Општина Куманово

Општина Куманово Официјален Facebook профил на Општина Куманово.

Третмани против возрасна форма на комарци и крлежи на територија на Општина КумановоСе известуваат граѓаните на Општина ...
14/08/2026

Третмани против возрасна форма на комарци и крлежи на територија на Општина Куманово

Се известуваат граѓаните на Општина Куманово за претстојните третмани против возрасна форма на комарци и дезинсекција против крлежи.
На 18.08.2026 година (вторник), по четврти пат, ќе се изврши терестичка дезинсекција, третман против возрасна форма на комарци. Третманот ќе започне на полноќ, од 00:00 часот и ќе се одвива до раните утрински часови, на следните локации:
- По течение на река Кумановка од Кумановска бања, преку с.Проевце, м.в. Бејтови ниви, по должината на кејот на река Кумановка, површини под бавчи од другата страна на реката, по должината на булеварот Октомвриска револуција, на површините околу градскиот парк и ул.Никола Тесла, покрај реката во реонот на ООУ “Толи Зордумис”, во Диво Насеље, по текот на реката во с.Романовце, градски гробишта, Зелен рид, по должина на булеварот Трета МУБ и ул.11 Октомври, со посебен акцент на ЈЗУ Општа болница – Куманово, низ централното градско подрачје, по текот на р.Серава, населбата Перо Чичо и други локации низ градот.
Во процесот на терестичка дезинсекција ќе се користи препаратот ЦИТРОЛ УЛВ. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.
На 20.08.2026 година во 05.00 часот (четврток) ќе се изврши дезинсекција (втор третман) против крлежи, на зелените градски површини на територија на Општина Куманово.
Третманот ќе се изврши на следниве локации: Соколански парк, мал плоштад пред НУЦК “Трајко Прокопиев”, на големиот плоштад пред “Нама”, Спомен костурница, локалитет Кошеви и градски парк.
На 21.08.2026 година (петок) наведениот третман против крлежи ќе се спроведе на градскиот кеј.
Дезинсекциите ќе бидат реализирани до 08.00 часот, при што ќе се користи препаратот CIMINA PLUS.
Во случај на неповолни временски услови, третманите ќе бидат одложени до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.

13/08/2026

Повик до граѓаните за учество во акција за чистење на градските гробишта пред празникот Голема Богородица

Прием на млади спортисти во Општина КумановоГрадоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на пр...
12/08/2026

Прием на млади спортисти во Општина Куманово

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на претставници од општинската администрација, денеска ги прими младите талентирани спортисти и нивните наставници/тренери, кои постигнаа најдобри резултати на државно ниво на спортските игри за млади – “Плазма”, посакувајќи им успех на претстојните натпреварувања.
Кумановските основци се натпреваруваа во повеќе спортски дисциплини, на турнирот кој за првпат се организира во нашата земја, како најголема аматерска спортска манифестација во Европа, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, со поддршка од Владата и Министерството за спорт на РСМ.
17 млади спортисти победија во мал фудбал, баскет 3х3 и атлетски дисциплини и се изборија за учество на интернационално ниво.
Победниците ќе учествуваат на младински спортски игри во Сплит, во конкуренција на пет држави од регионот, Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Почитувани медиуми,Почитувани сограѓани,Во целост и со најостра осуда ги отфрлам како злонамерни, неточни и манипулативн...
11/08/2026

Почитувани медиуми,
Почитувани сограѓани,

Во целост и со најостра осуда ги отфрлам како злонамерни, неточни и манипулативни тврдењата изнесени на прес-конференцијата на Општинската организација на СДСМ Куманово, во врска со постапката за долгорочно домашно задолжување на Општина Куманово. Очигледно е дека, во недостаток на сопствени идеи и проекти за доброто на граѓаните, локалниот огранок на СДСМ се сведува на дневно-политикантство и свесно ширење на дезинформации, обидувајќи се да го блокира развојот на Куманово и да ги саботира клучните проекти за подобар живот на сите нас.
Нивниот триумфализам, заснован на еден прелиминарен и правно неиздржан записник од инспекциски надзор, е само уште еден доказ за нивната очајна потреба да создадат лажна слика за наводна „незаконитост“, таму каде што постои само транспарентно и домаќинско работење во интерес на граѓаните.

Постапката за задолжување е целосно законска, а наодите на инспекторот се резултат на погрешно толкување на правото
Ја информирам јавноста дека констатациите на Државниот инспектор за локална самоуправа, содржани во Записникот ИП1 број 21-702 од 04.08.2026 година, се целосно неосновани и произлегуваат од еднострано и буквално толкување на законот, кое е во директна спротивност со други важечки законски прописи и со самата логика на постапката.

Поради тоа, Општина Куманово, во законски предвидениот рок, ќе поднесе детален и аргументиран Приговор против наведениот записник, согласно член 22 од Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа. Убедени сме во исправноста на нашата постапка и подготвени сме истата да ја докажеме пред сите надлежни институции, вклучително и пред Уставниот суд, доколку инспекторатот, воден од политички мотиви, истрае во својата намера.

