11/08/2026
💦КАКВА ВОДА ПИЈАТ ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КОНЧЕ?
🗣 Советникот Серхан Нанушев, советник во Советот на Општина Конче од редовите на СДСМ, предложи независно и транспарентно испитување на физичко-хемиската и бактериолошката исправност на водата за пиење.
Предлогот предвидува земање примероци од три различни локации - основното училиште, детската градинка и едно домаќинство приклучено на јавниот водовод - и нивно испитување паралелно во три акредитирани лаборатории.
Но, сами погледнете го видеото и проценете колкава била поддршката од градоначалникот за предлогот што директно се однесува на здравјето и квалитетот на водата која ја пијат граѓаните на Општина Конче.
Воедно, на самото видео можете да забележите дека предлогот не беше поддржан од сите советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Прашањето е едноставно: Дали треба да има нешто поважно од тоа граѓаните да знаат каква вода пијат?
🎥 Видеото можете да го погледнете подолу.
Видеото е преземено од официјалната YouTube страна на Општина Конче.