ООУ "Даме Груев"

ООУ "Даме Груев" Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ "Даме Груев", Public School, Kuklis.

📢 Ги споделуваме препораките на Институтот за јавно здравје за безбеден и здрав почеток на новата учебна година.Редовнот...
03/09/2026

📢 Ги споделуваме препораките на Институтот за јавно здравје за безбеден и здрав почеток на новата учебна година.

Редовното миење на рацете, проветрувањето на просториите, личната хигиена и одговорното однесување се мали, но важни чекори со кои се грижиме за себе и за другите. 💙

Заедно да создадеме здрава и безбедна училишна средина! 🏫📚

Драги првачиња,Секое големо патување започнува со еден мал, но храбар чекор. Денес со звукот на ѕвончето првпат го преми...
01/09/2026

Драги првачиња,

Секое големо патување започнува со еден мал, но храбар чекор. Денес со звукот на ѕвончето првпат го преминавте училишниот праг. Добре дојдовте во светот на знаењето! Нека училиштето ви биде место за игра, откривање на нови светови и создавање пријателства што траат цел живот. 🏫📚🍀
Среќен почеток на вашата училишна авантура. 🔔🎒

01/09/2026

Драги првачиња,

Добредојдовте во светот на буквите, бројките, книгите и новите пријателства! Денес започнува вашата најубава училишна авантура. Бидете љубопитни, храбри и насмеани, прашувајте, истражувајте и секој ден учете нешто ново.

Нека вашите училишни чанти бидат полни со знаење, а срцата со радост и убави спомени.

Среќен прв училиштен ден! 🎒📚✏️

🎒✨ Новата учебна година е нова страница што заедно ќе ја испишуваме со знаење, љубопитност, пријателства и многу успеси....
31/08/2026

🎒✨ Новата учебна година е нова страница што заедно ќе ја испишуваме со знаење, љубопитност, пријателства и многу успеси.

Со радост ги очекуваме нашите ученици на 1. септември 2026 година:

🕗 V–IX одделение – 08:00 часот
🕙 I одделение – 10:00 часот
🕦 II–IV одделение – 11:30 часот

На сите им посакуваме храбро да сонуваат, радосно да учат и секој ден да откриваат нешто ново. 💛📚

Добро ни дојдовте! Нека е среќен и успешен новиот почеток! 🍀

29/08/2026

📖Некои спомени се создаваат во животот, а други го создаваат животот. Времето може да ги оддалечи луѓето и местата, но не и спомените, кои се длабоко врежани и живеат во секој од нас.
🏫Навраќајќи се на месеците кои останаа зад нас, сфаќаме дека училиштето не се само оценките, тестовите и лекциите. Училиштето се луѓето, пријателствата, разговорите, насмевките и предизвиците кои нѐ учат да бидеме поупорни и посилни. Годините минуваат – генерациите се менуваат, завршува едно поглавје – започнува друго.
🎓📚Нека старата учебна година остане зад нас како убав спомен, а новата нека биде можност да растеме, учиме и да станеме подобри. Секој нов почеток ни носи уште една шанса да испишеме нова страница од нашата заедничка приказна.

ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🎓🏆2017/2026 ✨️СНЕЖАНА МАЛИНОВА ✨️Со голема гордост и искрени честитки го одбележуваме успехот на...
11/06/2026

ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 🎓🏆
2017/2026
✨️СНЕЖАНА МАЛИНОВА ✨️

Со голема гордост и искрени честитки го одбележуваме успехот на нашиот првенец на генерацијата. Ова признание е резултат на долгогодишен труд, посветеност, истрајност и љубов кон знаењето.

📌 II награда на општински натпревар по математика
📌 III награда на математички натпревар КЕНГУР
📌 Учество на регионален натпревар по математика
📌 Благодарница за учество на општински натпревар по биологија
📌 Благодарница за учество на натпревар по физика
📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош
📌 Пофалница за учество на натпревар по англиски јазик

Низ годините поминати во нашето училиште, покажа дека успехот не е случајност, туку плод на работа, одговорност и верба во сопствените можности. Нека ова признание биде поттик за уште поголеми достигнувања и остварување на сите соништа.

Ти посакуваме среќа, успех и многу убави моменти на патот што е пред тебе. Биди горда на сè што си постигнала – ти си вистински пример за својата генерација. 🌟📚🎓

Честитки СНЕЖАНА МАЛИНОВА! 👏✨

НАЈИСПОЛНИТЕЛНА👇Снежана Малинова
10/06/2026

НАЈИСПОЛНИТЕЛНА👇

Снежана Малинова

НАЈДРУГАР👇Мелани Црнгарова📌 Учество на литературни конкурси📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош📌 Учество...
10/06/2026

НАЈДРУГАР👇

Мелани Црнгарова

📌 Учество на литературни конкурси
📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош
📌 Учество на натпревар по физика

Нашата Везилка 🪡❤️🖤

Најфризерка 👇Мартина Николова📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош
10/06/2026

Најфризерка 👇

Мартина Николова

📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош

Најшминкерка 👇Анастасија Мицева 📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош
10/06/2026

Најшминкерка 👇

Анастасија Мицева

📌 Благодарница за учество на натпревар по Прва помош

Address

Kuklis
2400

Opening Hours

Monday 07:30 - 18:00
Tuesday 07:30 - 18:00
Wednesday 07:30 - 18:00
Thursday 07:30 - 18:00
Friday 07:30 - 18:00

Telephone

+38934348470

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ "Даме Груев" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ООУ "Даме Груев":

Shortcuts

Share

Category