ОК ВМРО - ДПМНЕ Кривогаштани

ОК ВМРО - ДПМНЕ Кривогаштани Добредојдовте на официјалната страна на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кривогаштани

21/08/2026

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада…

21/08/2026
20/08/2026

ОД БЛОКАДА, ДО НОВИ ВРАБОТУВАЊА!

Инаетливост, аматеризам и тотално погрешно менаџирање се карактеристиките што го одбележуваат работењето на сегашниот, но и на претходниот директор на ООУ „Јонче Смугрески“ во Обршани.
Еве, денес на вонредна седница повторно моравме да го спасуваме училиштето од опасноста од повторна блокада. Долгот кон ЕВН сега ќе го преземе Општината и колку-толку, е тргната опасноста од тоа да не започне наставата навреме.
Но, апсурдот да биде уште поголем и покрај сите овие проблеми, по трет или четврти пат директорката повторно ни доставуваше ист план за непотребни нови вработувања.
За жал, наместо решение за проблемите, повторно гледаме исто сценарио вработувања од кои, според нас, најголем интерес има партиското штабче на СДСБ.
Училиштето не е партиски штаб. Учениците и наставата мора да бидат приоритет!

-Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ

19/08/2026

КОГА ИМА ЈАВЕН ПРИТИСОК, ИМА И РЕЗУЛТАТ!
За Манчу Матак зборуваме.
Оваа година, и покрај енергетската криза на светскиот пазар и нафтата која е околу 90 денари, новиот договор за превоз е 3.499.999 денари.
Претходниот договор, кој повеќе пати беше продолжуван со анекси, достигнал 4.178.616 денари, во период кога нафтата била околу 70 денари.
Тоа е разлика од 678.617 денари помалку.
Затоа, честитки до советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои преку јавниот притисок и контролата придонесоа договорот да биде намален, иако денес условите се потешки.
Остануваат 678.617 денари кои можат паметно да се искористат за опремување и реновирање на кабинетите, како и за подобрување на условите за учениците и вработените во Манчу Матак.

18/08/2026

Отворен е јавниот повик за претседатели на Општинските комитети на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме сите млади кои имаат визија, енергија, одговорност и желба активно да придонесуваат во својата општина да се пријават и да ја преземат одговорноста за градење силна, организирана и активна младинска структура.

Ова е можност за сите оние кои сакаат да бидат дел од процесот на создавање нови идеи, нова енергија и нови успеси.

📅 Рок за пријавување: 31.08.2026 година

Пријавете се. Преземете одговорност. Бидете дел од тимот што ја движи младината напред.

Да живее Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ!

17/08/2026

🇲🇰 На 19 август, Прилеп ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Република Македонија.

На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе се соберат повеќе од 100 македонски уметници, со музика што ги обединува генерациите, песни што се дел од нашето паметење и гласови што ја раскажуваат приказната за нашата Македонија!

Ова ќе биде вечер заедно да го почувствуваме она што нè поврзува, љубовта кон татковината, македонската песна, културата, традицијата и гордоста што ја носиме во себе.

Ве поканувам сите, млади и возрасни, прилепчани и гости од цела Македонија, да бидеме заедно на плоштадот и достоинствено да одбележиме 35 години независна Македонија.

19 август - 20:30 часот
Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

❤️ Прилеп е подготвен. Македонија во срцето!

13/08/2026

ПРАШАЊА ДО ЈП ПЕЛАГОНИЈА- Кривогаштани И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

Подолг период ја следиме состојбата поврзана со правата на вработен во ЈКП „Пелагонија“ и сметаме дека е време за јасни одговори.

Зошто не е исплатена јубилејната награда, иако барањето е поднесено на 01.09.2023 година?
Дали во ЈКП „Пелагонија“ во минатото се исплаќале јубилејни награди и ДАЛИ ДЕНЕС ВАЖАТ ИСТИ КРИТЕРИУМИ за СИТЕ вработени или САМО за вработени од СДСМ има награди и посмртнини?
Во однос на посмртнината, на кои лица им следува надоместок при смрт на родител и врз основа на кој закон или Колективен договор?

Од директорот на ЈП „Пелагонија“ и од Градоначалникот на Општина Кривогаштани очекуваме јасни и конкретни одговори, со наведување на прописите врз основа на кои се постапува.
Прашањата ги поставуваме со цел еднакво и транспарентно остварување на правата на сите вработени.

12/08/2026
8 Август 2001 година – КарпалакДенес се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Карпалак.На овој ден се сеќаваме...
08/08/2026

8 Август 2001 година – Карпалак

Денес се одбележуваат 25 години од трагичниот настан кај Карпалак.
На овој ден се сеќаваме на хероите кои го положија својот живот бранејќи ја татковината.
Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена.
Нека нивниот спомен вечно живее во нашите срца и во колективната меморија на Македонија.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА НА ХЕРОИТЕ!

Address

Krivogastani
7524

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОК ВМРО - ДПМНЕ Кривогаштани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share