Унија на жени О.К. ВМРО ДПМНЕ Крушево

Унија на жени О.К. ВМРО ДПМНЕ Крушево Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Унија на жени О.К. ВМРО ДПМНЕ Крушево, Political organisation, Krusevo.

30/08/2026
👇👇👇
26/08/2026

👇👇👇

📢 ЈАВЕН ПОВИК
за кандидирање за претседателки на Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Согласно Одлуката на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а врз основа на членовите 64 и 70 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ и член 78 од Деловникот за организациона поставеност и работа на органите на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен Повик за кандидирање на Претседателки на Општинските Комитети на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ во следните општини:

📍 Македонски Брод, Аеродром, Кисела Вода, Сопиште, Студеничани, Центар, Карпош, Сарај, Чаир, Бутел, Чучер Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Куманово, Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Кочани, Зрновци, Зелениково, Петровец, Илинден, Чешиново- Облешево, Штип, Карбинци, Свети Николе, Лозово, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Велес, Градско, Чашка, Радовиш, Конче, Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Росоман, Прилеп, Кривогаштани, Могила, Новаци, Битола, Долнени, Ресен, Крушево, Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Демир Хисар, Центар Жупа, Маврово и Ростуше, Дебар, Гостивар, Тетово, Теарце, Брвеница, Јегуновце, Боговиње.

Кандидатите за претседателки на Општинските комитети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ треба да бидат членки на ВМРО-ДПМНЕ.

За поднесување на кандидатурата, потребно е да се достават биографија (CV) и мотивациско писмо, во кое кандидатките ќе ја образложат својата визија и приоритети за работа и развој на Општинскиот комитет.

📩 Документите се доставуваат по електронски пат на [email protected] или лично во седиштето на партијата, Палата „Др. Христо Татарчев“ (Плоштад ВМРО бр.1), најдоцна до 9 (среда) септември 2026 година.

По доставувањето на кандидатурата, кандидатките кои ги исполнуваат предвидените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите кандидатки имаат еднакви можности и шанси за избор. Процесот на избор ќе се темели на нивните лични и професионални квалитети, мотивација, посветеност и јасно дефинирана визија за развој и унапредување на работата на Унијата на жени на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ го задржува правото да ја провери точноста и веродостојноста на податоците наведени во биографијата на секоја кандидатка.

Сите доставени кандидатури ќе се третираат со строга доверливост, со цел обезбедување соодветна заштита на личните податоци на кандидатките.

УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ
https://shorturl.at/WiDIO

23/08/2026

Почитувани граѓани, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ

Од утре започнуваме хуманитарна акција за собирање училишен прибор, наменет за децата од социјално ранливите категории од Општина Крушево.

Сакаме и оваа година да покажеме дека заедно можеме да направиме нешто значајно за нашите најмлади сограѓани и да им помогнеме новата учебна година да ја започнат со потребниот училишен прибор и со насмевка.

Секој кој сака да се приклучи и да донира училишен прибор, тоа може да го направи во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево.

Акцијата ќе започне од утре, 24 август (понеделник) и ќе трае до 28 август (петок).

УЖ положи цвеќе и оддаде почит пред бистата на Даме Груев во славно Смилево🇲🇰Да ни е честит и вековит празникотЗа многу ...
01/08/2026

УЖ положи цвеќе и оддаде почит пред бистата на Даме Груев во славно Смилево🇲🇰
Да ни е честит и вековит празникот
За многу години Илинден 🇲🇰

20/07/2026
Честитки 👏 Успех во се поголема вклученост на жените во општеството пред се, подавање рака една на друга по што и веќе с...
30/06/2026

Честитки 👏
Успех во се поголема вклученост на жените во општеството пред се, подавање рака една на друга по што и веќе сте препознатлива 🫶
Несомнено правилен избор, зад Вас стои огромна маса на жени и поддршка ❤️🖤

Честа не е во функцијата. Честа е во довербата.

Со голема благодарност и одговорност, ја прифатив довербата што ми ја укажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Hristijan Mickoski и Извршниот комитет, да ја предводам Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, организација која претставува двигател на посветеноста, пожртвуваноста и политичката сила.

Благодарам за можноста, но уште повеќе за одговорноста! Верувам дека лидерството не започнува со титулата. Започнува во моментот кога ќе одлучите дека повеќе не е доволно само да бидете дел од процесите, туку да преземете одговорност да ги водите, да ги подобрувате и да создавате нови можности за другите.
Женскиот глас мора да биде уште погласен на местата каде што се креираат политиките, се носат одлуките и се гради иднината. Не затоа што бараме привилегија, туку затоа што заслужуваме еднаква можност да придонесуваме со своето знаење, интегритет и лидерство.

