11/08/2026
Благодарност до Ана Снежана Јашаровска, за збогатување на книжниот фонд на Библиотека со нејзината детска книга„Емил со големото срце".
„Емил со големото срце“ е педагошка детска книга, создадена како едукативна алатка што им помага на децата преку приказна да учат за пријателството, еднаквоста, почитувањето и прифаќањето на различностите.
Нејзината цел е да придонесе за намалување на предрасудите и да им овозможи на децата уште од најрана возраст да ја запознаат ромската култура, традиција и вредности.
Книгата може да биде корисна и за воспитувачите и наставниците како поттик за разговори за инклузија, емпатија и меѓусебно разбирање. Педагошките книги се наменети да го поддржат воспитно-образовниот процес преку учење и развој на позитивни вредности. (Македонска Енциклопедија)