ВМРО - ДПМНЕ Кочани

ВМРО - ДПМНЕ Кочани ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година. Позционирана е десно од центарот.

ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 јуни 1990 година. Позиционирана е десно од центарот. ВМРО-ДПМНЕ е полноправна членка на Европската Народна Партија

31/08/2026
26/08/2026
26/08/2026

📢 ЈАВЕН ПОВИК
за кандидирање за претседателки на Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Согласно Одлуката на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на членовите 64 и 70 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 78 од Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен Повик за кандидирање на Претседателки на Општинските Комитети на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во следните општини:

📍 Македонски Брод, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани, Центар, Карпош, Сарај, Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово, Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Зелениково, Петровец, Илинден, Чешиново- Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Лозово, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Велес, Градско, Чашка, Радовиш, Конче, Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кривогаштани, Могила, Новаци, Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Демир Хисар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Дебар, Гостивар, Тетово, Теарце, Брвеница, Јегуновце, Боговиње.

Кандидатите за претседателки на Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат членки на ВМРО-ДПМНЕ.

За поднесување на кандидатурата, потребно е да се достават биографија (CV) и мотивациско писмо, во кое кандидатките ќе ја образложат својата визија и приоритети за работа и развој на Општинскиот комитет.

📩 Документите се доставуваат по електронски пат на [email protected] или лично во седиштето на партијата, Палата „Др. Христо Татарчев“ (Плоштад ВМРО бр.1), најдоцна до 9 (среда) септември 2026 година.

По доставувањето на кандидатурата, кандидатките кои ги исполнуваат предвидените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите кандидатки имаат еднакви можности и шанси за избор. Процесот на избор ќе се темели на нивните лични и професионални квалитети, мотивација, посветеност и јасно дефинирана визија за развој и унапредување на работата на Унијата на жени на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ја провери точноста и веродостојноста на податоците наведени во биографијата на секоја кандидатка.

Сите доставени кандидатури ќе се третираат со строга доверливост, со цел обезбедување соодветна заштита на личните податоци на кандидатките.

УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ
https://shorturl.at/WiDIO

25/08/2026

🎒ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА – „ПОДАРИ УЧИЛИШЕН ПРИБОР, ПОДАРИ ПОУБАВ ПОЧЕТОК“

Секое дете заслужува новата учебна година да ја започне подготвено, со насмевка и со еднакви можности.

Затоа, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Кочани организира хуманитарна акција за собирање училишен прибор.

📅 26.08.2026
⏰ 19:00 – 20:00 часот
📍 Градски парк – Кочани

Донирај училишен прибор тетратки, моливи, бои, ранци или што и да можеш и помогни некому да влезе сигурно и подготвено во новата учебна година. 🎒📚

Мал гест за нас, голем почеток за едно дете.

Да бидеме хумани. Да си подадеме рака. Да подариме почеток.

Продолжуваме заедно, со отворен разговор и силна соработка на терен.Денес во Кочани имавме можност да разговараме со Шаб...
24/08/2026

Продолжуваме заедно, со отворен разговор и силна соработка на терен.

Денес во Кочани имавме можност да разговараме со Шабан и членовите на Демократски сили на Ромите за сите прашања, предизвици и можности кои се важни за нашите сограѓани.

Како организации кои делуваат во интерес на граѓаните, нашата обврска е да бидеме блиску до луѓето, да слушаме, да разговараме и заеднички да работиме на создавање подобри услови за живот.

Благодарам за посетата и за конструктивниот разговор. Ваквите средби се потврда дека со взаемна почит, партнерство и заедничка посветеност можеме да направиме повеќе за Кочани.

Продолжуваме обединети, со работа и со јасна определба Кочани да биде град во кој секој граѓанин ќе се чувствува почитуван, слушнат и еднакво важен.

23/08/2026

36 години историја, идеја, посветеност и заедништво.

Голема благодарност до секој еден член, симпатизер и поддржувач кој низ годините дал свој придонес во градењето на нашата организација. Секој од вас е дел од оваа приказна.

Но, пред нас се нови предизвици и нови обврски. Мораме да бидеме подобри луѓе, посплотени и да си подадеме рака едни на други.

Затоа што само заедно можеме да направиме Кочани да биде град каков што заслужуваат нашите сограѓани, нашите деца и идните генерации.

36 години зад нас уште посилни за годините што доаѓаат!

22/08/2026
36 ГОДИНИ ИДЕЈА, ВРЕДНОСТИ И ОБВРСКА ЗА ИДНИНАТА!Денес заедно го одбележавме 36-годишното постоење на Општинскиот Комите...
22/08/2026

36 ГОДИНИ ИДЕЈА, ВРЕДНОСТИ И ОБВРСКА ЗА ИДНИНАТА!

Денес заедно го одбележавме 36-годишното постоење на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кочани.

36 години истрајност, посветеност и идеја. Но, истовремено, и обврска за следните 36 години за генерациите што доаѓаат и за Македонија што ја градиме денес.

Нашиот Општински Комитет е сплотен, обединет и силен, со јасна визија за иднината.

Мораме да бидеме подобри луѓе. Да си подаваме рака едни на други, да ги решаваме проблемите заедно, да се поддржуваме и заедно да се радуваме на секој успех и на секој проект што носи подобро утре за секој наш сограѓанин.

Затоа што политиката мора да биде пред сè служба на луѓето и работа за подобра иднина.

Продолжуваме заедно, со уште поголема енергија, одговорност и верба во она што можеме да го направиме.

Додека ВМРО-ДПМНЕ е силно, Македонија ќе се развива, ќе напредува и ќе биде стабилна!

36 години ВМРО-ДПМНЕ Кочани и продолжуваме уште посилно!

Address

Ул “Охридска” бб Кочани
Kocani

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ВМРО - ДПМНЕ Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ВМРО - ДПМНЕ Кочани:

Shortcuts

Share