ОО СДСМ Неготино

🇲🇰 35 години независна МакедонијаДенес, претставници на СДСМ Неготино присуствуваа на настанот по повод одбележувањето н...
03/09/2026

🇲🇰 35 години независна Македонија

Денес, претставници на СДСМ Неготино присуствуваа на настанот по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија, организиран од СДСМ.

Независноста е темел на нашата држава – резултат на волјата и одлучноста на граѓаните да градат сопствена, слободна и демократска иднина. Денес, повеќе од кога било, чуваме сеќавање на тој историски момент и продолжуваме да работиме за посилна, европска и поуспешна Македонија.

Чест ни е што бевме дел од овој значаен настан! 🇲🇰💙

01/09/2026

Среќен и успешен почеток на новата учебна година!

На сите ученици, а посебно на нашите првачиња, им посакуваме многу радост, успеси, нови знаења и нераскинливи другарства во училишните клупи!

Голема благодарност и поддршка до наставниците и родителите кои секојдневно вложуваат во иднината на нашите деца.

Нека оваа учебна година донесе многу успеси во сите училишта во нашата општина!

🔴Само 29% транспарентност во Неготино.🔴Општина Неготино е меѓу најнетранспарентните општини во земјава — само 29%, споре...
22/08/2026

🔴Само 29% транспарентност во Неготино.🔴

Општина Неготино е меѓу најнетранспарентните општини во земјава — само 29%, според официјален извештај на ЦЕА. Додека Берово, Велес и Кавадарци им покажуваат сметки на своите граѓани, локалната власт во Неготино очигледно има нешто да крие.

Прашуваме отворено: Зошто општина Неготино бега од отчетност? Кои информации не смеат да излезат на виделина?
Граѓаните плаќаат данок.
Граѓаните имаат право да знаат. А власта во Неготино одлучи дека тоа право не важи за нас.

Ова не е случајност. Ова е избор на локалната власт да не одговара пред граѓаните.

СДСМ Неготино нема да молчи додека власта се крие зад затворени врати!
#Неготино #СДСМ

СПАСУВАЧКИ ПЛАН ЗА ЛОЗАРИТЕ: СДСМ СО КОНКРЕТНИ БАРАЊА ДО ВЛАДАТАСДСМ предлага 28 денари за килограм Вранец и 25 денари з...
20/08/2026

СПАСУВАЧКИ ПЛАН ЗА ЛОЗАРИТЕ: СДСМ СО КОНКРЕТНИ БАРАЊА ДО ВЛАДАТА

СДСМ предлага 28 денари за килограм Вранец и 25 денари за килограм Смедеревка, но тоа мора да биде проследено со загарантиран откуп на грозјето и укинување на 8% намалување на цената при исплата во готово, воведено од владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година.

Особено оваа година, кога винариите покажуваат слаб интерес за Вранецот, лозарите со црното грозје можат да се соочат со огромен проблем, да го произведат грозјето, а потоа да нема кој да го откупи.

Затоа СДСМ предлага конкретни решенија:

🍇 28 денари за Вранец
🍇 25 денари за Смедеревка
✅ Загарантиран откуп на произведеното грозје
❌ „СДСМ предлага укинување на 8% намалување на откупната цена при исплата во рок од 7 дена, одредба воведена со измените на Законот за вино во 2015 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема логика лозарот да добива помалку само затоа што сака да му биде исплатен неговиот труд во готово.

Лозарите не бараат милост. Бараат фер цена, сигурен откуп и целосна исплата за својот труд.

Ова не е само прашање на лозарите. Ова е прашање на опстанок на цела една стопанска гранка и на илјадници семејства.

СДСМ предлага решение. Сега Владата треба да покаже дали ќе застане зад лозарите или повторно ќе ги остави сами да се снаоѓаат.

