ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani

ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani ДПД Кочани е доброволно друштво кое ќе се залага за справување со секакви елементарни непогоди.

01/09/2026
Битката за Бонче – четата на ЧентоВо вторникот, екипата на ДПД Кочани, ангажирана од страна на Дирекцијата за заштита и ...
23/08/2026

Битката за Бонче – четата на Ченто

Во вторникот, екипата на ДПД Кочани, ангажирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), се упати кон прилепскиот Мариовски регион, каде што огнената стихија беснееше во повеќе села – Дуње, Крушеица, Чаништа, Подмол, Лопатица и Бонче.

Со шестчлена екипа и две возила, нашите пожарникари-волонтери дејствуваа рамо до рамо со ДПД „Архангел“ од Битола и ДПД Виница, во координирана и непрекината борба со огнената стихија.

Но, најтешката битка се водеше за Бонче.

Речиси 48 часа траеше борбата за одбрана на селото. Пламените јазици се закануваа да го проголтаат целиот предел и да навлезат во самото село. Исцрпени од претходните денови и часови поминати во активно гасење на пожарот на повеќе локации, нашите луѓе повторно застанаа на првата борбена линија.

Во раните утрински часови денес следеше последниот и најсилен удар. Огнот повторно се закани да го проголта Бонче.

Но, тогаш до израз дојдоа храброста, истрајноста, пожртвуваноста и пред сè – тимската работа.

Со добра координација, ладна глава и неколебливост, сите учесници во акцијата го дадоа својот максимум. И покрај видливата измореност и исцрпеност, никој не се повлече.

Бонче беше одбрането.

Огнените јазици не успеаја да го проголтаат селото.

Ова не беше само битка со огнот. Ова беше битка за луѓето, за домовите и за едно село кое мораше да биде сочувано.

Голема благодарност до сите наши луѓе кои неуморно стоеја на терен, како и до ДПД „Архангел“ – Битола и ДПД Виница за одличната координација и заедничката борба.

Ова е приказна за храброста.
Ова е приказна за истрајноста.
Ова е приказна за „четата на Ченто“.

🔥 Битката за Бонче е добиена!
🤝 Заедно посилни!
🚒 ДПД Кочани
#кочани🇲🇰

🚒 ДПД Кочани – петти ден на терен во Мариовскиот регионШестчлена екипа на ДПД Кочани, со две возила, ангажирана од стран...
22/08/2026

🚒 ДПД Кочани – петти ден на терен во Мариовскиот регион

Шестчлена екипа на ДПД Кочани, со две возила, ангажирана од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, веќе петти ден активно учествува во справувањето со пожарот во Мариовскиот регион.

Во изминатите денови нашата екипа интервенираше на пожари во селата Дуње, Крушевица, Чаништа, Бонче, Подмол и Лопатица.

На терен се работи во координирани акции, заедно со ДПД „Архангел“ од Битола, ДПД Виница и ТППЕ Прилеп. Поради тежината на пожарот и исклучително тешкиот и непристапен терен, гасењето се одвива отежнато, а екипите дејствуваат крак по крак, со цел постепено ставање на пожарот под контрола.

Посебно сакаме да ја истакнеме одличната соработка со Општина Прилеп, МВР – Прилеп, Граничната полиција, месното население, како и со локалните донатори кои несебично обезбедуваат храна, вода и пијалоци за екипите на терен.

🙏 Особена благодарност упатуваме до домаќините на манастирот „Св. Георги“ во село Дуње, кои ни ги ставија своите капацитети на располагање и ни овозможија услови за престој и одмор.

💪 Нашата екипа останува на терен сè до комплетна ликвидација на пожарот.

Заедно, координирано и посветено – за безбедноста на луѓето и природата. 🚒🔥

#ДПДКочани #Мариово #Пожар #ДЗС #ДоброволниПожарникари #ЗаедноПосилни

ЈАВНО СООПШТЕНИЕДоброволното противпожарно друштво Кочани ја информира јавноста дека при чистењето на одводниот канал ко...
07/08/2026

ЈАВНО СООПШТЕНИЕ

Доброволното противпожарно друштво Кочани ја информира јавноста дека при чистењето на одводниот канал кој поминува низ кругот на ТППЕ Кочани и ДПД Кочани, од страна на АД „Водостопанство – Брегалница“ повторно е формирана мини депонија од отпадот изваден од каналот.

