Општина Кочани

Општина Кочани Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Општина Кочани, City Hall, Rade Kratovche 1, Kocani.
(1)

Превентивна акција: Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата!!!Во насока на унапредување на сооб...
06/08/2026

Превентивна акција: Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата!!!

Во насока на унапредување на сообраќајната култура и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Општина Кочани и ОВР Кочани реализираа превентивна акција под мотото „Со тротинет и велосипед секогаш вози безбедно и според правилата“.

Во рамките на акцијата, екипи на терен им поделија едукативни летоци на возачите на лесни електрични возила и на велосипедистите. Летоците, подготвени од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, содржат практични совети и препораки за безбедно и одговорно учество во сообраќајот.

Сообраќајните служби потсетуваат дека Градскиот парк е пешачка зона, па лесните електрични возила и велосипедите треба да се буткаат, а не да се управуваат.

Целта на ваквите превентивни активности е да се подигне свеста кај граѓаните за почитување на сообраќајните правила, правилно користење на велосипедите и електричните тротинети, како и намалување на ризикот од сообраќајни незгоди. Со едукација и навремено информирање се придонесува кон создавање побезбедна сообраќајна средина, развивање одговорни навики кај учесниците во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на граѓаните.

Јавен повик за авторски трудовиПо повод петгодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе,...
06/08/2026

Јавен повик за авторски трудови

По повод петгодишнината од осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“ во Свети Николе, што се одбележува оваа година, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Брегалничката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Илиарион, подготвува зборник посветен на ликот и делото на Света Лидија Македонка.

За таа цел е распишан Јавен повик за доставување авторски трудови за улогата на жената во православната црква и за ликот и делото на Света Лидија Македонка. Право на учество имаат сите заинтересирани авторки, истражувачки, професорки, теолози, научни и културни работнички и други лица што ќе придонесат кон содржината на зборникот.

Трудовите треба да бидат напишани на македонски јазик, во Ворд со фонт 12, најмногу до 7 страници (А4 формат) и да се испратат на е-адресата: [email protected]. Рокот за доставување на авторските трудови е до 1 септември 2026 г.

Зборникот со трудови ќе биде промовиран на денот на осветувањето на храмот „Св. Лидија Македонка“.

03/08/2026

Од срцето на Осоговските Планини извира река која со години беше затрупана со отпад. Денес, наместо слика на негрижа, таму има механизација, работа и конкретна акција.

Општина Кочани, во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани, спроведува расчистување на речното корито кај Белски Дол, на околу еден километар од селото Бели. Со оваа акција се отстранува долгогодишно наталожениот отпад и се враќа природниот изглед на оваа локација.

Оваа река не е само водотек – таа е дел од природното богатство на Осоговијата и природен ресурс кој има значење за локалното население и за зачувувањето на целиот екосистем. Затоа, нејзината заштита е заедничка обврска и одговорност.

Продолжуваме по патот што го зацртавме – со конкретни активности на терен, со грижа за секој природен локалитет и со посветеност во создавањето почиста, поуредена и поздрава Општина Кочани.

Грижата за природата не завршува денес. Таа продолжува со секоја наредна активност и со одговорниот однос на сите нас кон местата што ги оставаме на идните генерации.

02/08/2026

Честит Илинден, за многу години!

– Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род. Благословени да се нашите наследници. Ние сме должни да го браниме заветот, а аманетот нека остане за идните генерации. За многу години, нека е вечен Илинден, да е вечна Македонија – рече во празничната честитка градоначалникот Грозданов.

Градоначалникот Владко Грозданов со честитка по повод Илинден: Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го прод...
02/08/2026

Градоначалникот Владко Грозданов со честитка по повод Илинден: Благословена да е утробата на секоја мајка што ќе го продолжи македонскиот род!

По повод големиот национален празник Илинден, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, со членови од Советот на Општината и општински граѓански и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата.

– Денеска одбележуваме123 години од Илинденското востание во Крушево и 82 години од АСНОМ. 2 Август не е само обичен датум. 2 Август обединува два различни датума, една идеологија, многу генерации, една визија, а тоа е татковината на кога илинденците во 1903 се охрабрија и го подигнаа својот глас знаејќи и без тоа дека се многу послаби од противникот, невооружани, речиси и со голи раце и кога 10 дена нивното востание беше задушено и платија со своите животи, а своите коски ги оставија во темелите на нашата држава.
На 2 Август 1944 година во манастирот „Св. Прохор Пчињски“ тие темели се надоградија со столбовите, институционалните столбови на нашата идна држава. А со осамостојувањето, еве денес, можеме гордо да кажеме дека живееме во слободна држава, го зборуваме мајчиниот јазик и ги градиме институциите самите ние. Слава на хероите. Благословена да е утробата на секоја мајка која ќе го продолжи македонскиот род. Благословени да се нашите наследници. Ние сме должни да го браниме заветот, а аманетот нека остане за идните генерации. За многу години, нека е вечен Илинден, да е вечна Македонија – повика градоначалникот Грозданов.

Честитка по повод големиот празник Илинден упати и пратеникот во Собранието, Миле Лефков.

– Со положување свежо цвеќе на Споменикот на слободата и на споменикот на Никола Карев овде во Паркот на Револуцијата оддаваме почит на сите што се бореле за независна Македонија и ги оставиле своите животи. Илинден не е само наша историја Илинден е и наш завет завет за иднината за да градиме просперитетна, демократска, развиена и горда Македонија. Нека ни е вечен Илинден нека ни е вечна Македонија – рече Лефков.

Јавен повик  за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општ...
30/07/2026

Јавен повик за доставување предлози за доделување Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани и Награда за животно дело

I. Општина Кочани доделува Награда на Општина Кочани за значајни остварувања за развојот на општината Кочани.
– Наградата за значајни остварувања за развојот на општината Кочани се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.
– Наградата е во форма на плакета.

II. Општина Кочани доделува Награда на Општина Кочани за животно дело.
– Наградата на Општина Кочани за животно дело е плакета и се доделува во случаи на исклучителни резултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оцена на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.
III. Предлозите за доделување на наградите се доставуваат до Одборот за доделување награди на Општина Кочани на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1.

Предлозите треба да бидат образложени.

IV. Јавниот повик трае од 31.07.2026 година, до 25.08.2026 година.

https://kocani.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bb%d0%be%d0%b7-3/

29/07/2026

Исчистена е обраснатата вегетација на локалниот патен правец Бели – Нивичани – Пантелеј.
Отстранетата вегетација од двете страни на коловозот ја подобрува прегледноста на патот, како значаен фактор за зголемена безбедност на учесниците во сообраќајот.
Општина Кочани апелира во претстојните празници, кога фреквенцијата на сообраќајот кон верските објекти на овој дел од општината ќе биде зголемена, возачите да ги управуваат внимателно возилата, според сообраќајните правила и прописи.

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на Јав...
28/07/2026

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие за стопанисување, поставување и одржување на јавно осветлување, вршење на јавен превоз на патници и превоз на ученици „Светлина Ко 2022“- Кочани.

ЈАВЕН ПОВИК за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен и надзорен одбор на Јавно претпријатие за стопанисување, поставув....

25/07/2026

Address

Rade Kratovche 1
Kocani
2300

Opening Hours

Monday 07:30 - 03:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Кочани:

Shortcuts

Share

Category