Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид Официјална ФБ страна на НУ Завод за заштита на спомени?

За повеќе информации, ве молиме посетете ја нашата веб-страна на www.muzejohrid.mk

For more information please visit our web page at www.muzejohrid.mk

15/08/2026
15/08/2026
30/07/2026

Дали сте подготвени за четвртата езерска приказна?
Што ќе се случува? Приказни за деца ќе читаат Долорес Атанасова Лори - за еден облак сив, за Мадам Месечина и за мачорот Миро и Билjана С. Црвенковска - за зајачето Мишка, а креативна работилница по цртање ќе одржи уметникот Тони Попов.
Значи, ќе читаме, ќе цртаме, ќе се забавуваме и ќе имаме по едно мало изненадување за секое дете :).
А кога? На 5 август, во 18:30 часот, во музејско-културниот центар „Лапидариум“ (двориште на Куќата на Робевци, Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид).
Ве очекуваме!

26/07/2026

Сонот на Месечко или разиграниот ден на Сончко. Што е поинтересно?
26 јули (недела) во Лапидариум во 19 00 часот
Ве чекаме денес со наострени боички.

Вредна донација од наследниците на семејството Робевци за Музејот во ОхридНУ Завод и Музеј – Охрид доби уште една вредна...
24/07/2026

Вредна донација од наследниците на семејството Робевци за Музејот во Охрид
НУ Завод и Музеј – Охрид доби уште една вредна донација од семејството Робеви. Госпоѓата Оливера Робева Крстева во последните две години подари на охридскиот музеј лични предмети од нејзиното семејство. Станува збор за стари фотографии, покуќнински предмети, пијанино, виолина, нотни, книги, медицински инструменти, печати, фотоапарат, орден, метроном, прибор за пушење, женски аксесоари, часовник со ќостек и други предмети. Со оваа донација музејската колекција се збогати за уште 50 предмети, а со тоа Фондот од семејството Робеви достигна бројка од над 200 предмети.

Предметите се примени во етнолошкото одделение кај ресорниот виш кустос Оливера Мишева каде се чува најголемиот дел од фондот., а голем дел од нив се изложени во музејскиот објект Куќата на Робевци.

НУ Завод и Музеј – Охрид изразува голема благодарност за честа и довербата од страна на госпоѓа Оливера Робева Крстева за трајното отстапување на предметите на охридскиот музеј. Донираните предмети претставуваат предизвик за нови истражувања, заштита и презентација на еден дел од културното наследство за идните генерации, како сведоци на едно време, начин на живот и доказ за големиот придонес на значајни личности за историјата и културата на градот Охрид.

23/07/2026

Езерска приказна бр. 3 - 24 јули во 19 часот во музејско-културниот центар „ЛАПИДАРИУМ“, двориште на Куќата на Робевци, Охрид.
Приказни за деца ќе читаат Биљана Стојановска - за ластовичката Верка во потрага по храброста, Ана Голејшка Џикова - за малите наџуџиња и Билjана С. Црвенковска - за една скокотлива куќа. Ќе читаме, ќе цртаме, ќе се забавуваме и ќе имаме по едно мало изненадување за секое дете :).

Утре во 20:00 часот во Куќата на Робевци прва самостојна изложба насловена “Дијаграми на отелотворување” на Иванчо Талев...
17/07/2026

Утре во 20:00 часот во Куќата на Робевци прва самостојна изложба насловена “Дијаграми на отелотворување” на Иванчо Талевски / Филаделфија-Битола

Address

Ulica Boro Shain 10
Ohrid
6000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:30
Tuesday 07:30 - 15:30
Wednesday 07:30 - 15:30
Thursday 07:30 - 15:30
Friday 07:30 - 15:30

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share