Иако навременото чистење на каналот е неопходно, сметаме дека е недозволиво отпадот да остане депониран во кругот на противпожарните служби. Од самиот почеток инсистиравме отпадот веднаш да биде транспортиран и одложен на соодветна депонија, но за жал нашите барања не беа прифатени.

Во обид да се избегне ваквата состојба, ДПД Кочани достави и писмено барање до АД „Водостопанство – Брегалница“, а беше остварен и телефонски разговор со директорот на претпријатието. И покрај сите наши напори, не беше пронајдено решение, па денес повторно сме соочени со истата слика – мини депонија во кругот на службите кои секојдневно се грижат за безбедноста на граѓаните.

Ваквата состојба не само што го нарушува изгледот и хигиената на просторот, туку претставува и потенцијален здравствен и еколошки ризик. Недозволиво е ваква депонија да остане во кругот на противпожарните служби.

Затоа, јавно апелираме до АД „Водостопанство – Брегалница“ и до сите надлежни институции итно и без одлагање да го отстранат наталожениот отпад и да обезбедат трајно решение, со кое при идните чистења отпадот веднаш ќе биде транспортиран до соодветна депонија, а нема повторно да се создаваат мини депонии.

Безбедната и чиста животна средина е заедничка одговорност. Очекуваме брза и одговорна реакција.

Доброволно противпожарно друштво Кочани

🚒 АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ – НЕ ПАЛЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР! 🔥Почитувани граѓани,Поради високите температури кои се очекуваа...
30/07/2026

🚒 АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ – НЕ ПАЛЕТЕ ОГАН НА ОТВОРЕН ПРОСТОР! 🔥

Почитувани граѓани,

Поради високите температури кои се очекуваат во наредниот период, значително се зголемува опасноста од појава и брзо ширење на шумски и пожари на отворен простор.

🚫 Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да не палат оган на отворен простор, како и да не оставаат отпад и други материјали кои можат да предизвикаат пожар.

⚠️ Еден момент на невнимание може да предизвика голема опасност и непроценлива материјална и еколошка штета.

📞 Доколку забележите пожар, веднаш пријавете на:
193 – Противпожарна служба
112 – Единствен број за итни случаи

Да бидеме одговорни и внимателни. Заедно да ги заштитиме нашите шуми, природата и нашите животи! 🌲❤️

🚒 ДПД Кочани

🤝 Посета и средба со претседателот на Советот на Општина КочаниВо текот на вчерашниот ден, ДПД Кочани имаше чест да биде...
24/07/2026

🤝 Посета и средба со претседателот на Советот на Општина Кочани

Во текот на вчерашниот ден, ДПД Кочани имаше чест да биде посетено од претседателот на Советот на Општина Кочани, господинот Александар Андов.

На средбата разговаравме за досегашната работа на ДПД Кочани, постигнатите резултати, како и за предизвиците со кои се соочуваме во нашето секојдневно делување. Г-дин Андов изрази благодарност за досегашниот ангажман и придонесот на нашите членови, притоа истакнувајќи ја важноста од понатамошна поголема вклученост и поддршка во остварувањето на заедничките цели, кои се од огромно значење за нашиот град и нашата заедница.

Како знак на благодарност за досегашниот ангажман, на членовите на ДПД Кочани им беа доделени благодарници, а дополнително добивме и донација на маици за летната сезона.

Упатуваме искрена благодарност до претседателот на Советот на Општина Кочани, господинот Александар Андов, за покажаниот интерес да се запознае со нашето работење, за укажаното признание и за донацијата.

Веруваме дека ваквите средби и отворениот дијалог ќе придонесат кон значително зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу Општина Кочани и ДПД Кочани, со заедничка посветеност кон цели што се во интерес на сите граѓани.

❤️ Заедно за побезбедно, посолидарно и подобро Кочани!

