Ivana Gjorgjievska

Ivana Gjorgjievska Претседателка на Совет на Општина Куманово
(1)

Движење ЗНАМ: НЕМА МЕСТО ЗА ГЛОРИФИКАЦИЈА НА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА
30/08/2026

Движење ЗНАМ: НЕМА МЕСТО ЗА ГЛОРИФИКАЦИЈА НА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

Движење ЗНАМ: НЕМА МЕСТО ЗА ГЛОРИФИКАЦИЈА НА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО МАКЕДОНИЈА

Во политиката има моменти кога дневнополитичката калкулација мора да престане, а зборовите мора да ја имаат тежината на одговорноста. Односот кон воените злосторства, жртвите и правосилните пресуди на меѓународните судови е токму таков момент.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување.
За нас не постојат двојни стандарди кога станува збор за почитувањето на жртвите, меѓународното право и цивилизациските вредности. Ниту еден воен злостор не може да биде оправдан и ниту еден правосилно осуден воен злосторник не може да биде претставуван како пример за почит или восхит.

Објавата е личен став на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и не може да се поистоветува со ставот на Владата, ниту со политиката на носителите на власта и одговорноста за сопственото јавно постапување и лични ставови мора да се преземе лично и институционално.

Оттука, несериозно и политички нечесно е да се тврди дека ЗНАМ „молчи“, само затоа што не сме реагирале по диктатот и во рокот што некој од опозицијата ни го одредил.

ЗНАМ говори и делува врз основа на сопствени принципи.

Ако навистина сакаме сериозно да разговараме за европските вредности, демократијата, соочувањето со минатото и почитувањето на меѓународното право, тогаш да разговараме без етикетирања, без политички памфлети и без историски конструкции скроени за дневнополитичка употреба.

ЗНАМ ја осудува секоја глорификација на воени злосторства и воени злосторници.
Истовремено ЗНАМ, ја отфрла и политичката инструментализација на ова исклучително сериозно прашање со цел создавање колективна вина, етнички поделби и политички конструкции.

Венко Филипче и СДСМ од една сериозна тема создаваат цела политичка конструкција во која се обидува да ги спои партиите од власта и Движењето ЗНАМ, Србија, Александар Вучиќ, „српскиот свет“, Кина, Русија, МПЦ, кое за нас, претставува, класичен политички спин чија цел е една конкретна постапка да ја претвори во поширока конструкција за дискредитација на цела Влада и на нејзините коалициски партнери.

Истовремено, како Движење и сериозен политички субјект, нема да дозволиме самопрогласени политички толкувачи да ни објаснуваат што мислиме, во што веруваме и за што се залагаме.
Ставот на ЗНАМ е јасен, НАТО и ЕУ се иднината на Македонија!
ЗНАМ ќе продолжи да ја носи својата одговорност кон Македонија со сопствен став, јасни принципи и почит кон државноста, меѓународното право и кон сите нејзини граѓани.

🌿 Честит и благословен празник – Успение на Пресвета Богородица! 🌿Нека Пресвета Богородица со својата милост ги чува наш...
28/08/2026

🌿 Честит и благословен празник – Успение на Пресвета Богородица! 🌿

Нека Пресвета Богородица со својата милост ги чува нашите домови, семејства и најблиски, а во секое срце нека донесе мир, љубов, сила и надеж.

Со почит и искрени желби за здравје, благодат и благосостојба на сите.

Нека е за многу години Голема Богородица! 🙏

27/08/2026
Општина Куманово, во соработка со Институт Охрид, ги повикува младите на возраст од 15 до 29 години да се пријават за уч...
26/08/2026

Општина Куманово, во соработка со Институт Охрид, ги повикува младите на возраст од 15 до 29 години да се пријават за учество во проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации.
Од нашата општина ќе бидат избрани 30 млади лица кои ќе имаат можност да учат, да ги истражуваат локалните предизвици, да разменуваат идеи и заеднички да развиваат конкретни предлози и решенија за подобрување на својата заедница.
Програмата се реализира низ четири поврзани фази – Inspire & Learn, Diagnose, Co-Create и Pitch & Present – преку кои младите ќе стекнуваат нови знаења и вештини, ќе работат во тим и ќе ги претстават своите идеи и решенија пред локалната заедница.
За учество не е потребно претходно искуство во младински организации, иницијативи или проекти. Најважни се мотивацијата, интересот за сопствената заедница и желба за активен придонес.
Пријавување на линк: https://forms.gle/r5jx1rWCLSAKYsCk8
Краен рок: 28 август 2026 година.
Проектот ЛАПСИ го спроведува Институт Охрид во рамки на регионалната програма BOOST, координирана од ALDA – European Association for Local Democracy, со финансиска поддршка од Agence Française de Développement (AFD).

Повик за пријавување на млади за учество во проект „Локални активни платформи за социјални иновации„

Денеска остварив средба со проект менаџер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нестани Капанадзе, на која беа споделени информ...
26/08/2026

Денеска остварив средба со проект менаџер на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нестани Капанадзе, на која беа споделени информации во врска со претстојните проектни активности, во кои ќе учествуваат советничките на Советот на Општина Куманово.
Проектот е на тема ,,Градење на капацитети за ефективна комуникација и изработка на проектни политики" и ќе се реализира во престојниот период.

24/08/2026
24/08/2026

ТУМБА ФЕСТ 2026🎤🥁🎺

Address

11 Oktomvri
Kumanovo
1300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ivana Gjorgjievska posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Ivana Gjorgjievska:

Shortcuts

Share