Сакам Унијата на жени да биде повеќе од организација што мобилизира. Сакам да биде простор каде што ќе се препознаваат нови лидери, ќе се охрабруваат идеи, ќе се градат знаење и самодоверба и ќе се отвораат можности. За мене, Унијата на жени никогаш нема да биде организација што ќе зборува само за женски теми. Ја гледам како место каде што се создаваат политики за образованието, економијата, здравството, семејството, демографијата, локалниот развој, претприемништвото и иднината на Македонија. Организација што ќе биде препознатлива по својата содржина, по својата работа и по резултатите што ги остава зад себе.
Ќе бидам претседателка која ќе слуша, ќе обединува и ќе работи. Водена сум од убедувањето дека најголемите промени не започнуваат кога некој ќе ни даде можност, туку кога ќе ја прифатиме одговорноста што таа можност ја носи.

Особено сакам да им се обратам на сите мои сопартијки. Не нè поврзува само политичката определба. Нè поврзуваат истите борби, истите дилеми, истата желба да придонесеме и истата одговорност што ја чувствуваме кон државата и кон луѓето. Најсилни сме тогаш кога се поддржуваме меѓусебно, кога си отвораме простор една на друга и кога успехот на една жена го доживуваме како успех на сите нас.
Ќе работам со почит кон сè што е создадено досега, но и со јасна амбиција Унијата на жени да добие уште посилна политичка, програмска и општествена улога. Ќе слушам пред да зборувам, ќе работам повеќе отколку што ќе ветувам и секој успех ќе го сметам за наш заеднички, а секој предизвик за наша заедничка одговорност. Верувам дека доаѓа времето конечно да ја надминеме перцепцијата дека жените во политиката зборуваат исклучиво за женски прашања. Жените се дел од решенијата за сите теми што го засегаат општеството.

На крајот, сакам да си ветам нешто себеси, а и на секоја жена која ќе биде дел од ова наше заедничко патување. Успехот нема да го мериме по бројот на одржани настани, ниту по бројот на говори и фотографии.
Ќе го мериме по бројот на жени кои ќе ги охрабриме да го направат првиот чекор. По довербата што ќе ја изградиме меѓу себе. По подадената рака тогаш кога ќе биде најпотребна. По новите лидери што ќе ги создадеме. По политиките во кои ќе биде препознаен нашиот придонес. И по резултатите што заеднички ќе ги оставиме зад нас.

Затоа што најсилните организации не се градат околу една личност. Се градат околу луѓе кои меѓусебно си веруваат, се поддржуваат и оставаат простор секој следен да биде подобар од претходниот.

Токму таква Унија сакам да изградиме. Заедно!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ! 🔴⚫️
Да живее Македонија! 🇲🇰

36 години ВМРО ДПМНЕ133 години ВМРОДа ни е вечна организацијата и Македонија🖤❤️🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
18/06/2026

36 години ВМРО ДПМНЕ
133 години ВМРО
Да ни е вечна организацијата и Македонија
🖤❤️
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

13/06/2026

36 години ВМРО-ДПМНЕ!

🗓 17 јуни 2026

⏰️19:00 часот

📌Стадион Благој Истатов, Струмица

#ВМРОеМАКЕДОНИЈА

27/04/2026

Со длабока тага и неизмерна болка ја примивме веста за прераната смрт на нашиот другар, пријател и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крушево, Никола Зисов.
Никола беше човек кој искрено и безрезервно и служеше на идејата, на партијата и пред сè на татковината. Со чисто срце ја сакаше Македонија и секогаш беше таму каде што беше најпотребно меѓу народот, со луѓето, за луѓето. Неговата посветеност, чесност и човечност ќе останат трајно врежани во нашите спомени.
Беше повеќе од соработник, беше вистински пријател, другар и човек на кој секогаш можеше да се потпреш. Неговата насмевка, енергија и искреност ќе ни недостасуваат на сите.
На само 32 години, животот прерано го одзеде од нас, оставајќи огромна празнина која тешко ќе се пополни.
Никола, ќе ни недостигаш неизмерно. Твојот лик и дело ќе живеат вечно во нашите срца.
Сочувство до семејството, роднините и сите кои го познаваа.
Почивај во мир 🙏

OK ВМРО-ДПМНЕ
КРУШЕВО

26/04/2026

Време за цвеќе и муабет со мојата колешка и пријателка Дијана Илиевска 🌸
Моменти што не се брзаат – исполнети со убавина, топлина и искрен разговор.
Вистинско уживање… мал рај за очи и душа 💫

Address

Krusevo

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Унија на жени О.К. ВМРО ДПМНЕ Крушево posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Унија на жени О.К. ВМРО ДПМНЕ Крушево:

Shortcuts

Share