🚒❤️ ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО АМАЗОНЧЕ Р И ИВИЦА КОЦОВ! ❤️🚒ДПД Кочани упатува искрена благодарност до АМАЗОНЧЕ Р и Ивица Ко...
23/07/2026

🚒❤️ ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО АМАЗОНЧЕ Р И ИВИЦА КОЦОВ! ❤️🚒

ДПД Кочани упатува искрена благодарност до АМАЗОНЧЕ Р и Ивица Коцов за несебичната поддршка и професионалното брендирање на нашето возило. 🙏

Со вашиот труд и ангажман, нашето возило доби нов и препознатлив изглед, со што уште повеќе ја истакнува мисијата и посветеноста на ДПД Кочани во служба на граѓаните. 🚒

Ви благодариме што го препознавате значењето на доброволното пожарникарство и што со вашиот придонес сте дел од нашата приказна! 🤝

Заедно сме посилни! ❤️

#ДПДКочани #ДоброволниПожарникари #Благодарност #ЗаедноСмеПосилни

🚒 Заедно посилни за безбедноста на нашата татковина! 🇲🇰Вчера, во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, на покана на директо...
16/07/2026

🚒 Заедно посилни за безбедноста на нашата татковина! 🇲🇰

Вчера, во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, на покана на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, се одржа првото постројување на доброволните пожарникари од Република Македонија.

На овој историски настан присуствуваа повеќе од 250 доброволни пожарникари од целата држава, обединети со една и единствена мисија – да помогнеме на татковината кога е најпотребно.

За нас, како релативно младо доброволно противпожарно друштво кое постои неполни пет години, беше чест да бидеме дел од овој значаен настан. Ваквото заедничко постројување испрати силна порака дека доброволното пожарникарство е важен столб на системот за заштита и спасување и заслужува поголемо внимание и поддршка.

Веруваме дека овој настан треба да биде поттик државата и сите релевантни институции сериозно да се посветат на решавање на системските предизвици и подобрување на условите за работа на доброволните пожарникари. Истовремено, ги повикуваме и општествено одговорните компании да продолжат и уште повеќе да инвестираат во доброволното пожарникарство, бидејќи секоја поддршка значи поголема безбедност за сите граѓани.

Благодарност до Дирекцијата за заштита и спасување и директорот Стојанче Ангелов за иницијативата и организацијата на овој значаен настан.

Доброволното пожарникарство не е само хуманост – тоа е чест, одговорност и љубов кон татковината. ❤️🚒

📢 Голем ден за ДПД Кочани!Со огромна чест и гордост ве известуваме дека ДПД Кочани успеа да обезбеди пикап возило, кое в...
10/07/2026

📢 Голем ден за ДПД Кочани!

Со огромна чест и гордост ве известуваме дека ДПД Кочани успеа да обезбеди пикап возило, кое во наредниот период ќе биде надградено со специјален модул за гасење шумски пожари.

Ова беше една од нашите примарни цели уште од самото основање на друштвото. Денес, благодарение на заедничката поддршка и доверба, таа цел е остварена.

Ова возило претставува значајно засилување на нашите капацитети и ќе има огромно значење не само за ДПД Кочани, туку и за градот Кочани и целата заедница. Ќе ни овозможи побрза и поефикасна интервенција при шумски и отворени пожари, со што директно придонесуваме за поголема безбедност на граѓаните и заштита на природата.

Воедно, сакаме од срце да им се заблагодариме на сите општествено одговорни компании, институции и физички лица кои од самиот почеток стојат зад ДПД Кочани. Вашата доверба, поддршка и несебична помош се темелот врз кој го градиме ова друштво.

Без вас, ДПД Кочани немаше да биде тоа што е денес.

Продолжуваме уште помотивирани, со нови цели и уште поголема посветеност кон безбедноста на нашите сограѓани.

❤️ Ви благодариме за довербата!
🚒 Заедно за побезбедно Кочани!

🚒 Примопредавање на автоцистернаДенес ДПД Кочани официјално изврши примопредавање на противпожарно возило – автоцистерна...
08/07/2026

🚒 Примопредавање на автоцистерна

Денес ДПД Кочани официјално изврши примопредавање на противпожарно возило – автоцистерна, на ДПД Повардарец од Неготино, согласно договорот за продажба помеѓу двете доброволни противпожарни друштва.

Возилото ќе биде ставено во функција на ДПД Повардарец и ќе придонесе за зајакнување на нивните оперативни капацитети при противпожарни интервенции и заштита на граѓаните.

На колегите од ДПД Повардарец им посакуваме возилото долго и сигурно да им служи, како и многу успешни и безбедни интервенции.

🤝 Со почит и добра соработка помеѓу доброволните противпожарни друштва.

ДПД Кочани 🚒

Address

Ul 302 Br. 2
Kocani
2300

Telephone

+38971851028

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ДПД Кочани / Volunteer Fire Department Kocani:

Share