19/08/2026
Старите партнери секогаш се најверни еден на друг!
Денес остварив одлична и искрена коалициска средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија и претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашето долгогодишно партнерство е изградено врз доверба, почит и заедничка посветеност кон стабилна и просперитетна Македонија.
Разговаравме за актуелните политички состојби, за идните предизвици и за прашањата од значење за граѓаните, со посебен акцент на унапредувањето на положбата на Ромите и нивната целосна интеграција во општеството.
Кога постои доверба меѓу партнерите, кога се разговара отворено и кога заедничката цел е интересот на државата и граѓаните – тогаш можат да се постигнат вистински резултати.
Продолжуваме заедно, со уште поголема енергија и посветеност. 🇲🇰🤝