Заради вистинито информирање на граѓаните, должен сум да појаснам дека постапката за долгорочно задолжување е сложен, повеќефазен процес, кој СДСМ и нивните партиски експоненти во инспекторатот или не го разбираат, или свесно го игнорираат:

1. Првичната Одлука на Советот е само почетен чекор, а не конечно одобрување. Одлуката за долгорочно домашно задолжување бр. 09-9837/31, која е предмет на напад, не претставува конечно одобрување на заемот. Таа е задолжителен и неопходен предуслов за воопшто да се започне постапката. Имено, член 16, став (4) од Законот за јавен долг експлицитно налага дека за да се добие согласност од Министерството за финансии, општината мора да поднесе токму „Одлука за задолжување“. Без оваа одлука, целата постапка е блокирана уште на самиот почеток.

2. Јавната расправа мора да се одржи кога се познати условите за задолжување. Според член 20, став (2) од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, предмет на јавната расправа се „опис на проектот и условите за негово финансирање“. Како може да се расправа за услови (каматни стапки, рокови, провизии) кога тие сè уште не се ни познати? Условите се дознаваат дури откако ќе се добие согласност од Министерството и ќе се приберат понуди од комерцијалните банки. Да се одржи јавна расправа пред тоа би било чист формализам и изигрување на законот и волјата на граѓаните – нешто што е својствено за СДСМ, но не и за нас.

Нашата намера е јавната расправа да биде суштинска, транспарентна и одржана пред конечното одобрување на конкретниот договор за заем, кога граѓаните ќе можат да одлучуваат врз основа на конкретни и реални податоци.
Толкувањето на инспекторот, кое СДСМ слепо го поддржува, создава правен апсурд и процедурален ќорсокак кој го прави задолжувањето за капитални проекти практично невозможно. Ова само ја потврдува нашата теза дека не се работи за грижа за законитоста, туку за смислена политичка опструкција.
Целта на СДСМ е блокада на Куманово, а не владеење на правото

Вистинската цел на оваа координирана хајка на СДСМ и ним блиските структури во државните институции е да се спречи реализацијата на проектот „Еко ефикасни јавни претпријатија“. Овој проект предвидува набавка на нови, современи возила за собирање отпад за ЈП „Чистота и зеленило“ и инсталирање на фотоволтаици за ЈП „Водовод“, со што директно се подобруваат јавните услуги и се штедат парите на граѓаните.

Наместо да се борат за почист град и поевтина вода, советниците на СДСМ и нивната централа се борат против тоа. Наместо да го поздрават домаќинското работење, тие поднесуваат претставки и слават прелиминарни записници, надевајќи се дека ќе го запрат развојот на Куманово. Ова е врв на политичкото лицемерие и доказ дека за нив партиските интереси секогаш се над интересите на граѓаните.

Во нивното соопштение, тие зборуваат за „криминални намери“ и бараат „морална, политичка и законска одговорност“. Ваквите квалификации се не само неосновани, туку и клеветнички. Судската пракса, јасно покажува дека иако политичката дебата трпи повисок степен на критика, изнесувањето на невистинити тврдења за наводни криминали претставува основа за граѓанска одговорност. Ние нема да се спуштиме на нивното ниво и да се занимаваме со тужби, бидејќи нашето време и енергија се посветени на работа за граѓаните, а не на судски лавиринти. Сепак, јавноста треба да знае дека нивните методи се засноваат на лаги и конструкции.

Ќе ја докажеме законитоста и ќе го реализираме проектот

Ги уверувам граѓаните на Куманово дека нема да дозволиме ваквите дневно-политички игри да нè спречат во остварувањето на зацртаните цели. Општина Куманово ќе ги искористи сите правни механизми да ја докаже исправноста на своите постапки. Убедени сме дека секоја непристрасна институција ќе го потврди она што ние го тврдиме – дека постапката е законска и во најдобар интерес на граѓаните. Управните акти донесени врз основа на погрешно толкување на законот редовно се поништуваат од страна на судовите. Токму тоа го очекуваме и во овој случај.

Ги повикувам советниците од СДСМ, доколку имаат барем малку доблест и одговорност кон граѓаните кои ги избрале, да престанат со опструкциите и да почнат да работат за доброто на Куманово. Нивната улога е да бидат коректив на власта, а не нејзин кочничар. Блокирањето на проекти не е политика, туку деструкција на штета на сите нас.

Продолжуваме да работиме посветено, транспарентно и во согласност со законите, за модерно и европско Куманово.