#ЗаЛозарите #ПоддршкаЗаЛозарите #ФерЦенаЗаГрозјето #СпасувачкиПлан #СДСМПредлага #Соопштение #Земјоделство #Лозарство #Грозје #Вранец #Смедеревка #Тиквешија #Кавадарци #Неготино

🚨 Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе 🚨Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.🏥 ...
19/08/2026

🚨 Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе 🚨

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.

🏥 Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

❓ Што славеа? Труењето?

22 дена вода со фекалии?

📄 Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата?

🚨 Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓе 🚨

Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.

🏥 Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.

❓ Што славеа? Труењето?

22 дена вода со фекалии?

📄 Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата?

❌ Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам.

🗣️ Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен.

🏖️ А сите заминаа на одмор - во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека.

⚠️ Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните.

🥂 Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. 📸 Се сликаат таму каде што кријат анализи.

✈️ Ветија дека нема да заборават - па заборавија штом се отвори патниот аранжман.

🗳️ Гостивар нема да биде заборавен пред избори - тоа го вели Мицкоски.

❗ Гостивар не заборава.

❗ Граѓаните не забораваат.

Неписмени! Знамето го згрешија, не па држава да водат.
10/08/2026

Неписмени!

Знамето го згрешија, не па држава да водат.

🚨 Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски ❌

🏛️ На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. ❌

😡 Срамно и понижувачки.

💰 Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

🎭💸 Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

🇲🇰❌ Го погрешија македонското знаме.

💰 Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

💸 За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

🇲🇰 За македонско знаме – аматери.

❌ Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

🏛️ Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

❓ Која компанија била ангажирана?

❓ Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

💰 Колку пари се потрошени?

⚠️ Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

💰 Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.🏭 Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компаниј...
05/08/2026

💰 Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

🏭 Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а

⚠️ Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

💼 Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитираат.

🚨 Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

🚨 💰 Голема грижа за граѓаните на Гостивар - бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО-ОКГ со вода

🚰 Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра.

📄 Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас.

💰 Бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

🏭 Според достапните информации, договорот е склучен со „Кожувчанка“, компанија која е сопственост на градоначалникот на Општина Кавадарци, а постапката ја спровел директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

❗ Голема грижа на тендер патриотите Мицкоски и ВМРО-ОКГ – бизнис зделка од 100.000 евра без тендер.

🏗️ Така замислуваат и со криминалниот Закон за Скопје 2028 – без тендери, само свои компании.

☣️ Поради тендер патриотите отруена е цела Македонија, а одговорни нема. Ниту еден.

🏥 Граѓаните се трујат и одат по болници, институциите молчат и доцнат со реакција.

⚠️ Ништо не функционира освен бизнис зделките на тендер патриотите.

💼 Дури и во овие моменти кога народот се труе, они тераат бизнис и профитираат.

🚨 Профитираат на грбот на народот и на здравјето на луѓето.

03/08/2026

Хирургијата бара прецизност, одговорност и чисти раце.

Политиката што ја водат ВМРО и Мицкоски - обратно.

Додека ние спасуваме животи,
тие ја трујат државата со лаги, поделби и криминал.

Време е конечно да се оперира системот.
Без анестезија.

02/08/2026

🇲🇰 Дали е празник во Општина Неготино?

Со години наназад, за секој државен празник, Неготино беше украсено со македонски знамиња и знамиња на Општина Неготино долж булеварот и улица „Маршал Тито“.

Денес – не.

Зошто?

Дали вредната градоначалничка и нејзиниот тим заборавија дека е празник, или едноставно немаа време од исполнување на „нормата“ за во Крушево?

Можеби изгледа како ситница, но токму од ваквите „ситници“ се гледа колку една власт го почитува градот со кој раководи и празниците што ги одбележуваме.

Кога профитот е пред градот, и македонското знаме изгледа како да е ставено на листа на непотребни трошоци.

Нека ни е честит и вековит Илинден! 🇲🇰

За многу години Илинден!Да живее Македонија! 🇲🇰
02/08/2026

За многу години Илинден!

Да живее Македонија! 🇲🇰

Address

Negotino
1440

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО СДСМ Неготино posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ОО СДСМ Неготино:

Shortcuts

Share