат во Македонија, секој нивен повик за „демографска обнова“ останува само уште еден обид вината за сопствениот политички неуспех да ја префрлат врз граѓаните.

02/08/2026
29/07/2026

СО КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ ВО МРТВ ЦВЕТКОВСКИ ЌЕ РАКОВОДИ СО "СКОПЈЕ 2028"

‼️Додека во Собранието од денес влегува во постапка Предлог-законот за проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, кој предвидува и основање на Фондација, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски веќе го назначи екс директорот на МРТ, Марјан Цветковски за директор на Фондација која правно сè уште не постои.

❓Ова назначување го отвара наједноставното, најлогично, но и најсуштинско прашање: врз основа на кое законско овластување е извршено ова назначување?

➡️Според Предлог-законот, директорот на Фондацијата го именува Управниот одбор. Но Управен одбор сè уште не може да постои, бидејќи Фондацијата не е основана со закон. Ова покажува дека кадровските решенија се однапред договорени, а законот треба само дополнително да ги легализира.

📣Дополнително загрижува изборот на Марјан Цветковски, човек чие долгогодишно управување со Македонската радио-телевизија остана запаметено по финансиски проблеми, висока задолженост и бројни критики во ревизорските извештаи.

🚨Во 2019 година, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Цветковски поради сомнение за злоупотреба на службената положба. Според тогашните информации, при обезбедување кредит од околу 2,5 милиони евра за набавка на техничка опрема, под хипотека бил ставен имот на МРТ без соодветна согласност од Собранието, при што била направена штета од околу 154 милиони денари.

⚠️Во текот на неговото раководење, ревизорските извештаи континуирано укажуваа на висока задолженост, одложени инвестиции и проблеми во финансиското работење на јавниот сервис. По 14 години директорски мандат, МРТ остана јавен сервис што заостанува зад националните радиодифузери во регионот.

❗️Не треба да се заборави ниту дека неговиот реизбор за директор на МРТ беше проследен со сериозни правни контроверзии, бидејќи во јавноста беа изнесени аргументи дека најмалку четворица членови на Програмскиот совет, кои гласаа за негов избор, биле избрани спротивно на член 119 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

♦️Денес, истиот човек се поставува на чело на проект тежок над 20 милиони евра јавни средства, и тоа пред воопшто да биде формирана институцијата со која треба да раководи.

🔴Уште позагрижувачки е што Предлог-законот за Фондацијата отвора сериозни дилеми околу начинот на трошење на јавните средства. Се предвидува посебен режим на набавки надвор од Законот за јавните набавки, концентрирани овластувања кај органите на Фондацијата, ограничена улога на Советот на Град Скопје и можност Фондацијата да располага со јавен и приватен имот за потребите на проектот.

❌Кога на сето тоа ќе се додаде фактот дека директор се именува пред да постои Фондацијата и пред да биде формиран Управниот одбор кој, според самиот Предлог-закон, треба да го избере, основано се поставува прашањето дали се почитува правниот поредок или однапред се воспоставува модел во кој законските процедури се сведуваат на формалност.

📌Проектот „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“ треба да биде пример за култура, транспарентност и отчетност, а не пример како институциите се ставаат пред свршен чин, а законите се приспособуваат на однапред донесени кадровски одлуки.

🗣️И да не се заборави, Марјан ЦВЕТКОВСКИ СО МАНДАТ ОД 14 ГОДИНИ како директор на МРТВ е најголемиот виновник за катастрофата на националниот сервис кој е најслаб во регионот. Сега тој ќе раководи со Фондацијата што ќе го спроведува проектот „Скопје европска престолнина на културата".

16/07/2026

❓️ДАЛИ ВЛАДАТА ИМА НАМЕРА ВИСТИНСКИ ДА ИМ ПОМОГНЕ НА СТОЧАРИТЕ И ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ

"Како може да имаме вишок на македонско млеко кога домашното производство покрива само околу 62% од македонскиот пазар"?

🗣 Проблемот е во неконтролираниот увоз на млеко во прав и млеко од соседна Србија. Се поставува прашањето дали Владата ќе преземе нешто по ова прашање кое ги тишти домашните сточари? - пратеникот Борислав Крмов на седницата посветена на пратенички прашања.

#ЛевицаОдПарламентот

Address

Karbinci

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Левица - Карбинци posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share