Со почит,

Градоначалник на Општина Куманово
Максим Димитриевски

Затворање на ликовната колонија “Куманово 2026”   Традиционалната интернационална ликовна колонија Куманово 2026, беше з...
11/08/2026

Затворање на ликовната колонија “Куманово 2026”

Традиционалната интернационална ликовна колонија Куманово 2026, беше затворена вчера, во Комплексот етно село „Тимчевски“, со изложбена поставка на уметнички дела, кои настанаа во текот на ликовниот камп.
На овогодинешното 52 издание учествуваа 14 ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија, кои твореа на слободна тема со акрилни бои на платно. На сите учесници им беа доделени благодарници за нивната креативност, посветеност и учество на ликовниот камп, кој секоја година продуцира врвни уметнички остварувања.
Манифестацијата со пригодни зборови ја затвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, нагласувајќи ја историската улога на овој културно – уметнички настан, кој ги обединува уметниците од регионот повеќе од 50 години.
Ликовната колонија е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово во соработка со уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.
На вчерашниот настан присуствуваа членови на Советот на Општината и претставници на општинската администрација.

Претставници на Општина Куманово во посета на БјелинаДелегација на Општина Куманово присуствуваше на градската манифеста...
10/08/2026

Претставници на Општина Куманово во посета на Бјелина

Делегација на Општина Куманово присуствуваше на градската манифестација “Пантелиски дани” (8-10 август), најзначајниот празник на Бјелина, во присуство на бројни делегации на братски и партнерски градови, претставници на дипломатскиот кор и други поканети гости.
Во рамки на прославата беше организиран пригоден прием за делегациите, свечена академија, полагање на свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на плоштадот, литургија во црквата Свети Пантелејмон и литија низ градските улици на Бјелина.
Посетата на збратимената општина во Република Српска, беше искористена за воспоставување на нови пријателски врски и размена на позитивни искуства, со што беше потврдена повеќегодишната соработка, значајна за граѓаните од двете страни.

Интернационална ликовна колонија “Куманово 2026”Во Комплексот етно село „Тимчевски“ започна 52-та Интернационална ликовн...
06/08/2026

Интернационална ликовна колонија “Куманово 2026”

Во Комплексот етно село „Тимчевски“ започна 52-та Интернационална ликовна колонија “Куманово 2026” (06-11 август 2026 год.). Традиционалната колонија е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, во соработка со уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.
Оваа година учествуваат 13 академски ликовни уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска и Романија, кои ќе творат во повеќе ликовни техники, претставувајќи ја својата инспирација и креативност, во форма на уметничка експресија. Нивните дела ќе бидат изложени на затворањето на изложбата, на 10 август 2026 година. Ликовната колонија е формирана во 1974 година и е една од најстарите во нашата држава, која опстојува повеќе од пет децении.

Отсек за превенција  СВР - Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво, спроведе п...
06/08/2026

Отсек за превенција СВР - Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво, спроведе превентивна кампања под мотото „Безбедно на мотор и тротинет – Носи кацига“.

Кампањата беше насочена кон возачите на велосипеди со помошен мотор, мотоцикли и електрични тротинети, со цел да се подигне свеста за важноста од користење на заштитна кацига, како клучен фактор за лична безбедност во сообраќајот.

Во рамки на активноста, на учесниците во сообраќајот им беше укажано дека носењето заштитна кацига не е само законска обврска, туку и најефикасна заштита од тешки повреди при сообраќајни незгоди. Истовремено беше упатен апел до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и законската одредба дека со лесно електрично возило може да управува лице, кое има наполнети 18 години.

Со ваквите превентивни активности, институциите продолжуваат да ја подигаат јавната свест за одговорното учество во сообраќајот, со цел поголема безбедност и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Јавен оглас (ТОR) за ангажирање на надворешен персонал за проектот "Просперитетни патишта на соработка"Општина Куманово ...
06/08/2026

Јавен оглас (ТОR) за ангажирање на надворешен персонал за проектот "Просперитетни патишта на соработка"

Општина Куманово како водечки партнер во проектот "Просперитетни патишта на соработка" финансиран во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Србија,објавува повик за ангажирање на проектен тим составен од проектен менаџер и финансиски менаџер со цел успешно спроведување на проектните активности.

Детали за огласот може да ги најдете во коментар на оваа објава.

Реконструкција на капела на градските гробишта во Куманово                Започна реконструкцијата на капелата на градск...
05/08/2026

Реконструкција на капела на градските гробишта во Куманово


Започна реконструкцијата на капелата на градските православни гробишта во Куманово. Продолжува реализација на капиталните проекти, кои се од особено значење за граѓаните. Со реконструкција на капелата ќе се обезбеди современ, функционален и достоинствен простор, со значително подобрени услови за користење и поквалитетна услуга за граѓаните. Вредност на проектот: 36.162.712,00 денари, изведувач: „ВИА“ ДОО увоз-извоз Вевчани, надзор: ЕВРО КОНСАЛТИНГ ДОО увоз-извоз Скопје.
Општина Куманово продолжува со реализација на големи проектни инвестиции и активно работи на обезбедување на финансиски средства од централната власт и други извори, со цел да создаде подобра инфраструктура и повисок животен стандард за сите граѓани

Address

11 Октомври бб
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:00
Tuesday 08:30 - 16:00
Wednesday 08:30 - 16:00
Thursday 08:30 - 16:00
Friday 08:30 - 16:00

Telephone

+38931475800

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Куманово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Куманово:

Shortcuts

Share